Број 3269  среда, 28 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Site Meter
Втора страница

Средба во Атина во некои посончеви денови

Миркица Поповиќ

Заврши трилерот околу тоа дали Груевски ќе оди во Атина или не. Премиерот, дефинитивно, го откажа учеството на конференцијата на „Економист“ и директната средба со својот грчки колега, Јоргос Папандреу. Очигледна причина за откажаното патување е што Атина и по единаесет дена, не одговори на барањето на Груевски да добие дозвола за слетување со владиниот авион. Неофицијални грчки извори велат дека Атина не одговорила ниту со да ниту со не, и место тоа, му понудила на македонскиот премиер да допатува со грчки авион. Официјално, за причините, во Атина сепак, владее молк, а грчките медиуми единствената информација ја добија од дописникот од Скопје и од македонските медиуми. Според неофицијални грчки оцени, Груевски се торпедирал самиот со изјавата дека ќе организира референдум за „Северна Македонија“ за севкупна употреба, иако и пред тоа стануваше јасно дека се тактизира со дозволата за прелетување на авионот. Оваа изјава, според грчките новинари, била примена со „крената веѓа“, имајќи предвид дека грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Димитрис Друцас, изјави дека Грција не со толку лесно срце ја одобрува содржината на „Северна Македонија“, но, сепак, ја прифаќа како знак на компромис. Генералното мислење меѓу аналитичарите што се занимаваат со ова прашање во Грција е дека е подобро што не се одржува директна средба Груевски - Папандреу во овој период, бидејќи со сите проблеми во земјата, таа ќе поминеше незабележана или, пак, премиерот Папандреу ќе беше дополнително обвинет дека се обидува да го одвлече вниманието од суштинските проблеми.

Вчерашен „Катимерини“ објави дека одлуката на премиерот Груевски да го одбие предлогот „Северна Македонија“ е нелогична. „Одлуката на премиерот Груевски да го одбие компромисниот предлог „Северна Македонија“, кој е најреалистичен предлог досега ставен на маса, и со тоа и да го поткопа целиот преговарачки процес под капата на ОН, е надвор од секоја логика. Груевски не е во истата позиција како што е претседателот на Кипар, Тасос Пападопулос, кој со тешко срце преговараше за Планот на Анан и побара од грчките Кипрани да гласаат против планот. Разликата е во тоа што Кипар во април 2004 година веќе имаше обезбедено влезен билет за ЕУ, а во ФИРОМ се уште се работи на интеграцијата во ЕУ и во НАТО, пишува „Катимерини“. Весникот ја цитира Бренда Пирсон, поранешен советник на македонските влади, која на симулацијата на преговори изминатиот викенд во Охрид, изјавила дека премиерот Груевски повеќе се плаши да не си стави историскиот товар и си ја загрози репутацијата отколку да ја поведе државата во иднината. „Додека Груевски почна да копа гроб на надежта за решавање на прашањето за името, во Охрид беше заклучено дека има отворен прозорец за можности преку позитивниот став на Грција да се најде компромис што ќе му одговара на Скопје“, пишува „Катимерини“. Симулацијата на преговори во Охрид и посетата на Александрос Маљас, Танос Веремис и на Евагелос Кофос, весникот ја карактеризира како прв обид на грчкото општество и граѓаните да пренесат јасна порака дека Атина искрено сака да постигне решение за спорот. „Грција има легитимни интереси и барања, но не сака да ја уништи ниту државата ниту идентитетот на Славомакедонците“, пишува „Катимерини“.


