Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Мислења

Мислења

Медиуми - 20 години иста состојба

Тодор Пендаров

Наместо сите пратеници да побараат да се испрати протестно писмо до ОБСЕ за писмото на еден бирократ, опозицијата него го употреби за дневнополитички обвинувања

Состојбата во медиумите, медиумскиот простор и новинарството во Македонија по предлог на опозицијата (што е во согласност со Деловникот) ќе биде точка на дневниот ред на наре��ната седница на Собранието. А во суштина состојбите во медиумите и медиумскиот простор се исти веќе дваесет години.

Доказ за ова се годишните извештаи на Фридом хаус, според кои во изминатиот период (20 години) Македонија не е мрдната од местото на делумно слободни држави кога станува збор за медиумите. Во информацијата која ја подготви опозицијата за оваа точка на дневен ред, а која е достапна на веб-страницата на Собранието, стои дека состојбите во медиумите и во медиумскиот простор кај нас се влошиле од 2008 година. Чудно, како до 2008 година состојбите во медиумите да беа нешто подобри. Доказ за ова, според информацијата, е фактот дека газдите на Сител телевизија, Канал 5 и АБ биле лидери на политички партии кои се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Точно, ама Сител и Канал 5 не се од 2008 година. Патем, на сегашната опозиција не и' пречеше кога истите тие газди беа во коалиција со СДСМ, а нивните телевизии дуваа во тиквата на СДСМ. Е сега кога газдите ги сменија партиските дресови, а со тоа и „музиката“, е тоа е веќе „катастрофална положба“ во медиумите, а одговорна е само Владата?! Понатаму во информацијата се наведува дека МРТВ е целосно узурпирана и претставува „партиски билтен на ВМРО-ДПМНЕ“.

Трагедијата на МРТВ, како економска така и професионална, започна веднаш по осамостојувањето. Имено, секоја владејачка гарнитура кај нас сака да има целосна контрола врз јавниот сервис. Само ќе потсетам на еден факт. Во периодот 1994-1998 кога на власт беше СДСМ со либералите, на чело на МРТВ беше госпоѓата Мелпомени Корнети. Кога некаде на средината на мандатот либералите ја напуштија коалицијата, директорката, госпоѓа Корнети, беше сменета токму во Собранието од страна на мнозинството (читај СДСМ), иако важеше за добар и успешен директор на јавниот сервис. Зошто се заборава за време на која Влада во зградата на МРТВ „се насели“ и полицијата, па така ние денеска сме единствена држава во светот каде што на зградата на јавниот сервис поред таблата на МРТВ стои и табла на Министерството за внатрешни работи.

Зошто се заборава дека токму за време на директорувањето на госпоѓа Стошиќ и владеењето на СДСМ (2002-2006) во јавниот сервис беше укинат вториот канал на македонски јазик, а беше формиран некаков хермафродитон (од формално-правен аспект) Собраниски канал. Така до ден-денес македонскиот народ како мнозински е единствен во Европа кој на јавниот сервис има само еден програмски појас што треба да ги задоволи сите функции, а не само информативни емисии. Навистина оваа Влада, како така, го уреди прибирањето на радиодифузната такса кое за време на госпоѓа Стошиќ беше околу 2 процента, ама, за жал, остана горенаведените прашања и проблеми.

Во информацијата по која ќе се расправа на седницата на Собранието, опозицијата посебно ги наведува забелешките на меѓународните организации и на други странски субјекти околу положбата на медиумите кај нас. А тие забелешки во изминатиов период (20 години) горе-долу се исти. Овој пат опозицијата како клучен доказ го наведува она „фамозно писмо“ од ОБСЕ потпишано од страна на еден бирократ (Дуња Мијатовиќ). Околу ова писмо пред одморите се наслушавме се' и сешто, а главен аргумент на опозицијата беше дека претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, го криел писмото од пратениците. Иако од ОБСЕ ова беше демантирано и стигна извинување дека фамозното писмо прво било испратено до македонските медиуми, а дури потоа до претседателот Вељаноски, опозицијата и понатаму продолжува со овие обвинувања, а сигурен сум дека и на идната седница ќе ги слушнеме.

