|
|
|
|
|
|
Шврговски: Го браниме интересот на државата
Јавното обвинителство ќе одлучи до кога ќебидат блокирани сметките на 11 фирми на Велија Рамковски
Љубиша Станковиќ
„Замрзнувањето на сметките на 11 фирми на ’Перо Наков‘, меѓу кои и на А1 телевизија е законско, по барање на Јавното обвинителство. Станува збор за привремено замрзнување на банкарските сметки на фирмите, со цел обезбедување парични средства, кои се дел од истрагата за даночно затајување“. Ова е објаснувањето на надлежните судски органи на одлуката за блокирање на сметката на А1 телевизија и на уште десетина фирми на Велија Рамковски, што предизвика жестоки реакции.
Додека за вработените блокирањето на сметката е директен удар врз слободното новинарство и демократијата, за државните органи блокадата претставува сосема логичен потег. Според Јавното обвинителство што го поднело барањето, и судот што ги одобрил сите барања за блокада, ова е обид за заштита на државата, со цел запирање на неплаќањето данок.
Сопственикот на фирмите, Велија Рамковски, и уште дваесетина негови соработници беа приведени во декември лани во акцијата „Пајажина“ поради даночно затајување, перење пари, злосторничко здружување и други кривични дела.
Блокирањето на сметката на А1 телевизија се случува два месеца од влегувањето на инспекторите на Финансиската полиција и на Управата за јавни приходи во фирмите на „Перо Наков“, со цел проверка на наводите за избегнување плаќање данок и други давачки кон државата.
Најновата блокада на сметките што се случи во средата е по барање на Јавното обвинителство, кое смета дека големите долгови кон државата можат да се намират исклучиво со блокирање сметки.
„Точно е дека во средата поднесовме барања за блокирање сметки, меѓу кои и на телевизија А1, но точно е и тоа дека се работи за вкупно 11 компании, кои и досега беа предмет на истрага. Од сметките ќе бидат блокирани онолку средства за колку што има сомневања дека се затаени. Обвинителството нема ништо против доколку на сметката има повеќе средства од оние што ги побарува државата, компанијата да располага со тој вишок“, вели јавната обвинителка, Гордана Гешкоска.
Според неофицијални сознанија, некои од фирмите што се предмет на истрага и претходно биле блокирани по барање на други фирми што се јавуваат како доверители.
За случајот со блокираните сметки, вчера со конкретни бројки излезе јавниот обвинител Љупчо Шврговски. Според него, блокирањето на сметките претставува стандардна процедура кога има висок степен на сомнение, а со цел да се заштитат интересите на државата.
„Јавното обвинителство се грижи за заштита на интересот на државата. Не се работи за преседан, туку за стандардна процедура“, вели Шврговски и додава: „Никој нема ексклузивитет. Јавното обвинителство досега има поднесено ваква мерка против 25 лица и благодарение на тоа, бил обезбеден имот стекнат на криминален начин, кој на друг начин не сме можеле да го обезбедиме. Сугестиите на експертите од Европа се почесто да ги применуваме овие мерки за конфискација и замрзнување“, вели Шврговски.
Според Обвинителството, информациите дека се блокира работата на А1 телевизија се неточни. На сметката, според него, имало само 10 милиони денари, или околу 160.000 евра, и затоа ќе се замрзнуваат приливи се' додека не се стигне до сума од 4,4 милиони евра.
„Сочувствувам со негативните последици што ќе ги почувствуваат вработените. Тоа е моја лична емоција, но јас не сум задолжен за социјална политика, туку да ги бранам интересите на државата“, рече вчера обвинителот Шврговски.
Дека блокадата освен на А1 телевизија се однесува и на десет други компании со адреса на „Перо Наков“ број 60, потврдуваат и од скопскиот Кривичен суд.
