Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Поглед

Резил од протест

Билјана Јовановска

Чуму беше оној резил со протестот пред седиштето на СДСМ? Власта да го пренасочи вниманието од игнорантскиот однос кон маката на тутунарите, да се збунат неинформираните, да не знаат зошто „тутунарите“ протестираат пред опозицијата или, пак, да му поверуваат на еден од „говорниците“ качен на камионче на „Бихаќска“ дека Црвенковски сосила ги терал на протести, а тој, замислете, им ги зел парите!?

Која и да им беше целта на организаторите од партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ, веројатно, ова е единствен пример власта да стимулира безредија и на ваков безочен начин да си поигрува со туѓата неволја. Си помислиле ли за миг што ќе се случеше да дојдеше до контакт, до средба на двете групи што протестираа. Ќе можеа ли полицајците да го спречат евентуалниот судир со несогледливи последици, бидејќи на тутунарите од пред Собранието одамна им пукна филмот. Или се' било под контрола? И тоа партиска.

Колку и да сакаа да се претстават како земјоделци, кои, демек, немаат проблем со оваа власт, туку со онаа од пред неколку години на Црвенковски, која не им давала субвенции (ама сега им текнало да протестираат!?), самиот собир се претвори во тажносмешна лакрдија. Зарем по субвенции пекаа оние стокмени млади девојки, со скапи очила и уште поскапи чизми над колена или нивните сопартијци што дојдоа на еднодневна прошетка по Скопје? Сите оние што по 15-минутниот протест се пуштија по скопските продавници, кафулиња... А „собирот“ беше шарен, нема што, имаше и вработени во администрацијата, и од просветата, пензионери... и по некој тутунар на кој во меѓувреме му го откупиле производството. Оние што дојдоа на изрежираниот протест, самите се демаскираа. Дали оние што ги инструментализираа им биле ептен лоши учители или, „протестантите“ недоволно ја совладале лекцијата - процената е слободна.


