Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Скопјанец уби во Бутел и рани две лица во Општина Кисела Вода


 Скопјанецот Зоран Андоновски е единствениот осомничен за убиството на 58-годишниот Ристо Дичевски и за ранувањето на уште други три лица во службените простории на фирмата „Латом инженеринг“, лоцирани во барака во кругот на скопската Општина Кисела Вода.

Истрагата што ја води полицијата по завчерашното убиство во скопската населба Бутел и за пукотниците што се случија само еден час подоцна во барака на Општината, и натаму е во застој. Единствената причина поради која истрагата тапка в место е тоа што Андоновски по извршувањето на делото, на крајот на овој случај самиот си нанесе повреди и се наоѓа на болничко лекување.

Според досегашниот тек на истрагата, можен мотив за извршување на делата најверојатно треба да се бара во должничко-доверителски односи. Имено, тој најнапред со два куршума го застрела Дичевски, а потоа во Општината рани уште двајца други и со тврд предмет повреди уште едно лице. На крајот од потерата, во населбата Аеродром Андоновски самиот се застрела в стомак. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 1647 пати.

Испрати коментар

Од: silvester. sidnej
Датум: 22.05.2010 01:16:30
Makedonija se pretvori vo nesigurno mesto za ziveenje. Mnogu ubistva za mala drzava, mnogu socioloski problemi se natalozija od minatoto.... Se smeni karakterot, se smeni likot na Makedonecot....nisto ne e vredno, nisto ne e vazno. Nazalost taka e vo cel svet. Toa e trend. Amerikanizacija (globalizacija kako sto velat tie). Se kreiraat opstestva kade covekot ke bide brojka, ziva figura vo korist na firmata. Firmata vo korist na drugata pogolema firma ....i.t.n. do beskraj vo carstvoto na kapitalot.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.05.2010 06:55:19
Причина - капиталистички пороци - лихварство и алчност и задолжување.Реакција на исфрустрирани и непресметливи граганин творба на ова општество.
Од: terezija -
Датум: 22.05.2010 11:11:37
Od vakva - kobajagi "Drzava" i kvazi vladeachka garnitura (prostata masa) olicetvorena vo DPMNE, shto drugo i bi se ochekuvalo...??! Takov e EPILOGOT na SE' shto e improvizacija, nesoodvetnost- nekompetentnost ,so eden zbor ; niti vo politikata a pogotovo vo Drzavnichkite ingirencii zborot AMATERIZAM ne postoi...A koga veke samobendisanata Vlada se drznala na takvi "experimenti" - rezultatite se poveke od vidlivi... Za zal doprva ke isplivaat ushte mnogu anomalii 'steknati' blagodarenie na improvizaciite od krajno amaterskata i NEDORASNATA 'skrpena' Vlada ...Kako i za se' drugo shto e potrebno barem nad 51 % za legitimitet, taka vazi i za zasnivanje na Drzava - shto za zal ne e sluchaj i so nashata Tatkovina,koja nema ni 30 % od potrebnite ATRIBUTI za navistina postane toa... Ne chinelo "EDNOUMIE" - so shto napolno se slagam, so zabeleshka deka sepak ne ispadna tolku FATALNO po nas,kako deneshnoto(mora da se slozite) BEZUMIE t.e.bezvlastie, koe edino "parira" so ona na Div. Zapad.

Најди! во Утрински
Хроника
Околу 3.000 здравствени установи без систематски прегледи
Притвор и психијатриско вештачење за докторот-убиец