Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
На прво место

Груевски и А1: танц на режимот и демократијата

Колкава политичка штета ќе претрпи премиерот ако ја затвори А1

Соња Крамарска

Во последниве денови премиерот Груевски ретко фрла поглед низ прозорецот на неговиот кабинет на „Илинденска“. Додека платото пред владината зграда досега се употребуваше за директни линкови на некои провладини телевизиии за разговори со топ-личности од владината постава, најновата телевизиска опрема што се истовари во четвртокот попладнето е повеќе од вознемирувачка за него.

Неканети, а на гости на премиерот пред Владата му дојдоа уредниците и безмалку целиот новинарски состав на националната телевизија А1, засилена со колегите од весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“. Поставија директен линк од згаснувањето на телевизијата А1, позната во последно време по жестоките критики на политиката на премиерот и корупциските афери во владините редови, а чиј сопственик е во притвор и под истрага за криминално работење.

Истовремено, еден од ветераните на македонското новинарство, Александар Чомовски, од студиото на телевизијата на „прославената“ „Перо Наков“ б.б. симболично ги изгасна светлата во студиото каде што во изминатите близу две децении продефилира целиот политички, бизнис, културен и естраден естаблишмент, предизвикувајќи невидени емоции во јавноста.

Па има ли полоша слика за еден премиер кон кого во последниот месец моќната национална телевизија адресира огромни критики за негова желба да ја затвори телевизијата и да го задуши критичкиот збор?

Кон тие критики, како што напредува случајот со А1, се придружија и многу видни личности, интелектуалци, универзитетски професори, граѓански здруженија и политички партии. Груевски доби против себе многу поширок фронт отколку што можеби очекува.

„Се создава емотивна ситуација што ќе го прошири кругот на граѓани што не ја одобруваат постапката на власта. Прашањето е се' повеќе дали се работи за борба против криминалот или, пак, борба за отстранување на оние што му пречат на Груевски“, вели универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов. Власта, додава тој, ќе мора да се соочи со фактот дека се покажаа точни обвинувањата дека, всушност, води битка за затворање на А1 телевизија.

Груевски вчера не се појави со ниту една реакција во јавноста околу најновите случувања. Работата на Владата ја презедоа институциите и судството, кое вчера се изјасни дека нема незаконитост во блокирањето на жиро сметката на телевизијата и весниците - потег со кој се оневозможува нивното функционирање.

Но, затоа во политичките кругови и пошироко А1 повторно се врати како топ-тема, а најчестото прашање е кој ќе победи во овој несекојдневен танц на демократијата и режимот: А1 или Груевски?

Обидите вчера да се добие партиско мислење од ВМРО-ДПМНЕ останаа залудни. Впечаток е дека владејачката партија целосно се скри зад институциите.

Колеги-новинари од медиумите што се најдоа на удар на Владата вчера ни изјавија дека е невозможно да ја добијат битката без поширок граѓански фронт на нивна страна, вклучително и опозициските партии. „Нашите правни консултанти велат дека блокирањето на финансиите за секојдневно функционирање на телевизијата и на трите весници е незаконско и ја покажува заложбата на Владата да не' замолчи“, тврдат револтирано.

На одговор на нивниот повик, не се чекаше долго. Опозицискиот лидер Бранко Црвенковски објави повлекување на СДСМ од парламентот поради најновиот развој на ситуацијата. Повлекување најавија и Тито Петковски, Имер Селмани и други помали партии. Истовремено, агилниот Љубе Бошкоски, кој нема реална политичка сила на теренот, но се наметна како моќна фигура во креирањето на антивладиниот амбиент, се упати кон платото пред Владата придружувајќи им се на новинарите на А1 во жестоките критики кон постапките на Груевски.

Дали се проширува антивладиниот фронт?

По првичните критики дека опозицијата го искористи упадот во А1 на 26 ноември за сопствено промовирање, партиите околу СДСМ и СДСМ се повлекоа од орбитата на загрозената телевизија, но од вчера повторно се таму. „СДСМ од денеска оди на другата, вистинската и бидете сигурни победничката страна на барикадата - со народот и меѓу народот“, порача лидерот на опозициската левица, Бранко Црвенковски.

