Околу 3.000 здравствени установи без систематски прегледи
Околу 3.000 здравствените установи во земјава лани немале направено задолжителни систематски прегледи, при што против 340 се поведени и прекршочни пријави. Здравствените установи, главно, се од областа на медицина на трудот.
Ова се податоци од Државниот инспекторат за труд за 2009 година кога бил направен инспекциски надзор на 17.991 фирма од сите области. Притоа биле констирани недостатоци кај 16.008 фирми и биле донесени 4.676 решенија за нивно отстранување.
Најголем број од утврдените недостатоци се однесуваат на задолжителните лекарски прегледи, кои биле констирани кај 2.777 здравствени установи, потоа неизвршена обука на вработените за давања прва помош и обезбедување опрема за прва помош (2.570), непреземање мерки за отстранување опасности од пожар и експлозии (2.525), недостатоци од областа на електричните инсталации (1.446), обука на вработените од областа на безбедност и здравје при работа (1.470), недостатоци по однос на личната заштитна опрема (1.137) и др.
|