Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Втора страница

Грција бара објаснување од Боливија

Атина е уверена дека со сите признавања Македонија нема двотретинска поддршка за меѓународното име,
туку само за билатерала

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Признавањето на уставното име од Боливија, Зимбабве и од Сирија грчките аналитичари го сметаат за обид на македонската Влада да собере сојузници и да поднесе барање за признавање на уставното име во Генералното собрание на Обединетите нации. Грчкиот весник „Катимерини“ коментира дека македонската Влада зад завесата сериозно игра со идејата дека доколку се стави на гласање на Генералното собрание на ОН, предлогот за признавање на уставното име би можел да има позитивен исход, бидејќи две третини од членките го имаат признато тоа.

Дипломатски извори за „Катимерини“ оценуваат дека моментално нема индикации дека Македонија би се решила на таков потег во скоро време, но доколку дојде до тоа, ќе биде субверзија на преговарачкиот процес во ОН. Новинарите и аналитичарите што се занимаваат со македонското и генерално со балканските прашања во Грција, исто така, сметаат дека се мали шансите вакво барање од страна на македонската Влада да дојде пред Генералното собрание на ОН, а и да дојде, прашање е колку од државите што не' имаат признато би гласале позитивно за него. „Официјална Атина има потврда од голем број важни држави дека потпишувањето на договорот за признавање на уставното име на ФИРОМ се однесува само на билатералните односи, а не и на ставот што ќе го имаат во меѓународните организации за прашањето за името“, пишува „Катимерини“. Генералното мислење е дека речиси да нема шанси големите сили да ја остават Грција на цедило во ваков случај и дека пријателите што ги одбира македонската Влада за признавање на уставното име и за собирање сојузници во ОН не се доволно влијателни за да се издејствува толку важна одлука во Светската организација.

Како што пренесува весникот, признавањето на уставното име од Зимбабве не ја шокирало грчката страна, бидејќи, и покрај обидот тоа да остане тајна, за официјална Атина не поминала незабележано средбата меѓу Никола Груевски и претседателот на Зимбабве во Триполи. Грчкото Министерство за надворешни работи веќе побарало објаснување и известување од Зимбабве и од Боливија за содржината на договорот за признавање на името и ги очекува нивните официјални одговори. Слична реакција имаше грчкото МНР и по признавањето од Сирија, но и покрај инсистирањето од страна на грчките медиуми, не беше кажано каков бил одговорот од официјален Дамаск.

Одлуките на Боливија и на Зимбабве, но и интервјуто на македонскиот премиер за МИА што го пренесоа голем дел од грчките медиуми, во Грција ги толкуваат како уште еден индикатор дека нема поместување во ставовите на македонската Влада и премиерот Груевски во спорот и преговорите за името. Ваквото раздвижување и испраќање измешани сигнали за волјата за решавање на спорот за името тука се проценуваат како спротивни на конструктивноста што се очекува од македонска страна пред важните моменти во февруари, односно средбата во Њујорк на преговарачите со медијаторот Метју Нимиц и посетата на шефицата на американската дипломатија Хилари Клинтон на Атина.


#
Статијата е прочитана 1678 пати.

Испрати коментар

Од: www.Makedonija.tv
Датум: 20.01.2011 16:36:20
Za da moze da se odgatne sto e se slucuva vo Grcija pri posetata na Drzavnta Sekretarka na SAD Hilari Klinton treba da se poglednat nekoi interesni tekstvovi vo vrska so Grcija i SAD na www.makedonija.tv Se razbira treba i da se misli kako sto mislat politicarite "od ovaa strana na "Barata". Poddrskata sto Klinton ja dava na trijagolnikot SAD, Ukraina, Rusija ima interesno sovpagjanje so programata na POMNI: "... direktna voena sorabotka na Makedonija so Ukraina, Rusija i SAD..." no i so faktot deka site voeni bazi na NATO vo Grcija se na teritorija vrz koja na mapata pisuva MAKEDONIJA ! Toa sto NATO bese formirano za da se zastitat tokmu interesite i i tie teritorii sto i bea "prepusteni" na Grcija e dopolnitelen fakt sto ke vlijae na razvojot na nastanite...
Од: do neinformiranite
Датум: 20.01.2011 21:55:39
Juzniot sosed se obiduva da go zadskrie diplomatskiot poraz od Makedonija.Sekako deka se priznava drzava i nejzinoto ime bilateralno i ne moze poinaku.Eventualno glasnje vo ON,Makedonija ke dobie glasovi za imeto Macedonia i od nekoi drzavi sto ja priznaa Makedonija so referencata.Od onie drzavi sto ne priznaa so ustavnoto ime,samo SAD bi glasala protiv ustavnoto ime i zatoa juzniot sosed,no i predavnicite kaj nas se vo panika.
Од: AJDE NA KOKA
Датум: 20.01.2011 22:18:20
Ama sto barate objasnuvanje od Bolivija. Ubavo ce si djvakame lisja od koka , koi ce ni gi isprati bratska Bolivija. Nie i onaka se ponasavme kako da sme predozirani so koka. E sega ce bide tek sto ce bide.
Од: TRPE
Датум: 20.01.2011 22:54:39
Gruevski treba otvoreno pred svetot da stane i da kaze deka R.Makedonija e uceneta od Grcija i deka pod takvi uslovi nemoze da pregovara. Znaci se raboti za ucena i nema nikakov prostor za kompromis koga samo ednata strana treba da ostapuva. Da se najde resenie podrazbira R. Makedonija da go smeni imeto? Za kakov kompromis stanuva zbor?
Од: Vancho
Датум: 21.01.2011 00:47:08
Ami nema razlog za Uznemiruvanje zashto GRCIJA ke SE Rasturi samata poradi tova shto ke PROPADNE EKONOMSKI.Site pari koi gi dobivaat od EU gi perat vo EU i USA pa poedinci se Bogatat a nivnata Drzava TONE i na kraj ke se RASPRODADE.A nivniot propast ke se odrazi na nivnite Sojuznici pa i EU a i USA ke dignat race od nejze.A MAKEDONIJA pa ke si ostane samostalna i nezavisna.Treba mudru da se Shtedi i Raboti za BOG da Blagoslovi.
Од: vasil
Датум: 21.01.2011 10:41:35
Грција бара објаснување од Боливија veli G. Drutsas. E ne e taka, cel svet bara objasnuvanje od Grcija zoshto se odnesuva tolku neprijatelski so svoite sosedi i zoshto go nametna ovoj spor i ja blokira Makedonia vo NATO e EU.

Најди! во Утрински
Втора страница
Резил од протест
Вербатим
Ајде сите сами на избори