Американскиот амбасадор Филип Рикер само еден ден пред драматичното гаснење на светлата во централното студио на А1 ќе упати дипломатска, но прилично јасна порака до Владата:„Важно е да се има напамет дека постапките да се затвори независна телевизија, која има критички став кон Владата, ќе повлече многу нови прашања“.

„Обидите да се замолчи А1 нема да успеат. А1 дури и во темница ќе се обиде да зрачи“, драматично порача новинарскиот ветеран Чомовски, притиснувајќи го копчето за гаснење на рефлекторите на телевизијата.

Отворен и без ракавици судир со медиум не е нешто што треба да се потцени. Низ историјата многу европски влади, како и американскиот претседател Ричард Никсон, кој отвори војна против „Вашингтон пост“ по обелоденувањето на аферата „Вотергејт“, заминале во опозиција по отворање хајка против медиуми и загрозување на демократските вредности. Очите на Европа и на светот моментално се вперени во унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се обидува да г�� стави медиумите под контрола.

„Фејсбук“ вчера и завчера ноќта речиси експлодираше од дискусии за најновите случувања околу А1. Очигледно е дека „танцот на демократијата и режимот“ не го остава рамнодушен никого во оваа држава. Тоа е точката од која почнал пресвртот во јавното мислење во многу држави со такви афери.