„Во средата од Јавното обвинителство до нас беше доставени барање за блокирање сметки. Ние постапивме согласно со барањето на Обвинителството и решенијата за блокада беа доставени до банките. Блокирањето е во висина на која се однесува барањето, односно до одреден износ. Оние средства што се на сметка, а се над наведениот износ, не се наш предмет на интересирање. Истражниот судијата што ги донел решенијата за блокирање на сметките, согласно со законот, е должен да врши проверка на сметките“, ни изјави претседателката на скопскиот Кривичен суд, Лидија Неделкова.
Неделкова појаснува дека сметките ќе бидат блокирани се' додека тоа го бара Обвинителството. Дали и кога може да дојде до деблокада на сметките, засега е неизвесно. Евентуалната деблокада не зависи исклучиво од судот и од Обвинителството, туку и од Управата за јавни приходи што е компетента за утврдувањето на давачките кон државата.
Колкав е износот на затаените средства на фирмите „Акстра трејд“, „Време трејд“, „Плус продукција“, „Време Еч“, „Печатница Мисирков“, „Хедис ДОО“, „Синим ДООЕЛ“, „Унипроком Вемакс“, „Акс-стра ДООЕЛ“, „А1“, „А2“, „Стратус ДОО“, „Плус КОМ“, „Плус продукција“ и „Хедис маркети“, ќе треба точно да утврди експертски тим од вешти лица, а кои веќе од самиот старт на кривичната истрага добија судски налог за тоа. (Љ.С.)
|
#
|
Статијата е прочитана 1613 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 29.01.2011 12:31:37 |
|
Секоја чест глеаме колку ве интересират,Државните интереси колку за ланскиот снег. |
|
|
|
|
|
|
Од: Baba Kata od Sekilucu |
Датум: 29.01.2011 13:32:48 |
|
B ravo za Svrgovaki! Toa e kaubojot sto ni treba! SE GRIZI ZA DRZAVNIOT IMOTO ( Voopsto) KAKO RABIJAS ZA DRZAVA! Ne smeam da napisam uste nesto. Ubavo sigurno nema da bide! Ke mi ojde socijalnata pomos sto ja nema eve tret mesec! Na zdravje neka ni e na site! |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 29.01.2011 14:00:29 |
|
Veke stanuva se pojasno deka seta alabuka okolu A1 e da se zamolci mediumot koj edinstveno ne podlegna na poltronstvo. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitolcanec |
Датум: 29.01.2011 14:19:14 |
|
zasramise more bando korupirana uste ti imas lice da zboras za drugite ama vi idit krajot a da krajot nosi po debel stam ke ve stigni pravdata |
|
|
|
|
|
|
Од: P. |
Датум: 29.01.2011 14:23:40 |
|
Ова е добра прилика новинарите во Македонија да прогледаат. Не треба да се проблематизираат Владата, судството или некој трет. Парламентот под притисок на ЕУ и под мониторинг на експерти од Советот на Европа ги изгласаа: Законот за кривичната постапка (изгласан со двотретинско мнозинство) и Кривичниот законик. Прописите од овие закони не дозволуваат само „ситните риби“ туку и „крупните риби“ и секој друг кривично и материјално да одговараат. Замрзнувањето на сметката на А1 е сосема легитимна. Ниту еден субјект во РМ неможе да ја задржи противправно стекнатата имотна корис. Наменското излегување на новинарите од просториите на А1 и „отворање“ на студио испред Владата на РМ, е потврда повеќе за нивното непочитување на институциите на системот. Се чини, наивни се нивните очекувања, за злоделата на ул. Перо Наков, доколку такви навистина постојат, дека одговорноста треба да се препише на трите власти, на некоја партија или воопшто на народот! |
|
|
|
|
|
|
Од: spire |
Датум: 29.01.2011 14:33:02 |
|
Da Svrgovski..... go branis interesot na Grujo i familijata......za zal toa e realnosta...... |
|
|
|
|
|
|
Од: zrak |
Датум: 29.01.2011 14:47:28 |
|
Ovie drzavni obviniteli kako i sindikatite se najgolemi ligusi vo 20 godisnata nezavisnos na R.M. se pravat samo po naredba kojod sdsm koj od vmro.sto ne go pritvorat direktorite na beton 5 i dr za pronevera ,ili tie ke pominat samo so krivicni vo fioka oti ne e kritikova vladata |
|
|
|
|
|
|
