Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Граѓаните бараат поредовно подигнување на селектираниот отпад

Наместо комуналците, Ромите редовно ги собираат хартијата и ПЕТ- пластиката

Жителите од населбата Тафталиџе се жалат дека „Комунална хигиена“ редовно не го подигнува селектираниот отпад, два пати во месецот, како што беше најавено во почетокот на акцијата. Граѓаните велат дека веќе подолг период не ги забележуваат возилата на комуналците со кои се собираат хартијата и ПЕТ- пластиката секој втор четврток и петок. Но затоа, пак, Ромите кои вршат дива селекција на отпадот им се редовни гости во дворовите. Во „Комунална“ нагласуваат дека акцијата се одвива според утврдената динамика и без застој, двапати во месецот во утврдените термини.

„Не знам дали кесите со пластика и хартија да ги чувам дома или во двор, бидејќи неколку пати во текот на неделата доаѓаат Ромите и ми пребаруваат во ѓубрето. Од друга страна, пак, се случува да поминат две недели, а комуналците да не дојдат да го подигнат отпадот“, вели жителка на Тафталиџе 2. Таа нагласува дека истиот проблем го имаат и нејзините соседи на повеќе улици во околината, кои, за да се ослободат од отпадот, им го оставаат на Ромите, а некои, пак, едноставно го фрлаат со другиот комунален смет.

Жителите на населбата упатуваат апел до „Комунална хигиена“ поредовно да го собира селектраниот отпад, за да не се заборави новостекнатата навика на граѓаните за селекција на ѓубрето. Во претпријатието велат дека немаат некои посериозни проблеми и оти со мали пропусти акцијата се одвива со нормално темпо. Тие им советуваат на граѓаните отпадот да го оставаат во дворовите секој втор четврток и петок од 11 до 17 часот, кога поминуваат нивните екипи. Доколку се појават дополнителни проблеми, граѓаните можат да ги пријават на дежурниот телефон на јавното претпријатие 3216- 644. (С.Н.)




Статијата е прочитана 154 пати.

Испрати коментар

Од: гого
Датум: 22.09.2008 07:43:56
Комунална хигиена треба редовно да го собира сметот, а не на 15 дена како што сега работат.
Од: mende
Датум: 22.09.2008 09:54:06
Целата концепција околу собирање на комунален отпад мозе да се реси на поинаков нацин. Мој предлог е да се вработат луге кои сакаат да работат на собирање на комунален отпад (не само Роми), и отпадот да го предаваат на Комунална хигиена. Вака се прават проблеми и на оние кои отпадот им носи каква таква егзистенција, а Комунална хигиена добива бесплатна сировина која понатаму ја продава за рециклирање

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Градоначалникот Тодоровски упадна во Општината
Скопје се збратими со Сарагоса