#
Статијата е прочитана 4125 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 29.01.2011 12:29:27
Колку се ТЕШКИ разделбите и Пријателства,,,,,,,,,,,,Засновани од интерес.Во моментов подебелиот крај го крка Велија.Пошто кај Никола е чеканот и наковалната.Но подолго гледано сметките за не промислените потези ќе ги почуствува и Никола.Неможе да помине туку така 2007/8 година.Кога и двајцата јадеа од иста лајца.Нели го слушавме Велија што кажуваше.За се ова да се заташка шансите се (0).Епа на здравје нека им е.Што сеале нека жнеат.Ние ќе глеаме сеир макар и ГЛАДНИ.
Од: Стојко
Датум: 29.01.2011 12:53:38
Сега се води последната битка за Македонија: дали таа и понатаму ќе опстане како самостојна земја или ќе се распадне. Кој молчи и поради ситнополитички интереси не излегува на улица, тој станува соучесник. Еден ден ќе морате да им дадете одговор на вашите деца: зошто ја уништивте Македонија?
Од: Хитлер во Груевски
Датум: 29.01.2011 12:59:26
Ако еден ден станам лидер на една голема партија ќе работам само за партијата, но ако станам и лидер на државата ќе биде следново сите мои не истомисленици ќе ги ќе ги газам и ќе правам од нив најдолни да бидат и ќе им земам се што имаат и поседуваат. Но најпрво ќе го здробам својот народ, па потоа ќе удрам на медиумите и на крај ќе бидам владетел на оваа земја ќе нема кој да ми се спротистави ќе имам мед и млеко овој народ ќе страда и ќе ми се поклонува... Ако оваа земја Македонија го дозволи од овој Диктатор ова тогаш е она што мислам дека е препородениот Хитлер во Груевски. Господ нека ни е на помош. А1 биди медиум на демократијата и така остани оти на овој т.н лидер му се приближува крајот верувајте ми така е само храбро и смело против власта на диктатурата, на овој диктатор ќе му пресуди овој народ. Силата е во народот Власта е само двигател на земјата.
Од: alex
Датум: 29.01.2011 12:59:46
trebas odavna da ja zatvorat predavnicite na makedonskiot narod i drzava amin napred grujo...
Од: eden gragjanin
Датум: 29.01.2011 13:54:06
Tesko nas ako A1 i Velija se demokratijata vo Makedonija.
Од: sime
Датум: 29.01.2011 14:10:04
Ne mozam da svatam kako edna vlast pribegnuva kon represivna sila da go zamolci popularen medium?Mislam pravat ozbilna gtreska.
Од: bitolcanec
Датум: 29.01.2011 14:13:30
pozdrav do utrinski i prodolzete da gi podrzavate a 1 taka da i vas ve saka narodot
Од: Drug gragjanin
Датум: 29.01.2011 14:18:09
Tesko nas ako Janko, Milenko i Latas se demokratijata vo Makedonija
Од: P.
Датум: 29.01.2011 14:34:42
И Утринсли весник и секој друг медиум ќе поминат исто како А1ако работењето го засновуваат во спротивност со важечките закони. Тоа барем е јасно и неразбирлива е ова хајка што се подига во одбрана на медиум кој е со замрзната сметка. Па во државава со стотици фирми завршија на „буниште“ поради нивната инсолвентност предизвикана или заради сторени злодела спрема државата или спрема други субјекти. И никој од новинарите не застана барем во одбрана на тие фирми или барем на работниците од тие фирми што беа згаснати. Еден ден некој ќе се срами поради ова, нели?
Од: МетодијА
Датум: 29.01.2011 15:01:53
Фала ти Боже што утрински е наклонет на премиерот, па ќе преживее... Вчера еден мој пријател рече: Кога јавно можете да прашање и да одговорите на прашањето „Има ли демократија?“, тоа прашање е безпредметно. Ако ја нема не може ни да прашате, а камо ли да одговарате. Еве, авторката Соња, на пример: препознава демократ во Велија и диктатор во Никола. Со полно име и презиме му вели да диктаторот - дека е диктатор. Тоа го има досега направено барем стотина пати - и никој не ја замолчел, не се заканил не и ни пререкол... А пазете - нема демократија - има диктаторство! Не што не смее да пишува така, туку не смее ни да размислува така... А да ни сервира секретар на СДСМ како „универзитетски професор“, во диктатура треба да и е далеку од умот... Но таа смета дека народот за кој пишува е многу глупав, па си прави како сака...
Од: Hari
Датум: 29.01.2011 15:02:44
