„Жито лукс“ го поднови „Св. Еразмо“
Охрид - „Жито лукс“ донираше опрема за подобрување на условите на Детскиот оддел во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Донацијата е резултат од хуманитарна акција спроведена од 26 јули до 31 август во Охрид и во Струга, во која со секој купен леб и брашно се одвојуваа пари за болницата. Преку акцијата се набавени медицински детски кревети, душеци, телевизори и фрижидери. (Ек.Р.) |