#
Статијата е прочитана 2313 пати.

Испрати коментар

Од: реканец.
Датум: 20.01.2011 12:11:46
БИЛЈАНА-и јас се чудам што се случува.Недолжни Граѓани партиски вработени.Да ги земаш со Автобус од РОСТУШЕ да ги возеш до скопје.За само 15 минути да кажат дека Биле задоволни.Што добиле добри цени за ТУТУНОТ.А овде тутун несе произведува.Срамота ако ги вработиле дали цел ЖИВОТ треба да им БАЦУВАТ НОЗЕТЕ.Ги видовме по телевизи и ги препознаваме.Сиротчина за жалејне се.
Од: Hari
Датум: 20.01.2011 12:40:23
Vo celiot ovoj cirkus i bruka od strana DPMNE ima i nesto pozitivno atoa deka vo panika go gubat razumot i posegnuvat po metodi-gubitnicki videni kaj severniot sosed. Tie lugje koi protestiraa pred SDSM imaat familii, tie familii ne li im e sram nivnite bliski tolku nisko da padnat. A za moznosta od sudir i da ne se komentira voopsto.
Од: tetka viki
Датум: 20.01.2011 13:27:24
Tragikomocno bese da se slusa kolku nevesto go procitaa svoeto obrakjanje "zadovolnite zemjodelci" pred sedisteto na SDSM. Ama, taka se cita sekogas koga tugja raka pisuva tekst sto treba da zvuci kako licno mislenje na citacot. izjavite i govorot na vistinskite zemjodelci koi protestiraa pred Sobranieto izleguvaa od nivnata dusa - samo tie samite znaat koja maka gi naterala da se zakrenat da dojdat vo SK na protesti. Ama, za niv vlasta nema sluh. Tesko na ovoj narod koga vakvi krvopii ja vodat zemjata.
Од: Samoil
Датум: 20.01.2011 13:35:32
Dodeka narodot ne e na ednata strana a vlasta na druga vaka ke bide se misli samo na sebe i na svojot prosperitet a komshijata prijatelot rodninata neka se snaoaga pa luge ne e dobro da se razmisluba samo od licna strana pogledni malku i okolinata i sozivete se so makite na svoite sonarodnici
Од: александар
Датум: 20.01.2011 14:19:57
Македонија е единствената земја во која има протести против опозицијата. Ова не е срамота за државата ние одамна го надминавме тоа, ние сме за жалење.
Од: Od umot
Датум: 20.01.2011 14:30:15
Како стока се разнесува народот. Како таков и го третираат. Можеби и заслужува.
Од: Колјо
Датум: 20.01.2011 14:38:16
Среќна нова 48. Да бев Комјутер ќе прегорев!!!!!!!! ама оваа???????? Власт да протестира против Опозијција ВМР-Овци и СДСМ-овци= Банана република. Кој дава Азил да бегаме што поскоро.
Од: Pazarna ekonomija
Датум: 20.01.2011 14:59:00
Па се додека божемните комунисти ги инструментализираат ’тутунарите’ да протестираат таму каде што не им местото и дивјачки да демолираат национални институции, се дотогаш ке има и вакви контра (смешни) протести. Корист само за партиите, а штетите од можни судири ке ги сносиме сите ние заедно. Затоа написов е далеку од објективен и воопшто не придонесува за смирување на ситуацијата!?
Од: k2
Датум: 20.01.2011 15:30:35
Jas bi postavil prasanje koj e pogolem REZIL...Dali ima pogolem rezil od toa sto se obiduva da napravi SDSM so manipulacija na nepismeni tutnari kako i "protesti poradi zadusuvanje na mediumite" vo Makedonija.....
Од: vivien
Датум: 20.01.2011 15:42:11
Gi podrzuvam tutunarite vo protestite, no samo pravite koi pocituvaat zakoni, koi imaat dogovori i igraat fer, a ne onie koi se nauceni drug da im misli za niv i da ocekuvaat preku leb pogaca, ovie od SDSM neznaat drugo osven da stvaraat problemi a ne da resavaat toa tie go dokazaa vo minatoto......
Од: Karokan
Датум: 20.01.2011 15:51:58
G-dine rekanec,imav eden odgovor ili kako sakas razberi go (samo ne vo negativna konotacija) od pred nekoj den vo vrska so prasanjeto za torbesite.Tamu za debatiranje te izbrav poradi korektniot napis,bes razlika dali vo nesto imame i sprotivni gledista. E,ovoj pat epten sme na isto glediste,so toa sto ti si vo pozicija i izvorno da imas informacija za. "tutunarite" od Rostuse.Mnogu mi se dopadna zaklucokot vo vrska so toa deka ako nekoj e i vraboten ne mora nekumu da mu gi bacuva nozete (duri i raka) dozivotno za toa.Vo najmala raka,kako takviot da nemal pravo na vrabotuvanje,ame ete nekoj toa pravo licno mu go dal.Pa neli so Ustavot e zagarantirano pravoto na rabota!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: OHRID
Датум: 20.01.2011 17:27:37
stokmeni doterani i na protest pred sdsm praznoglavi luge bez gram mozok mozat da pravat vaka nema da me cudi ako vo ovaa zalna Makedonija dojde do graganska vojna i toa makedonec protiv makedonec neka si ja udrat glavata od zid ovie vmrovci
Од: Тодор
Датум: 20.01.2011 17:28:36
Дали да се смееш или плачеш? Театарче - лево ќоше. Обични платеници без образ и лице за 20 евра се прват смешни и протестираат без основ. Но, така е во земјата на чудата.
Од: Трпе
Датум: 20.01.2011 19:28:31
Во карикатурална држава и се е можно.Прост народ ,држава за никаде,без разлика што за некоја година голем дел ке се стекнат со дипломи од високо образование.Вилмовите кои се дешават во РМ ке ни позавидат и турците,без разлика што се со лоши сценарија и режисер за никаде.Само во РМ може позицијата,која не сватила дека е власт да протестира и да има барања од опозицијата.А секаде е познато дека опозицијата мора да ја гони власта за подобрување на квалитетот на живот и да не прави катастрофални грешки.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 20.01.2011 19:40:49
Кога го прочитав насловот помислив осуда и за Бихаќките ,,тутунари,, но и за оние ,,тутунари,,од пред собранието кој така убаво го суредија вашиот колега-фоторепортер од Н.Македонија.Што беше тоа што направи да изостана вашата реакција.
Од: tito
Датум: 20.01.2011 20:10:28
onoj sto citase KOLJO KAMILATA e glavniot aktivist na vmro-Ovcite vo opstina Bosilovo i e vraboten kako sumar vo sum.stop. Strumica.E pa drugari ke cita a mu go vidovme i kapacitetot za citanje.E pa drugari sto da prajme koga dojde vreme najmrzliviot coek da gi brani zemjodelcite neka ni enazdravje i ova godina.
Од: pero magacinero
Датум: 20.01.2011 22:04:04
cel svet znae deka tutunot e steten za zdravjeto na lugeto zatoa se prava obidi postepeno da icezne ,zabraneto e da se pusi vo zatvorni prostorii,parkovi,restorani itn,cenata na svetskiot pazar e opaganje,samo videte kolku se plaka vo srbija,bugarija,turcija,vladata ne e kriva taa pomaga kolku sto moze
Од: од Иловица
Датум: 21.01.2011 00:45:35
до Тито грешка си пријателе Камилата работи најмногу.До пладне работи како шумар и се оддолжува на Зинго а попладне преку жолто злато за Груевски и компанија.
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 21.01.2011 08:41:48
А што не си напишала за гладните тутунари кои со јајца ги сквернавеа споменицитево центарот на Скопје,а знаеш кој е најголем противник за поставувањето на спомениците-зарем тоа беа сиромашките тутунари,а не некој симпатизери се знае на кој.

Најди! во Утрински
Втора страница
Грција бара објаснување од Боливија
Вербатим
Ајде сите сами на избори