Наместо сите 123 пратеници да побараат од претседателот Вељаноски да испрати протестно писмо до Парламентарното собрание на ОБСЕ во кое ќе се протестира за непримерната комуникација на еден бирократ со претседател на парламент на една суверена држава и рамноправен член на ОБСЕ и на вистински начин да ја заштитат функцијата претседател на парламент, без разлика кој ја врши, опозицијата го употреби писмото за дневнополитички обвинувања и обид на кревање на својот рејтинг. Наместо да се побара од нашето Министерство за надворешни работи информација дали нашиот амбасадор во ОБСЕ упатил демарш за вакво недипломатско однесување на еден бирократ, кој е платен и со наши пари, опозицијата покажа дека свеста за државотворност и по 20 години не излегла од лулка.

Како и да е, информацијата (во неа нема ниту буква како да се реши положбата на медиумите, новинарите и медиумскиот простор) е тука пред нас. Ако некој очекува дека и по расправата нешто ќе ��е смени, едноставно се лаже. Положбата на медиумите и новинарите е комплексно прашање кое не може да се реши со една расправа во парламентот. За негово решавање парламентот е само еден од субјектите. Исто толку, ако не и повеќе, важни се и другите - од Здружението на новинари како професионална асоцијација, потоа Синдикатот, па се' до невладините организации. На крајот, пазарните законитости (во нормална држава), а пред се', јавноста е таа што ја одредува положбата на секој медиум, ама, како што реков, во нормална држава. Дотогаш и понатаму според Фридом хаус остануваме во групата на делумно слободни држави, во која сме веќе 20 години!

П.С. А1, „Време“ и „Шпиц“ не ги споменав зашто започна судскиот процес и го почитувам основното начело на демократијата за самостојноста и независноста на судската гранка.

(Авторот е новинар)