#
Статијата е прочитана 1178 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo Egeec
Датум: 28.04.2010 00:06:25
Znaci nie egejcite pak izvisivme. Nisto od vetenite 35000000000. Ovaa vlada ostvaruva: prazni vetuvanja! Vazno ce ima volna.
Од: pameten
Датум: 28.04.2010 07:15:33
„Грција има легитимни интереси и барања, но не сака да ја уништи ниту државата ниту идентитетот на Славомакедонците“ Tochno e. Grcija nema potreba od Golema Albanija i/ili golema Bugarija. Ako ne gi negirame nashite Bugarski korenja, toku glasno gi objavime, Grcite kje ni nudat SE shto sakame za povekje "ekvidistancija". Nema potreba da se plashime da igrame "Bugarskata karta". Po 100 godini posebna evolucija i najgolemite bugarofili se pred se Makedonci i sakat nezavisna Makedonija. Ako ne se negira istorijata tie kje ostanat lojalni . No ako prodolzhime so fantaziite, teshkiot konflikt so SITE sosedi kje prodolzhi, a nie Makedoncite kje se podelime!
Од: Sheikh
Датум: 28.04.2010 07:47:57
Vo vesnicite malce izvrteno se citiraat i komentiraat izjavite. Kolku sto znam Gruevski izjavi deka ke glasa protiv Severna Makedonija ZA CELOSNA UPOTREBA kako sto baraat Grcite. Kako sto mnogu pati e naglaseno grcite nemaat problem so Makedonija tuku so Makedonskata nacija. Uste vo vremeto na Jugoslavija koga se odese vo Grcija se popolnuvase formular na koj se insistirase vo grafata "Nacionalnost" da se stavi se drugo osven "Macedonian". Ako stavevme "Macedonian" grckite carinici ne vrakaa nazad. Mnogu lugje pisuvaa "Jugo"...e tamu e problemot a ne vo imeto...
Од: Stojan
Датум: 28.04.2010 07:58:42
Dosta so uceni od elada i nivnite eladikoi ne ucenuvaat so se i sešto.Ne ni treba ni NATO ni EU pod Severno Makedonci bez jazik,pismo,narod i DOSTOINSTVO.Neka se slikaat eladosite so nivnite dolgovi a nie vo sekoj slučaj će izdržime poveće od niv ,oti veće im dosadija na nivnite partneri od EU so nivniot odnos kon se što e demokratski i pazarno,oti ako prodolžat vaka ne e čudo da ja isfrlat Elada od EU.Nie sme izdržale mnogu poveće od ovie 20g.taka da ne ni e da se vozdržime ušte nekoja i da bide po naše.Političarite od Makedonskiot blok treba da se edinstveni po ova prašanje i bez međusebni kavgi može da se odi napred.
Од: Пишман Аџија
Датум: 28.04.2010 09:13:57
Гледам разни патриоти сугерираат се да се протера надвор од Македонија ако не се согласувале со нивното мислење, а Македонија да си остане нивна и само нивна??Овие се од демократската партија на власт.Неистомислениците биле предавници а тие патриоти.Патриотски си играт со буџетот кој го испокрадоа на секаков начин, а опозицијата била таа што ни пропаѓала државата??? Леле мајко, сега ми е јасно зошто странците со потсмев се однесуваат кон нас. Ова го немало ниту во племенското живеење. аде ќе ни е крајот? (Пратете ја трагата на парите - тука е вистината)
Од: Nikola-Germanija
Датум: 28.04.2010 09:28:54
Sustinski go delam mislenjeto na Gruevski,no sepak mislam,deka toj e platen od narodot da resi problemi,a ne da go odolvlekuva nivnoto resenie ili duri da sozdava novi kako se poizrazenite megjuetnicki tenzii(n.p.zaodolzitelno Mkski od 1.oddelenie -sto go podrzuvam!-,a sankcii nema,pa gnevot na mnozinskoto naselenie nepravedno se prenasocuva kon Albancite vo dadeniot slucaj ili diskusiite za verski objekti na SKPskiot plostad) i poradi toa vo toj kontekst se soglasuvam so SDSM.MKcite mora imat opravdan interes ednas zasekogas da se resi sporot okolu imeto -za megjunarodna,ama ne(!) sevkupna,upotreba- so Grcija i MK taka konecno da gi prodolzi evroatlantskite integracii,koi ke znacat i direktni stranski kapitalni investicii i da ne bide poveke zavisna od Grcite.No,za zal,imam vpecatok deka Makedoncite ne mislat od sopstveniot tanjir podaleku,iako e toj prazen!Sekoj sto misli deka MK ke odbegne razumen kompromis,fakticki ne ja razbira politikata i neka ja ostava na kompetentnite!Pozdrav.