Do EDEN, epa za zal monemtalno tokmu Velija ja brani demokratijata vo drzavata i A1, Velija koi site znaeme deka rtabotel kriminalno, no sto e so kriminalcite vo Vladata, sto e so proneverite, sto e so unisteniot ugled na drzavata, sto e so Zingo i negoviot krimiunal, Konjanovski, Kancevska, Mama Nade??? Ne e valjda deka Sitel so Latas i Mirka deka ja branat demokratijata vo MKD, polnejci gi svoite dzepovi....
Од: jas
Датум: 29.01.2011 15:19:06
tesko na svetot ako uste nekoj se povika na demokratija kako ovaa na GRUJO nas.
Од: diplomat
Датум: 29.01.2011 15:43:55
Gruevski go brani imeto Makedonija i pravi prerodba vo 100 cekori. Kakvo potcenuvanje na inteligencijata na lugeto od ovaa zemja. Treba da si dade ostavka i povika predvremeni izbori, ako ima barem i troska svest..Ako ne go stori toa, ke bide smenet so masovni demonstracii na narodot. Na lugeto im e stemneto od negovata politika i sekojdnevnata teska ziveacka... Mora da zamine vednas.
Од: serdarot
Датум: 29.01.2011 16:09:29
Neiskustvoto si go cini svoeto, koga se raboti za presmetka so opozicija koja e drska i zelna za vlast.A1 e" bananata" koja ja postavija za da se lizne Vladata, Branko e star lisec i znae kako se doaga na vlast.No steta e sto nema drug izbor narodecov, ovaa vlada pocna strasno dobro no nesto se sluci i pocna kolata nadolu.Pa sega go primoruva narodot na slednite izbori pak da go izglasa BC.Mediumite trebase da gi ostavite nastrana od celovo politicko prepukuvanje.Velija ke laese i se ke si projdese bez golemi posledici.So vakvi merki ja prefrlivte topkata na stranata na opozicijat, sto iako ne e kadarna, dobi strasni poeni. No vo politikata taka e toa (tripati meri ednas seci) ili odluki vo afekt ili so emocii, obicno nosat losi rezultati.
Од: Трпе
Датум: 29.01.2011 16:21:48
Во моментот Груевски и А1 телевизија се како кучето и мачето.Некогаш тие може да бидат и пријатели но во моментот се непријатели.Тој што ја има власта нормално има и моќ и сила.Но Груевски треба да свати дека ништо не е вечно.Не само власта,да го земеме и авторитетот кој многу тешко се гради а многу лесно се губи.Но Груевски смета дека народот ке биде во длабок сон и лесно ке се заведува со илузионистички способности.Но многу греши,народот постепено се буди и свака кое е доброто а кое е злото и каде се стигнува со освета.
Од: Јован АН
Датум: 29.01.2011 16:52:19
Долго време се зборува дека судството ни е под притисок(чии ?),а сега во коментарот на другарката Соња стои дека “работата на Владата ја превзедоа институциите и судството“.А кој треба да се занимава со криминал ако не институциите и судството?Да ли треба Владата да ги расчистува арамилакот и затајувањето на даноци?
Од: Notre - Dame
Датум: 29.01.2011 18:16:28
Ова ќе го убие она, рекол дом Клод Фроло, еден од јунаците на Виктор Иго во Црквата на Богородица во Париз, после појавата на првите книги од печатницата на Гутенберг. Извик на пророк кој веќе слушал како бруи и ползи ослободената човекова мисла. Ова ќе го убие она, рекол дом Коло Грујо, бронзениот јунак од нашиот сокак. Извик на очајник во мемент кога спознава, дека ветрот на народниот дух ќе ја издува патриотската магла која ја шири, како параван за неговите барокни провизионерски потфати. Во историјата се запалени многу книги, ама вистината победила. Во Македонија ќе се затворат многу медиуми, ќе се уапсат многу луѓе, ама демократијата ќе победи.
Од: Goran
Датум: 29.01.2011 19:27:04
Nikakva steta nema da pretrpi. Velija e lopov i treba da odgovara za toa, a vrabotenite na A1 trebaa da znaat podobro odkolku da bidat plakani pod masa. Za sekoja akcija ima reakcija, a za lopovlukot na Velija ke plakaat 500 lugje. Kojznae, a mozda i Branko C. ke se ponudi da gi plaka, toa se 500 glasa za nego, barem moze niv da gi kupi.
Од: Професорка
Датум: 29.01.2011 21:25:09
Најчудно од се ми е што разни новинари се прашуваат каде е реакцијата на Премиерот. Зарем навистина не знаете како ќе одговори со својот скромен речник, во стилот “смешни се обвинувањата...“. И сите умираме од смеење низ солзи. Повеќе немам што да гледам на ТВ. Зарем Мирка, Латас, Јанко, Томиќ? Нека си ги густираат нив квазипатриотите. Мене само ме трујат со лаги и пропаганди.
