Број 3610  вторник, 21 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Кој стои зад виртуелниот универзитет „Агнез Гонџа Бојаџиу“?

Тој е на официјалната листа универзитети на Министерството за образование, иако за него не слушнале ни ректори ни професори

Билјана Јовановска

Официјалниот сајт на Министерството за образование нуди информации за акредирани универзитети за кои и самите не знаат ниту каде што се лоцирани ниту дали воопшто функционираат. Таков е универзитетот „Агнез Го��џе Бојаџиу“ за кој на сајтот стојат податоци колку и за сите други. Конкретно, пишува дека е во Скопје и има пет факултети - за бизнис-администрација, за правни науки, за применети уметности, економија и за информатички технологии.

Проблемот се појавува кога ќе го побарате овој универзитет на интернет. Веднаш станува јасно дека тој е виртуелен, непостоен. Ако го побарате на „Гугл“, на пример, ќе добиете одговор дека нема лого, а истиот одговор важи и за факс. На бројот 188, пак, информираат дека воопшто нема универзитет со такво име, а аналогно на тоа ниту телефонски број!

Како Министерството за образование може да си дозволи таков луксуз и во заблуда да ги доведува идните академци? И потрагата по одговорот на ова прашање е своевидна „невозможна мисија“.

Портпаролот на МОН, Горан Галевски, само ни соопшти дека не располага со какви било податоци, а на прашањето каде е лоциран Универзитетот „Агнез Гонџе Бојаџиу“, рече дека најверојатно е „некаде на Кале“. Министерот Никола Тодоров не одговараше на својот мобилен, а никој друг во ресорот не можеше да ја одгатне загатката од кога постои и кој стои зад овој универзитет.

Молк и во Одборот за акредитација во високото образование што ги издава одобренијата за работа. Да ви одговори на телефонски повик, професорот Михаил Петковски, кој е претседател на ова тело е рамно на бинго. Одделни поранешни и сегашни членови на Одборот, пак, велат дека не се сеќаваат дека некогаш воопшто го разгледувале барањето за отворање на Универзитетот „Агнез Гонџа Бојаџиу“. Други ни ја посочија Марија Ташева, претходно одговорна за високото образование во Министерството, а во два мандата член на Одборот за акредитација, дека, наводно, била одредена да ги простудира документите и условите за овој универзитет. Меѓутоа, и Ташева не беше подготвена за каков било разговор за фантомскиот „Агнез Гонџа Бојаџиу“. Таа само кусо одговори: „Јас воопшто не сум била во комисијата за овој универзитет, а и да сум била, немам мандат да зборувам што се случува во Одборот за акредитација“.

Сепак, ни појасни дека давањето акредитација, всушност, е само согласност за проектот, а доколку институцијата почнала да работи, значи дека Министерството за образование и дало согласност. Инаку, познато е дека основен услов за формирање факултет е да има петмина редовно вработени професори, а минимумот за создавање универзитет е пет факултети. Или, едноставно речено, за универзитетот-енигма да се најде на сајтот на МОН, дури 25 професори морале да дадат писмена согласност, некој морало да достави елаборат и финансиска конструкција за негово формирање. Сите тие засега се една голема непознаница.

За универзитетот „Агнез Гонџа Бојаџиу“ не слушнале ниту ректори ниту професори, односно 15-ина еминентни имиња од универзитетската фела.

Кому му служи официјалниот сајт на Министерството, кој нуди лажни информации? Кој прима плата за негово сервисирање со проверени податоци кои на оние кои допрва ќе конкурираат би требало да им бидат главен, проверен ориентир каде да се запишат.

За жал, случајот со универзитетот „Агнез Гонџа Бојаџиу“ не е единствен. На сајтот, на пример, на листата на акредитирани универзитети го нема најмладиот државен универзитет за информатички науки и технологии „Св. апостол Павле“ во Охрид, а тој, како што се тврди, нелегално работи веќе трета учебна година. Формиран е на иницијатива на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на седница на Собранието на 27 јули 2008 година, ама се' уште ги нема неопходните „папири“ што ќе потврдат дека се исполнети условите за негово постоење. Ама ова не е пречка тој да работи. Професорскиот кадар е повеќе од дискутабилен, бидејќи најголемиот дел е насобран од Јужна Африка, Филипини, Франција, Велика Британија, Тунис, Иран, Италија, Романија. Тоа секако не би било проблем, доколку станува збор за стручњаци од областа на информатичките науки, меѓутоа, од официјалниот сајт може да се види дека во неговото формирање учествувале слависти, етнолози... Сето тоа и е добро познато и на Просветната инспекција, но со години таму никој не се осмелува да чепне.


#
Статијата е прочитана 2309 пати.

Испрати коментар

Од: Realen od Bitola
Датум: 21.06.2011 00:26:36
More be lugje aman veke, pa na toj univerzitet zavrsuvaat kadri kako Vlatce Klatiglava so se cudite. Eh Makedonijo, otvori se i zemi ne site vnatre. Шчо напраифме?
Од: Kosta Stoimenovski
Датум: 21.06.2011 06:54:25
Sostojbite so visokoto obrazovanie vo RM e ,,kasa popara,,! Toa najdobro se gleda i od ovoj napis. Nikoj od nadleznite ne ,,znae,, i/li ne saka da odgovori na prasanjeto kolku univerziteti i fakulteti postojat vo drzavata!? Katastrofa! Pred okolu edna godina vo eden svoj napis se osvrnav na sostojbite vo visokoto obrazovanie, pravejki sporedba so nekoi drugi zzemji (Polska, Srbija, Grcija...). Polska napr. ne dozvoluva osnovanje na filijali na stranski univerziteti! A, kaj nas sekoj stranec moze da osnova filijala na ,,procuen svetski univerzitet,,! Univerziteti i fakulteti za ,,stancanje,, na diplomi i dodeluvanje na visoki ,,naucni,, tituli! Inflacija na instant ,,magistri,, i ,,doktori,, na nauki, vklucuvajki i od privatni univerziteti so nizok ,,naucen profil,,! Dali nekoj moze da stavi kraj na ova bezredie i haos vo visokoto obrazovanie vo drzavata?
Од: profesor!
Датум: 21.06.2011 13:22:22
Otvorija milion univerziteti vo edna peda zemja, pa sega ne znaat ni sto otvorile, ni kade otvorile...visoko obrazovanie=haos!!! sekoja godina se poveke i poveke se upropastuva obrazovanieto vo RM! Zalno!!!
Од: BMRO ΔΠ-ΝΕ!-партија на големите шуплини
Датум: 21.06.2011 13:34:19
Ова,како оној фамозен Институт „Павел Шатев“!Уште малку,па и него ќе го преименуваат во Универзитет „Павел фон Минхаузен“! :0))

Најди! во Утрински
Политика
10 прашања
Охридскиот договор пример за надминување спорови

"""