Од: Човек кој размислува |
Датум: 29.01.2011 15:11:46 |
|
Како ќе се надокнадат 240 милиони денари на блокирана сметка која има 10 милиони, а фирмата нема да работи. Ова треба да го објасни обвинителот. Јасна е намерата и кој го наредил оваа. Дали обвинителот како човек има барем малку грижа на совест за луѓето кои сака да ги избрка на улица, а со тоа не ја заштитува државата туку само извршува туѓи наредби. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tome |
Датум: 29.01.2011 16:20:36 |
|
Еееј, па тука бил бе обвинителот. Значи сме имале и ние таков човек, а? Ееее, сега сум раат, добро е! |
|
|
|
|
|
|
Од: Благоја |
Датум: 29.01.2011 16:31:17 |
|
Човеков ги брани интересите на државата,а државата-тоа е нашето сонце од премиер,Никола Груевски ! |
|
|
|
|
|
|
Од: suada |
Датум: 29.01.2011 16:48:41 |
|
fali ti brate. a zosto ne ja zastitis drkavava do onie sto od REK ukradoa 7 milioni evra. tolku si jaden koga izleguvas na tv sto ocekuvame od nekoja strana da dobies samar od grujo kako vo monti pajton. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 29.01.2011 18:05:37 |
|
Кој беше овој Шврговски?Каде беше зачаурен досега?И сега тој ке кажува дека работел за државни интереси.Дали човекот има слушнато что се случува во министерството за транспорт,што се случува во министерство за култура,здравство,образование и други министерства.Дали има чуено за некој си Ѕинго,или овој не е од овде.Сигурно човекот бил во некој друг свет и не го интересира политика.За државни интереси се работи,некој мора да оди курбан.Но се знае кој ,овој кој ја напаѓа државатаКој не е со нас е против нас. |
|
|
|
|
|
|
Од: od ostrijot |
Датум: 29.01.2011 19:22:59 |
|
luge pogledajteja slikata na javnijot obvenitel ona se kevi kaze covekot e rasejan nesiguren vo samijot sebe no sto dapravi taka munareduva gazda grujo
ako negi sproveduva naredbite na gazdata kebide
izbrisen od sluzba covekot e bas za zaljene. |
|
|
|
|
|
|
Од: dekret |
Датум: 29.01.2011 20:09:37 |
|
A tebe koj ke te brani ko ke oj grujo v favor? |
|
|
|
|
|
|
Од: zoran |
Датум: 29.01.2011 20:53:40 |
|
gi branis interesite na partijata koja te postavi na ova mesto. |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 29.01.2011 20:53:45 |
|
Па никој и не се сомнева дека го браниш интересот на државата, читај Грујовистите и нивните пари. Дали барем еднаш постапи по укажувањата на антикорупциска за разни криминали на Власта? И на мали деца (не мислам тука на малумни кои не знаат да соберат 2+2 па бранат се што е портокалово) им е јасна твојата правда. |
|
|
|
|
|
|
Од: доктор, |
Датум: 29.01.2011 21:34:41 |
|
Ме зачудуваат новинариве во Македонија ,ако се блокира сметката на некој медиум од страна на суд заради неплатени фактури тоа било удар на демократијата ,а кога се блокира сметките на болниците во Македонија и немозеше да се набават лекови за пациентите немаше греење и струја тогаш истите тие новинари бараја да се затворан директорите затоа што немале пари болниците Нека фатат работа новинарите не само со мобилни да земат изјави него нека барат вистинска работа. |
|
|
|
|
|
|
Од: trajce |
Датум: 30.01.2011 01:35:13 |
|
za vremeto na lupco zrtvuvase dvajca koi bea stari ergeni izgleda grujo istoto ke go napravi ( vojo i lambe ) a koj ke bide sledniot ke vidime posle padot na grujo ergeni pazete se |
|
|
|
|
|
|
Од: R.R |
Датум: 30.01.2011 03:05:54 |
|
Navistina ne mi e jasno sto se slucuva so nekoi poedinci,od sto bolka patat?Nekoj ukradil pregolema para,drug pomaga vo toa a nekoj sto gi obvinuva e vinoven???Golema podrska do javnoto obvinitelstvo i samo neka prodolzi taka !!! |
|
|
|
|
|
|
Од: baba mara |
Датум: 30.01.2011 03:06:35 |
|
Novinarite se najgolemite reketari i ligusi. Neka imaat hrabrost pa neka kazat na koja osnova Velija im plaka pridonesi, a kolku zemaat vo kes.
