|
|
|
|
|
|
Реакции на загриженост од новинарската фела
Советот за радиодифузија, Здружението на новинарите, Самостојниот синдикат на новинарите и Македонскиот институт за медиуми реагираа со соопштенија за замрзнувањето на сметките на А1 телевизија и на весниците на „Плус продукција“.
„Советот за радиодифузија изразува загриженост поради одлуката на новинарите на А1 и А2 да ги напуштат студијата и да работат надвор и очекуваме институциите на системот да им обезбедат на медиумите соодветни услови за работа, во согласност со законите“, стои во соопштението на СРД, во кое се наведува дека, согласно со Законот, телевизијата засега редовно емитува програма.
ЗНМ ги повика институциите да ги овозможат сите законски услови за непречено функционирање на засегнатите медиуми додека трае истрагата за случајот „Пајажина“. „Во спротивно, Здружението ќе смета дека оневозможувањето за продолжување на работата на овие медиуми претставува удар врз слободата на медиумите и медиумскиот плурализам“, се наведува во соопштението на ЗНМ.
Од ССНМ апелираат до надлежните институции да ја имаат предвид специфичната улога и значењето на новинарите од медиумите чии сметки се блокираат, што неминовно ќе предизвика сериозни последици.
„Бараме Обвинителството и сите други инволвирани во овој чекор да ја преиспитаат одлуката со која им се прави непроценлива штета на демократскиот амбиент и на имиџот на земјата“, реагираат од Синдикатот на новинарите и воедно повикуваат за збивање на нивните редови.
Од МИМ сметаат дека „неможноста новинарите редовно и непречено да работат ги загрозува демократијата, слободата на медиумите, слободата на говорот и правото на информирање на граѓаните, како основни човекови права“. (Св.У.) |
#
|
Статијата е прочитана 1496 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 29.01.2011 12:37:17 |
|
ЗНМ Подржетеги вашите колеги.Утре може и вас да висе случи истото.Кој со било која Влада е црно мусе пишува.Несте вие Криминалци работетеја својата работа.Но под услов на Газдите да им кажете дека сте НОВИНАРИ.А не фигури.Вие без газдите можете тие без вас неможат. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pavel |
Датум: 29.01.2011 14:15:32 |
|
Ова е добра прилика новинарите во Македонија да прогледаат. Не треба да се проблематизираат Владата, судството или некој трет. Парламентот под притисок на ЕУ и под мониторинг на експерти од Советот на Европа ги изгласаа: Законот за кривичната постапка (изгласан со двотретинско мнозинство) и Кривичниот законик. Прописите од овие закони не дозволуваат само „ситните риби“ туку и „крупните риби“ и секој друг кривично и материјално да одговараат. Замрзнувањето на сметката на А1 е сосема легитимна. Ниту еден субјект во РМ неможе да ја задржи противправно стекнатата имотна корис. Наменското излегување на новинарите од просториите на А1 и „отворање“ на студио испред Владата на РМ, е потврда повеќе за нивното непочитување на институциите на системот. Се чини, наивни се нивните очекувања, за злоделата на ул. Перо Наков, доколку такви навистина постојат, дека одговорноста треба да се препише на трите власти, на некоја партија или воопшто на народот! |
|
|
|
|
|
|
Од: Јосив Давидов |
Датум: 29.01.2011 17:01:22 |
|
Не знам зошто толкава загриженост за емитување на програма во живо и на отворен простот, ова е демократија, на никого не му е забрането да емитува програма на отворен простор па зошто толку е чудно што ТВ.А1 емитувала програма на отворен простор, така сакале и така направиле, а можеби сакаат да си го подигнат рејтингот на гледаноста. А тоа што им биле блокирани сметките, тие најубаво си знаат зошто е тоа така, колку што јас знам во Р. Македонија за секој направен криминал се одговара според постоечкиот закон и не е чесно и коректно од новинарите во ТВ. А1 (ако се независни) како што се декларираат да застанат во одбрана на криминалот, затоа и немаат ама баш никаква подршка од народот, бидеејќи се “прочитани“ а тоа не поминува кај Македонскиот народот, освен кај некои кој се дебело платени, затоа тие сакале или не, мораат да дадат подршка за се’ па и за направен тежок криминал каков што е константиран во ТВ А1. Еднаш кога ќе го дадеш г.... под кирија повеќе нема враќање, а ќе си ги тр |
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 29.01.2011 20:41:27 |
|
Сега би требало Брисел да даде пари за работа на овие медиуми. Подобро да даде пари за единствената демократска реч во земјава, одошто да и подарува на државава разни грантови кои одат во ветер. Силна подршка до А1 и до ценетите весници. |
|
|
|
|
|
|
Од: cane |
Датум: 29.01.2011 21:44:14 |
|
Vladata mozese ako sakase, da go stavi pod hipoteka imotot na Ramkovski i opremata (koja ne bi mozela da se prodade). Taka vladata bi imala povece sretstva zamrznato otkolku sto gi ima sega. Ova e osveta za kritikuvanje. |
|
|
|
|
|
|
Од: R.R |
Датум: 30.01.2011 03:10:50 |
|
Da podrzuvas nesto sto e ispravno,no kriminal????Vo koja drzava ova go ima?Opozicijata zastanuva od stranata na krimainalot!!!! Srekna sum sto ovaa Vlada postoi i samo neka prodolzi napred! A Branko neka se izjasni zosto ja zatvori Nova Makedonija vo 2003 .....I dali toa ili ova e demokratija? |
|
|
|
|
|
|
|
|