Од: cane
Датум: 29.01.2011 22:06:22
Vo pravoto postoi presumpcija na nevinost, vie proponenti na vladata,ste so izmijen mozok bidejki vece glavivte krivci bez dokaz. Mnogu slucai imase koga vakvi obvinenija se podignivaa i propagjaa bidejki nemase dokazi. Nemojte da zboruvate na pamet za drugite lugje, mozebi vece utre vie ce postanete niv.
Од: patriot
Датум: 29.01.2011 22:31:10
kolku sto jas se sekavam i 2008 velija bese protiv vlasta pa ne gi spasi komunjarite od katastrofa.fakt e deka sdsm e vo raspagjanje sakale veruvale sakale ne veruvale jas licno mislam vakvi ne zasluzuvaat ni da pominat pokraj parlament
Од: bajamce
Датум: 29.01.2011 22:33:16
Jas sum protiv korupcija. Povejcheto sto se izrazuvaat na ovoj tekst se lugje shto ja branat korupcijata. Stvarno toa e demokratsko-svoi interesi svoe mislenje. Edno Me chudi, koga ima sondazi, pak Grueski i DPMNE vodat pred "kumunistite". Dali makedonskiot narod saka da zavrshi so "aramite"?
Од: Дони
Датум: 29.01.2011 23:18:17
Се дрзнале да затвараат медиум каков што е А1 и весници, сеат страв и ако никој не ги ни критикува а камо ли да им се спротивставува значи имаме вовед во диктатура. И на малите деца им е веќе јасно дека не се работи за борба против криминал, туку борба против критички настроени медиуми. Власта сепак треба да го слушне народот и да се коригира кога е потребно. Тие што ја поддржуваат власта и кога не треба не и помагаат многу гледано долгорочно. Ако се востанови вакво насилно затворање на медиумите и гушење на демократијата, во иднина и ако ситуацијата биде многу полоша нема да можат ништо да направат. Затоа сега не смеат да молчат, туку да се запрашаат во каква држава сакаат да живеат нивните деца. А кога ова може да им се случи на медиуми што целата меѓународна заедница го набљудува, замислете што може да им се случи на поситни фирми или на обичниот граѓанин утре?Сите ќе мораме да игра��е по орото на власта (па кој и да е на власт)?Изгледа тешкото ни било пишано.Или сами си го избираме.
Од: A1- Sto e toa!
Датум: 30.01.2011 00:05:34
Zamislite ako Veljo bese uspeal da se docepa do nekoe ministersko mesto posle tolku godini dranje i pranje mozoci po selata. Da toj sto se borese NAJVISE protiv siromastijata a posebno kaj zemjodelcite. Da toj istiot Veljo koj gi podrzuva siromasnite (socijalcite) ane plakja danok na drzavata koja ima teskotii sa se sprava so siromastijsta? Dali novinarite znaat oti A1 e sopstvenost na Velja? Ako Veljo nema psri da go plate zataeniot danok neka ja prodade A1 i drzavata neka si go zeme svoeto. Kolku Veljovci ima ovaa drzava, kplku psri se zatajuvaat i narodot posebno socijalcite ziveat od 2000 den. mesecno dodeka Veljovcite gradat divi objecti bez nikakva pocit prema drzavata? I sto znaci da nekoj zima pola-pola kash i prijavena plata, kako moze nekoj da si dozvole da raspolaga so stotici iljadi Evra vo kash dodeka nekoi lugje se prinudeni da burickaat po konenjerite??????? A toa sto A1 se pred vladata, toa e anti-drzavno i nekulturen cin od "posteni i nezavisni NOVINARI"Nikola good 4u
Од: R.R.
Датум: 30.01.2011 03:12:54
Posle ova Gruevski ke izleze so dignata glava i megu drzavite priznat kako vistinski borec za pravdata ,no kade ke zamine Crvenkovski???Ocigledno so ova si go fati patot kon nepovratot...Bravo Premiere,samo voda moze da ti nosat!
Од: Nesto ce se sluci
Датум: 30.01.2011 08:51:45
Se soglasuvam so Notre Dame. Gruevski se plasi od oslobodena covekova misla , posebno ako ne se sovpadja so negovoto antidemkratsko klise na razmisluvanje , kako djavolot od krst. Za toa e spremen da upotrebi i nepromisleni antidemokratski metodi. Toa skapo ce go cini" maliot firer od nasiot sokak" Vece prvite samari gi dobi uste vecerta od Riker. Kolku i dokade ce izdrzi zavisi od demokratskite kapaciteti i slobodarskiot duh na narodot, koj za zal moram da kazam niz vekovnata istoruija ne bile bas na najpotrebnata visina. No se se sobira , dodeka ne se stvori kriticna masa, a taa kako sto gledame vece se stvara. Dali ce se sluci "tuniskiot ili tiranskiot sindrom" prasanje e na vreme.