#
Статијата е прочитана 819 пати.

Испрати коментар

Од: констернирани
Датум: 19.08.2011 01:10:37
Демагогија, Пендаровски, демагогија! Ако, а приори, се сложиме со сите твои констатации, дали тоа значи дека за состојбата во медиумите не треба да се дискутира? Дали тоа значи дека бидејки и порано не било подобро тогаш и понатаму новинарството треба да остане во очајна состојба какво што е сега? Доста со таа прозирна демагогија “и вие така правевте“ Ако било лошо не значи дека не треба да се поправи, ако било под политичко влијание, така ли треба да остане? И кој да се бори за слободата на медиумите ако не опозицијата и невладиниот сектор? Барем така е во нормалните држави, нели? Штета, и ти беше новинар и наместо да ја браниш слободата и достоинството на професијата, ти се ставаш во позиција на апологет на недемократска власт. длабоко жалам
Од: Nekoj
Датум: 19.08.2011 07:08:50
Kaj opozicijata vo Makedonija ima eden cuden mentalitet.Se od strana e prekrasno, da ne kazam ima duri i deliriumsko dejstvo, dodeka pak ako nekoj pameten predlog dojde od strana na domasen politicar, toa vednas se smeta za glupost.Ama taka e toa, zatoa sme dojdeni do ova.Videte sto se sluci so novinarot vo grcija, namesto da mu izlezat vo presret, i od toa da napravat vistinski mediumski bum, koj ke ja dokaze "demokratijata" kaj juznite, tie go obvinija deka prigrabuval nekakvi poeni.Samo za dzabe se nadevame deka nesto ke se smeni, toa ni e nasledno.Protest? , narodski kazano, "se nema muda".Plukaj, vikaj ,pcuvaj po svoeto, toa e kaj nas, a vozvisuvaj tugjo.Ne e ni cudno sto nikoj ne ne pocituva.
Од: СДС - 20 години исти
Датум: 19.08.2011 07:33:03
СДС ги боли нога за новинарите, состојбата на медиумите или пак за слободата на говорот. Ги боли само затворањето на Рамковски и расчистувањето со криминалот во кој веројатно учествувале заедно.
Од: Bogomil
Датум: 19.08.2011 07:40:27
Само кога би се потсетиле на твоите настапи додека бече собраниски телал, во служба на тогашниот спикер Љубиша Георгиевски. толку срамно, лигаво, безрбетно изгледаше, што твоите колеги новинари се прашуваа - дали навистина е можна таква трансформација кај човек што и припаѓал само до вчера на нивната фела. И оваа твоја колумна, господине Пендаровски го потврдува фактот дека поседуваш исклучиво подајнички манир, додворувачки кон власта и единствено настојуваш да го сместиш твојот задник што поудобно во скутот на власта. Немаш ниту јота авторитет и кредибилитет кај новинарите, за да расудуваш на теми што се дел од нивниот професионален и социјален статус. Во крајна линија нивните неволји се продукт токму на хермафродитни суштества од твој ков - новинарски ветровејки...
Од: познаник
Датум: 19.08.2011 08:01:33
Точно е дека треба да се брани функцијата Претседател на Парламент но исто така треба да се почитува и самиот Парламент кој ќе има расправа за состојбата во медиумите. Како знаете Вие Господине Пендаровски како ќе дискутира опозицијата? Настанот сеуште не се случил. А вашата теза дека и опозицијата кога била на власт така правела не може да биде сериозна и е ништо друго туку политички памфлет кој најмногу го користи токму власта. И најважно, прекрстете се пред да ја споменете Фридом Хаус. Во извештаите на Фридом Хаус, Стејт Департмент и Комисијата на Европска Унија како и во многу изјави на странски дипломати е констатирано влошување на состојбата во медиумите. Вашиот коментар за Време и Шпиц е недостоинствен. Сличен со ситуација кога некој сеирџија бил сведок на убиство и ништо не направил за да го спречи или пријави обидот али сега се повикува на постапката на судот!? Денес не постои печатен или електронски медиум каде оние што не мислат како власта можат слободно да се изразат.
Од: toni
Датум: 19.08.2011 08:21:18
koe sudstvo go pocituvas ko_ju eden,i pak sdsm bile krivi,mozebi imalo greski i togas koga bile drugi na vlast ali kako sto e sega nikogas ne bilo vo makedonija,zato da prestaneme da se nadmudruvame i da se fakjame za rabota i da ja turneme ova diktatura,ali se dodeka ima takvi kako tebe pisacu tesko nas tesko i na makedonija,se glumi ludilo se glumi neopredelenost a drzavata ni propagja!!!pozz do site sto razmisluvat so svoja glava,hail nikola!!!
Од: todor
Датум: 19.08.2011 09:05:26