Za dzabe se intelektualci koga ne moze da razberat deka kesot sto go dobivaat kako nadoknada ke im se vrati kako bumerang. Nemaat pamet ni kolku rabotnicite vo Jaka Radovis koj smelo izlegoja na protest da pobarat gazdata da im gi plati pridonesite. ako se glasnogovornici na narodot neka mu objasnat na narodot kako gazda Velija raboti, zasto site tie toa mnogu dobro go znaat. Se plasat da ne go izgubat i toa sto im go dava Velija, ama ne mozat da razberat deka intelegencijata ne e slepa i naivna. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola |
Датум: 30.01.2011 08:44:43 |
|
taka ke rabotat dodeka ne snosuvat odgovornost za dvojni arsini[rek.a1.beton5.....]koga obvinitelite posle smenata na vlasta ke odgovara nema da se javuva vo javnost po naracka tuku ako go pritiska vladata poprvo ke daj ostavka oti ke znaj deka go ceka zatvor.ama koj ke go zatvori-b.c.e beter toj gi ture temelite na se loso vo R.M. |
|
|
|
|
|
|
Од: ниџо |
Датум: 30.01.2011 09:27:31 |
|
Сите мерки се легитимни. И точка. Но, дали јавното обвинитество ќе преземе нешто против Зинго или Стојменов. Ништо не се подобри од Велија. Драго ќе ми биде ако еднаш се почне од големите риби, па било кој да е.Само конфискација на нелегално стекнат имот поже работите да ги покрене напред. |
|
|
|
|
|
|
Од: trpe od gradcko |
Датум: 30.01.2011 14:41:04 |
|
g-din obvinitel a zaboravivte da kazete dali so vaseto vremeno resenie celosno ja poprecivte rabotata na pravniot subjekt A1...ili za toa ne vie gajle...i ako imavte mnogu drugi zakonski moznosti so vremenoto resenie da gi imate so garancija toe pari a da ne se popreci rabotata na A1...ili se koristat site zakonski moznosti da se zamolci ednistevn nezavisen medium...toa vo interes na drzavata e..samo prasuvam..??? |
|
|
|
|
|
|
Од: od nikoj |
Датум: 31.01.2011 00:07:04 |
|
„Сочувствувам со негативните последици што ќе ги почувствуваат вработените. Тоа е моја лична емоција, но јас не сум задолжен за социјална политика, туку да ги бранам интересите на државата“, рече обвинителот Шврговски" Gospodine Svrgovski, vie ne ste nisto poveke od eden obicen sarlatan ako ne mozata da vidite deka bez narod nema da ima drzava. Se nadevam deka eden den ke moze nekoj da ja dade istata besmislena izjava koga vie bi letnale na ulica. |
|
|
|
|
|
|
Од: кики |
Датум: 31.01.2011 09:09:03 |
|
Господине Ш. ставиго предметот во фиока - па нека застари...... |
|
|
|
|
|
|
|
|