Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

РОНИ ВУД

Скапо платен развод

Гитаристот на „Ролингстоунс“, Рони Вуд, скапо го платил разводот од својата сопруга Џо, која добила половина од неговото богатство, во износ од 17 милиони долари, како и семејната куќа во Кингстон Вејл, чија вредност се проценува на 19 милиони долари.

Покрај сето ова, Рони на својата сега веќе бивша сопруга ќе мора да и' плаќа месечна алиментација. Рони и Џо беа во брак 23 години и имаат две деца - Лија и Тајрон. До распад на бракот дојде откако Вуд започна романса со дваесетгодишната келнерка Екатерина Иванова.

„Не ни сонував дека ќе ми го направи тоа. И покрај се', ќе останеме пријатели, зашто многу нешта преживеавме заедно“, изјавила Џо Вуд.

Рони ја запознал младата келнерка кон крајот на минатата година во еден бар, а набрзо започнаа љубовна врска. Иако неговата тогашна сопруга мислела дека е во прашање минлива афера, Рони набрзо ја повикал Катерина да живее со него во заедничкиот апартман. Џо Вуд тогаш поднела барање за развод, а преговорите за делба на имотот траеја осум месеци.


#
Статијата е прочитана 1265 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Мераклиски викенд со Звонко Богдан и балканските тамбураши
Пред олтар во 71.година
Повторно во врска со Челзи