Број 3291  четврток, 27 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Мислења

Мислења

Фискална децентрализација и локални демократии

Идриз Ковачи

Македонија не може да се пофали со добри резултати на полето на фискалната децентрализација

Дали општините во Република Македонија, според досега виденото, знаат само да трошат пари или, барем донекаде, се на главната патека - остварување на развојот на демократијата? Различниот одговор е очекуван, а крајната цел на патеката е јасна и недвосмислена. Но, да тргнеме од тоа во што сите мораме да се согласиме. Главна цел - развојот на демократијата, општините можат да ја постигнат само ако претходно се исполнат следните два услова: висок степен на фискална децентрализација и голема финансиска независност на општината. Само фискалната децентрализација дава можност за доминантната улога на граѓанинот. Ако граѓанинот не ги остварува своите приоритети на локално ниво, како ќе може да ги оствари на национално ниво?

Република Македонија не може да се пофали со добри резултати на полето на фискалната децентрализација. Единствено, централната власт кажува по некој убав збор за досегашните процеси. Локалните власти (сакам, ама не можам да ги наречам локални демократии) постојано изнесуваат одредени забелешки, можеби како некое оправдување или, пак, како постојано барање подобри услови за работа. Граѓаните - даночните обврзници, за кои се спроведуваат овие процеси, се постојано незадоволни. Нивните оцени се најверодостојни и заслужуваат внимание.

Најнапред да се изјасниме како ја разбираме фискалната децентрализација. Тоа е процес на зајакнување на локалната самоуправа, на локалните власти (локалните демократии) им создава добра основа за долгорочно планирање на локалниот буџет и им овозможува самостојно управување, а пред се', самостојно утврдување на расходите. Па, како да стигнеме до повисок степен на фискална децентрализација?

Клучни излезни точки за поуспешна фискална дентрализација се:

1) Прераспределба на даночниот суверенитет меѓу централната и локалната власт;

2) Збогатување на даночната структура на локалните даноци;

3) Подобрување на внатрешната структура на сите видови локални даноци;

4) Современи даночни процесни правила во локалното оданочување.

Прво, зголемено учество на општините во поделбата на даночниот суверенитет со централната власт. Мора да се зголеми правото на општината да утврдува повеќе од еден главен елемент на локалните даноци, не само стапките туку и даночните поттикнувања, даночната основа и други. Клучот лежи во член 9 од Европската повелба за локална самоуправа, која е составен дел на нашиот правен систем, бидејќи нашето Собрание одамна ја прифати. Зошто само минимумот им се дава на општините - да ги конкретизираат даночните стапки? Зошто како некогаш во поранешна СФРЈ, на општините не им се даде право целосно да ги уредуваат локалните даноци, сите нивни главни елементи? Нема опасност да настане дисфункционалност, бидејќи на централната власт и' стојат на располагање голем број механизми за да го спречи тоа. Можеби, токму со такви механизми, нашите општини нема да личат како „пашалак до пашалак“. Преку поголеми даночни одговорности до целосна финансиска слобода, ама и ефикасни контролни инструменти. Втор силен аргумент е веќе потврдената успешност. Ако еднаш тоа сме го испробале и дало одлични резултати, тогаш градењето по вторпат на тој систем, ќе даде уште подобри резултати. Тоа ќе биде најдобрата награда за нашите граѓани, но и оддолжување на великанот на фискалната политика, нашиот професор, академик Ксенте Богоев, кој на велемајсторски начин тоа го креираше како едно од најдобрите решенија во светски размери. На оваа малечка земја и е потребна барем мала потврда за светски достигнувања!

Второ, крајно време е за нова структура на локалните даноци. Имаме даночна структура каква што нема никаде во светот. Се разбира, основата и натаму ќе ја сочинуваат неизбежните даноци на имот, ама е веќе време структурата да се збогати со други видови даноци. А кај локалните такси веќе е срамно што се' уште употребуваме такси за кампирање со шатори, за витрини пред деловни простории, за изложби на плоштади и тротоари и слични глупости. А немаме еколошки такси - за водата, за шумите, противпожарна такса, за миленичиња и слично.

Трето, внатрешната структура на одделните видови локални даноци е катастрофална. Непрецизностите кај предметот на оданочувањето, моментот на настанувањето на данокот и шупливости во останатите елементи на даноците, го прават оданочувањето неефикасно и скапо.

Четврто, подобрувањето на процесните правила во локалното оданочување е повеќе од потребно. Неодржливо е повеќе да имаме едни процесни правила за националните даноци, а сосема други правила да се применуваат за локалните даноци.

Сепак, најважно од се' е почитувањето на правата и интересите на даночните обврзници, за кои во последно време немилосрдно не се води сметка. Но, за ова во некоја друга пригода.

Сево ова јасно покажува дека е неопходна реформа на локалните даноци, што би претставувало само продолжување на големата даночна реформа од 1994 година и воведувањето ДДВ во 2000 година. Ете можност и третпат да потврдиме дека сме способни за уште една даночна реформа.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 447 пати.

Испрати коментар

Од: mitko e protiv decentralizacijata
Датум: 27.05.2010 05:29:13
Vo Makedonija vo nikoj slucaj ne smee da se vovede fiskalna decentralizacija (nitu merkite koi gi predlagas vo vrska so danocite) . So takvata decentralizacija mnogu polupismeni tipovi vo ovaa zemja ke se steknat so finansiska mok koja vednas ke pocnat da ja koristat za predizborni kampanji (gradba na spomenici na Aleksandar i Djemo, djamii crkvi i sl.) i za banditizam (ke si drpaat od kasite). So tvojata decentralizacija opstinski kasi za mnogu kratko vreme ke banrotiraat i togas JASNO site tie feudalni opstinski moknici ke se svrtat za pomos od CENTRALNATA KASA. Taa bez ogled kakvi pravila prethodno ke propise, na krajot ke mora da popusti (posebno vo slucaite na "etnicka" neramnopravnost) i samata so tek na vreme ke banrotira. Fiskalnata decentralizacija e stetna rabota stetna skoro kako rabotata na nepismeniot Stavre-kumot (ova e dolga prikazna).
Од: Лазо Стефанов
Датум: 27.05.2010 06:50:17
Нешто доброразумско, корисно и поразлично од другите - да прочитам.Треба почести вакви поинакви видувања од другите.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 27.05.2010 07:30:30
Македонија не може со ништо да се пофали.Од водачи на реформите за евроинтеграции дојдовме до дното.Сега сме најнеразвиена држава во Европа, но тоа народот одбива да го прифати? Циркуска работа, виртуелниот свет го усмерува граѓанинот кон живеењето во измислен свет и вистина и тука му нема спас - додека не се свести?

Најди! во Утрински
Мислења
Крсти ме мајко, карај ме