Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

ЏЕЈН ФОНДА

Пред олтар во 71.година

Добро одржаната пензионирана секс-бомба Џејн Фонда уште еднаш се решила да вплови во брачното пристаниште, овој пат со музичкиот продуцентот Ричард Пери, кој е четири години помлад од неа, а на свадбата ќе бидат поканети и бившите сопрузи.

Џејн се запознала со Пери минатата година, преку својата внука, познатата актерка Бриџит Фонда. Иако по разводот со Тед Тарнер се заколна дека нема веќе да се мажи, Џејн на пријателите им најавила влегување во „необична заедница“, за време на вечерата кај Барбара Стрејсенд и Џејмс Бролин во Малибу.

Се чини дека со Ричард Пери има многу заедничко, меѓу другото, и горливост кон политичките борби, по кои е позната уште од Виетнамската војна. Така, невестата ќе ја предаде нејзиниот син Трој Гарити, од вториот брак со политичарот Том Хајден, кој е поканет на свадбата, како и мажот број 3 - Тед Тарнер.

Ако беше жив, веројатно ќе беше поканет и нејзиниот прв сопруг, легендарниот режисер Роже Вадим.


#
Статијата е прочитана 1250 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Мераклиски викенд со Звонко Богдан и балканските тамбураши
Скапо платен развод
Повторно во врска со Челзи