ПРИНЦ ХАРИ
Повторно во врска со Челзи
Како што стојат работите, изгледа дека британскиот принц Хари ја обновил петгодишната романса со Челзи Дејви, осум месеци подоцна, откако таа го остави преку „Фејсбук“. Како што пренесува „Дејли мејл“, парот имал повеќе тајни средби, а Челзи (23) го посетила Хари(24) во неговата резиденција во Лондон и на имотот, кој тој го дели со својот брат, принцот Вилијам. Хари бил иницијатор на овие состаноци, а двојката редовно се слуша по телефон, откако Челзи преноќила во лондонската резиденција кон крајот на јули.
Извор близок на Хари и Челзи изјавил дека тие сакаат да се обидат повторно, но овој пат скриено од очите на јавноста, за да имаат подобра шана да ги измазнат работите.
„На Челзи особено тешко и' паѓа вниманието на медиумите кога е со Хари. Тие не сакаат никакви притисоци. Сигурни нема да ги видите заедно во дискотека, но во последните неколку седмици се гледаат во тајност и разговараат за иднината. Челзи многу му недостасуваше на Хари и тој очајнички сака да успеат овој пат“, додава изворот.
Портпаролот на кралската палата одбил да ги коментира овие наводи. |