Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Градоначалникот Тодоровски упадна во Општината

И Зиберовски и Тодоровски планираат да седат на градоначалничката фотелја

Деспина Трајковска

Општината Аеродром повторно е место каде најверојатно ќе се случува циркус. На работното место во градоначалничката фотелја планираат да седнат и актуелниот градоначалник Кирил Тодоровски и неговиот заменик Југослав Зиберовски. Тодоровски завчера најави дека денеска ќе дојде на работа, иако само пред три дена по петмесечен притвор во затворот во Шутка беше пуштен да се брани на слобода поради нарушеното здравје.

„Јас сум витален човек, ќе ми треба малку боледување, но не смеам да оставам да се случува криминал во Општината“, изјави завчера Тодоровски, кој од шест часот изутрината упаднал во општинската зграда со намера да ги смени бравите на влезната врата, на својата канцеларија и на дел од администрацијата.

Видно ослабен, но енергичен и решителен во своите намери, тој пристигнал со својот син и со едниот од адвокатите за да си го обезбеди теренот. Кусо време потоа, во кругот на Општината, по пријава на заменик-градоначалникот Југослав Зиберовски, пристигна полиција која само го набљудуваше упадот на актуелниот градоначалник. Тодоровски, кој ги прошета новинарите низ зградата за да докаже дека не ги скршил бравите, туку едноставно само ги сменил, рече дека го сторил тоа од безбедносни причини. Имено, тој потенцираше оти имал сознанија дека во текот на викендот од Општината мистериозно ќе исчезнела финансиската и другата документација, со која тој планирал да докаже дека во изминативе пет месеци, кога бил во притвор, заменикот Зиберовски направил криминал.

„Кога ме притворија, во буџетот оставив 1,5 милион евра кои, според мои сознанија, биле потрошени незаконски. Планирам да ангажирам ревизорска куќа која ќе утврди како и за што биле потрошени парите. Бравите ги сменив од тие причини, односно ги осигурав канцелариите, бидејќи имав сознанија дека ќе се изнесе документацијата, што евентуално би пречело во понатамошната истрага која планирам да ја поведам“, вака го објасни Тодоровски своето неочекувано враќање во Општината. Според него, тој со овој чин не сторил ништо незаконско, бидејќи единствено тој како градоначалник располагал со општинскиот имот.

За него, како што истакна, Зиберовски е незаконски избран негов заменик и планира уште денеска со решение од Советот да го разреши од функцијата. Тодоровски истовремено најави дека наскоро ќе ги поништи и сите одлуки за кои смета дека Советот ги донел незаконски.

Токму ваквиот енергичен настап на актуелниот градоначалник и неговите, како што истакна, нецивилизирани постапки, за заменикот Зиберовски се причина тој да се сомнева во неговата тешка здравствена состојба.

„Тој е во состојба да направи се' само за ��а биде во право, а цела држава да биде виновна. Такво нецивилизирано однесување на еден градоначалник интелектуалец не му доликува, згора на се' што тој во судот тврдеше дека е во тешка здравствена состојба. Пуштен е на лекување, а оди на работното место. За мене тоа е индикативно“, изјави видно потресен Зиберовски, кој, како што посочи, поради незгодниот карактер на Тодоровски не дошол веднаш во Општината. Имено, рече дека добил анонимен повик со дојава дека Тодоровски утрото во шест часот влегол во Општината, ги скршил и потоа ги сменил бравите. Веднаш по повикот, тој го пријавил случајот во полиција. Таа цело време беше присутна во кругот на општинската зграда и го набљудуваше развојот на настаните. Охрабрен од нивното присуство, Зиберовски на десетина минути влезе во општинскиот двор. Иако оддалечени неколку чекори, Тодоровски и Зиберовски, освен неколку лути погледи, не разменија ниту збор.

„Јас сум избран од Советот и само тој може да ме разреши од функцијата“, категорично изјави Зиберовски, најавувајќи дека в понеделник, без оглед на враќањето на Тодоровски, и тој планира да се појави на работа. Заменик-градоначалникот ги отфрли наводите на градоначалникот дека тој незаконски потрошил 1,5 милион евра, колку што имало на сметката по притворањето на Тодоровски. Наедно, Зиберовски на обвинувањата дека во Општината се правеле приватни забави, призна дека во петокот се честеле со администрацијата по повод неговиот 60. роденден, но потенцираше дека не бил потрошен ни денар од општинската каса.

Инаку, Тодоровски заедно со четворица свои соработници беше притворен под сомнение дека зеле поткуп од 100.000 евра во замена на градежна дозвола. Во петокот беше пуштен да се брани на слобода, откако судот му ја прифати кауцијата од над половина милион евра. Се очекува судскиот процес против Тодоровски да продолжи утре, а дотогаш уролог и невропсихијатар треба да дадат мислење дали актуелниот градоначалник на Аеродром е способен да го следи судскиот процес.


Статијата е прочитана 1144 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 22.09.2008 03:10:50
E ajde sega najdite mu go krajot... Todorovski kako aramija ke gi brkal aramiite... drugiov ne ja dava foteljata... pred toa Todorovski gjoa na boledubanje... ama po slikive go gledame ispraven kako PRCH... ova lugje moi ti se vika LUDA KUKJA... Prerodbata unistuva...
Од: babana
Датум: 22.09.2008 06:58:12
Pod itno da se vrati tamu kade shto mu e mestoto - vo zatvor! Pa neka plache pak pred kameri deka zdravjeto mu e narusheno i neka bara od Branko da go pomiluva. Od vakvi glupaci so siledjiski karakter skloni kon kriminal na mene lichno mi e preku k.r i se prashuvam shto ne se najde nekoj da gi otera u p.m?
Од: ma-ne
Датум: 22.09.2008 07:17:42
Браво за Киро, не сме знаеле дака имаме одличен градоначалник, знаел врати да обива, знае да глуми, ги прејде и судиите, па поарен нема. Министерот за правда може вода да му носи. Си има добра екипа за глумење, па во истата се приклучи и бившиот јавен обвинител. За обивање, лажњње и симулирање по законот тоа се казнува. Судиите си останаа со прстот во уста. Кирчо ги насамари и ги девалвира пред целата јавност. Ашколсум бре Кирчо, ќе те бираме повторно. Машала човекот добро изледа, и да му посакаме добро здравје.
Од: graganin
Датум: 22.09.2008 10:54:49
Definitivno , Kiril Todorovski e bolen za vlast , fotelja , pari , a ocigledno gi ima mnogu . A od kade mu se ? Veti deka ke si go gleda zdravjeto ama dobar e mashala , krsi vrati , treba da prodolzi kade zastanal. Kako Aerodrom nema druga opstina. Ceshmi , fontani , tece neracionalno voda, isuseni trevnici , drvja itn.
Од: verag
Датум: 22.09.2008 13:18:32
Е овој прч очигледно е болен а мислење за ова треба да му даде невропсихијатар.А инаку малку ќе оди на работа,па на боледување,па пак истото- секојпат ќе најде лекар да му даде боледување по негова желба.
Од: Aleksa
Датум: 22.09.2008 20:58:49
Za lecenje si e coekov nema zbor...samo pod jaki sedativi i specijalen nadzor od psihijatar...mu zinal gazot za fotelja abe sram da se nemalo...vlegol menjal bravi ...abe od tatko mu da ne mu e nasledsvo opstinata...Lopurda nevidena...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Граѓаните бараат поредовно подигнување на селектираниот отпад
Скопје се збратими со Сарагоса