Од: nekoj
Датум: 28.04.2010 09:35:03
Ako ne vi treba EU i NATO sto voopsto pregovarate bre makedonci? :) Gledam pak se nanizile tuka patriotite bugarofili. Zboruvaat za dostoinstvo. Vasiot Gruevski ona sto go izjavi go osudija site pametni zatoa sto e neseriozno od eden t.n. politicar. Da, da Elada ke ja isfrlat od EU a ke ve zemat vas :) Moze da ni kazete zosto? Sto ke ponidte na EU-Volna? Daj informirajte se aman veke ednas. Se gleda kolku funkcionira naseto obrazovanie-70% od naselenieto nema vrska od istorija.
Од: Чегране
Датум: 28.04.2010 09:36:28
Браво за Премиерот!Жалосно што нашите “гркоиди“ му се тутнаа како светов дека ќе пропадне!Секое поврзување со датуми е во косриост на јужниве!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.04.2010 09:40:45
Ептен просветлено ни да ни не ама премиерот да патува со авион од соседот.И одма се изналепија виножитниве,заглавени во тињата на омраза по кој знае кој пат ни ја презентираа сета бедотија на гумарабика однесување.Нив под итно им треба симулација на елементарно однесување кон сопствената држава,само не со оние симулатори-тешкаши од Охрида града.
Од: novoselec
Датум: 28.04.2010 09:40:58
Do pameten: da se bide pameten pametot treba da ti ima i smer. A tvojt e negativen, retrograden i navreduvacki za makedoncite. Bugarite se turko/tatarski sloveniziran etnos. Zapisano vo knigiu od "zapad". Makedoncite, i da e tocna teorijata za pominuvanjeto na Dunav "na slamka" nemozat da bidat nisto drugo osven mikstura od potomcite na Aleksandar Makedonski i slovenite. Slovenskite geni i kaj nas i kaj bugarite ni gi davat slicnostite vo jazikot i kulturata. Ama samo slicnost a ne i ednakvost. Ne velam deka grcite ne treba da vlecat koreni od Aleksandar Makedonski. Ama ne samo tie. Zosto samo nivna ekskluzivost. Objasni koi se pricinite i nie da ne vlecime niska od nego.
Од: Viktorija
Датум: 28.04.2010 10:45:12
Dobro e sto Premierot ne otpatuva vo Grcija. Toa e uste edna tema na razgovori i osuda na grckoto odnesuvanje. Vakvoto ponizuvacko odnesuvanje na RG kreira aftoritet na Makedonija koja trpi torturi od Grcite veke osunaeset godini. Nie sme na krajot i treba dobro da se izigraat ovie posledni momenti. Grcija e problem na EU od samoto zaclenuvanje. Nie treba da barame mnogu poveke za da dobieme ona sto za nas ke bide prifatlivo. Grcija e siromasna zemja no ima bogati grci.
Од: blaze m.
Датум: 28.04.2010 14:22:42
Mirkice popovic izgleda i tebe Grcite ti naredija da pishuvash protiv svbojata drzava, isto kako na turistickite agencii od Belgrad Gospodinot premier Gruevski ubavo si kaza deka ne prifaka ime za celokupna upotrba,a so toa se znae deka povlekuva i promena na jazikot i identitetot. Vo toj slucaj ve prashuvam shto ke bideme, ako prifatime kako sto ve ucat grcite,ete so pomosh na predavnici napravija razgovori i vo Ohrid , zoshto A1 tv ne pobara shto go brani imeto nekoj da razgovara so grcite.

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Во пензија со 67 години?
Месечно 55 денари за лекови на жител
Скриен список