Сите се чудат каква е оваа (бе)смислена криенка со Избирачкиот список. Власта е молчалива и избегнува да открие дали има некакви дефекти во регистарот на гласачи. Треба ли да се испратат инспектори на терен за да ги разбуричкаат податоците и да ја завршат работата како што го прават тоа кога влегуваат во фирми и изрекуваат апсурдни казни?
Чувањето информации зад девет катанци произведува лоши последици. Списокот за избори и какви тајни крие само ја разгоре љубопитноста и непотребно ја издраматизира ситуацијата. Излегува дека сознанијата од проветрувањето на евиденциите со избирачи се најстрого чуваната тајна.
Прозивка за нетранспарентност на владејачката гарнитура околу акцијата со списокот која трае половина година сосема очекувано дојде од институции, партии, невладини, амбасади. Државната изборна комисија е хендикепирана, бидејќи нема водечка улога за ова прашање. Тефтерите и натаму се неприкосновена „сопственост“ на ресорите за полиција и за правда. Токму затоа опозициските партии инсистираат на набљудувачки статус во ревизијата, а граѓанскиот сектор се залага за достапни податоци и за поголема доверба. Побрзи и порешителни чекори во постигнувањето високи стандарди за гласање бараат и меѓународните претставници.
Во списокот немало којзнае какви фрапантни отстапувања. Но, оние што се обидуваат да ги пребројат живите, умрените и иселените се врзале во јазол. Затекнале несредени и хаотични бази со податоци кои се создадени со погрешен начин на администрирање. Не постои централен регистар на граѓани, комплетно портфолио со матичен број, адреса на живеење... Којзнае дали со ваква системска слабост некогаш ќе имаме реален список.
Ako se vovede elektronsko glasanje, site glasaci ke treba odnovo da si go evidentiraat statusot vo MVR, so licni podatoci i tocni adresi ako sakaat da si gi podignat kartickite so koi ke mozat da glasaat na nekoi izbori. Togas ke se vidi koj kade e i dali e ziv ili se povtoruva.
Од: jovan
Датум: 28.04.2010 00:27:08
Izbirackiot spisok i ponatamu ke ostane haoticen, tie "fantomski" glasovi i ponatamu ke odlucuvaat koj ke pobeduva na izborite. Isto ke bide i so popisot, politicki ke se dogovorat koj kolku da se pise, i ke zavrsat rabota. Potrebni se uste najmalku 20 setina godini za da se sredi so naselenieto/divonaseleni, imotite, divite gradbi, uzurpirano zemjiste...... Uste dolgo vaka ke terame, samo sto vo meguvreme ke ne farbaat deka nesto ke se sreduva. No na ova pole, ama bas nisto.
Од: Blue fighter: Se krie vistrinskata brojka
Датум: 28.04.2010 00:48:06
Pricinata e jasna: vlasta nema da moze da gi koristi "mrtvite dusi",iselenite koi seuste figuriraat kako glasaci i privremeno zaminatite(no ne vrateni nazad).Kako izgleda evidencijata licno se uveriv koga od pretstavnik na Ministerstvo za pravda pred vlezot bev prasuvan za nekoi sosedi , dadenite odgovori bea zapisani i tolku.A sto ako nekoj nedobronamerno ja prikaze vistinskata sostojba za onie koi se iselile odamna,a se na spisokot.Ili,koga kje vleze istiot anketar kaj zainteresiran vmrovec koj nema da kaze dali clen od negovoto semejstvo e seuste vo Germanija ili Italija.Se sto sproveduva ovaa Vlada treba da se zeme so rezerva,Simptomaticno e deka se i za ova se zalaga da se sredi,no tajno kako i za se drugo,ja pretvoruva sekoja akcija vo ilegalna poradi nedobronamernite nameri.So niv nikogas nisto nema da bide cisto i sigurno,zakonski sprovedeno i transparentno pretstaveno pred narodot.Samiot cin na krienje na dobienite podatoci kazuva se za losoto scenario koe pak kje go primenat.
Од: Alien from Space
Датум: 28.04.2010 10:55:45
Чири-бу, чири-ба! Сега го гледаш, А Сега - Не! Може, само, Без Кенгури! Запишувајте само луѓе! Магијата е единствената можност да го зголемиме бројот на „наши“ граѓани!
Од: nepravda
Датум: 28.04.2010 11:46:54
Normalno e kaj ovaa vlast, da se krie izbirackiot spisok., zatoa sto vbo slucaj na potreba, na vonrednite izbori "ke glasat" i fantomskite izbiraci. Zar toa e cudno.Makedonija so Ginisov rekor. Dva milioni ziteli, milion i osumstotini glasaci.Veruvale ili ne!!