Од: tasko
Датум: 30.01.2011 10:05:34
poubavo e da stois pred vladata otkolku da pakuvas smoki ida te ubiva miris od przena riba ida zemas plata od 150 evra
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.01.2011 10:17:23
Нормално се одбегнува коментарот за привезокот ,,и јас сум А1,,Рикер вели,,ќе му го дадам на мојот внук,тој собира привезоци,,Дипломатски нокаут прворазреден кон желбата да се инволвира амбасадата на САД во случајот.Го посочувате оној од ОМ кој сиот демократски растреперен го повика своето ,,огромно,,членство да биде спремно за бој за демократија.Тоа е човекот кој изврши насилие врз изборната комисија 2002 год, разбирасе на ептен демократски начин,со оружје.
Од: Vineam Makedonski
Датум: 30.01.2011 11:19:36
gos. Kramarska poglednete poubavo sto kaza Riker jasno i diplomatski kriminalcite treba da odgovaraat a postenite novinari da si ja vrsat rabotata pa razmislete sto saka da kaze so toa gos. Riker...
Од: istoricar
Датум: 30.01.2011 12:35:55
grujo se odnesuva kako hitler hitler gi zatavrase edna po edna opziciskite medijski kuci toj donesuvase sto e moralno i sto ne toj izmisluvase praku noc zakoni toa go pravi i grujo zemete samo prmer otkop na dvorovi sto e smesno ama vtera strav vo koski na ludje...no duri i hitler mislese povece za narod otkolku grujo hitler praverse se da ima rabota za site i hitler napravi besplatno zdravstvo za site nesto sto ni na kraj na pamet ne mu padja na grujo naprotiv duri inevrsaboteni dsa nemat pravo na besplatno zdravstvo pa sto e toa ako ne ultrafasizam?????????
Од: realen
Датум: 30.01.2011 14:25:05
Obidot da se zamolci A1 e pukanje vo prazno. Makedonija ima lugje, koi imaat posiroki horizonti od onie na Ilindenska i sepak, na se ima kraj: Tunis, Egipet, Anglija, Francija-strajkovi so recisi zednicki imenitel. Dali toa Gruevski go sfatail vo Prilep, ne znam, no tolpa lugje go prepoznava kako obicen i neiskusen, bez barem ronka sarm (iako ne e vo takva pozicija) makedonski sarlatan, baron Minhauzen. Moze komotno da si javne nekoj zelen konj i da pobegne, velejki si: MKD, MKD, za konj-parafraziran Sekspir.
Од: Дејан
Датум: 30.01.2011 20:37:54
Да имаше новинари во медиумите на Велија, уште одамна ќе станеа да протестираат пред неговата вила поради диктаторската уредувачка политика. Сега т.н. новинари очекуваат дека криминалот на нивниот газда нема да смее да се казни, затоа што тој поседува телевизија. Ако им е на сите нив, дај боже да е -20 степени следните два месеца!
Од: Mudar
Датум: 31.01.2011 00:10:11
Zoshto redakcijata na utrinski ne e objektivna i dade sto kaza CUMU od A1 na vestite vo 19h , a toa beshe: da ne se mesha BC rabotata na A1 i davanje na lazna podzka za zbiranje na politicki poeni, zatoa sto rabotata mu e vo sobranie kade se biat politickite bitki, se natprevaruvat vo idei i meslenja...so ulicna politika kako ovie sto pravat nishto ne pravat tuku samo se glupirat i se pravat smeshni!!!
Од: realist
Датум: 31.01.2011 08:51:49
Како не Ви е срам да се ставате на страната на криминалот. Ги браните криминалците. Зосто сте запнале А1 па А1 зошто не ги видите илјадниците блокирани фирми и дуќанчиња? или за нив не ви е важно. Тие не се на опозицијата. Само слепец неможе да види дека ова е оркестрирана акција на очајната без визија опозиција. во неможноста да било што понуди со својата безначајна бројност и безидејност ја прифаќаат улицата како единствен излез. Очигледно таму и припаѓаат.
Од: Ванчо
Датум: 31.01.2011 10:23:27
Почитувани новинари на А1 Вашето обраќање до Владата на РМ е сосема нсоодветно и некултурно имате адвокати и тие треба да се обратат до судот.Ако на некого треба да се лутите тоа е сопственикот на А1 кој ја замешал во криминал.Кај нас обичните луѓе поради сите овие ЦИРКУСИ што ги правите постои основано сомнение дека еден дел од вашите колеги е замешан во криминалот инаку би одбрале сосема други постапки.

Најди! во Утрински
На прво место
Медиумите на Рамковски ќе работеле и без сметки
Шврговски
Реакции на загриженост од новинарската фела