do konsternirani.bivsiot novinar e najkompetenten da go komentira naseto novinarstvo zatoa sto toj e novinar koj sto zanaetot go ucese i dolgi godini go rabotese vo zemjite koi odamna se visoko ceneti clenki vo EU te zaradi toa negoviot komentar treba da bide visoko respektiran od naseto novinarstvo a ne konfrontiran od novinari koi ne izlegle nadvor od drzavata ili uste poloso-nzdvor od PARTIJATA SDSM
Од: Читател
Датум: 19.08.2011 10:28:39
Госп. Пендаров сте се обиделе да се скриете зад 20 годишен период. Се правите на Тошо како да не знаете дека оваа авласт е веке 5 години и дека никогаш немало полоши оценки за медимските слободи. Ако другите грешеле во оваа свера меѓудругото и за тоа ги изгубиле изборите. Што направи ВМРО во овие пет години. Пустош. Е тоа не го гледате, туку бла, бла, филозофирате. Ке сте чекале судот да одлучи за гаснењето на А1, Време, Шпиц Кохе е ре па да кажете што мислите. Ајде ви се молам не знаете што ке одлучи судот. А цела Македонија знае. Срамота е она што го пишувате. Сте се обрукале.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 19.08.2011 10:44:38
По случај на околностите имав можност, на „лице место“ да ги следам промените што се случија во Полска во 1989 година, кои потоа како зараза се ширеа и во сотанатите поранешни социјалистички земји. Морам да признам дека бев не само импресиониран од брзината со која беше воспоставена деомократијата во Полска, туку и заразен од вирусот на полската демократија. На основа на стекнатото искуство, настојував да дадам свој придонес во трансформацијата на Македонија како држава и на македонското општество. Уште на почетокот јавно предупредував дека Македонија е поставена на погрешен колосек, но, моите предупредувања беа целосно игнорирани! СДСМ дури сега ја плаќа цената за погрешното владеење! Сега залудно ги предупредувам „преродбениците“, но, верувам дека и тие наскоро ќе мораат да ја „платат сметката“ за своето арогантно и тоталитарно владеење!
Од: ivo
Датум: 19.08.2011 11:52:18
Politikata gi postavi svoite "alki" nasekade vo opstestvenoto ziveenje! Alka vo mediumite, Alka vo univerzitetite, Alka vo obrazovanieto, Alka vo klinikite, Alka vo Opstinite, vo sudovite , nevladinite, kulturnite i vo site drugi dejnosti! Alka po alka, sindzir! E posle kako nema da ide rabotata! Ide! A do kaj ke stasame ke vidime! Taka i za mediumite , kako del od site gorenavedeni alki na mok i vlijanie , nema sto posebno da se diskutira! I tie se del od sindzirot na opstestveno ziveenje ili "opstestveno ziveenje vo sindziri" kako sto nekoi go narekuvaat !
Од: za Todor
Датум: 19.08.2011 12:38:55
Ah bre "Todor", i vie vadite demagoshki argument deka "bivsiot novinar e najkompetenten da go komentira naseto novinarstvo zatoa sto... dolgi godini go rabotese vo zemjite koi odamna se visoko ceneti clenki vo EU te zaradi toa negoviot komentar treba da bide visoko respektiran..." Pa i Mirka Velinovska beshe 1 godina ne vo Slovenija tuku vo London, pa shto? Da ne e kompetentna? Da ne e pomal apologet na segashnata vlast od Pendarov? Pendarov odnapred dava ALIBI na petgodisnoto vladeenje na VMRO-DPMNE za ochajnata sostojba vo mediumite, toa e spinuvanje na vistinata, toa e strashnoto!
Од: „Браво“
Датум: 19.08.2011 14:30:25
Абе шупак си е шупак или глупак си е глупак, или навивач си е навивач (подржувач). Состојбата била „иста“ само што сме паднале за „само околу 40 места“ од минатата до оваа година. Дај бре „искусен“ новинар изнесувај податоци а не само како слепа кокошка погодуваш по некое зрно. За А1 не коментираш(!?) ама веќе си прочитан што сакаш да кажеш.
Од: zik
Датум: 19.08.2011 15:31:55
a bre ''makedonche''....
Од: Do bravo bravo druze moj
Датум: 19.08.2011 15:42:56
Pecurkite na FRCE go unistija novinarstvoto,ako moze da se kaze deka e unisteno.Ama so najvece mediumi po glava na zitel itoa 80% opozicioni makedonija e lider vo SVETOT ,a titvite zeleni sto odat po mislenje od nekoi belosvetski spiunski NGO-a nemaat pojma od zivotot ili taka im cini(ako me svacas)
Од: David
Датум: 19.08.2011 15:47:53
ЗА ТОДОР Не се некомпетентни оние што критички гледаат на ставовите на Вашиот ценет ,,авторитетен,, новинар кој долги години бил дописник од Словенија, земја која сега е членка на ЕУ. Уште полошо Тодоре, Словенија отиде во Европа, а Пендаровски потона во балканската жабокречина. А еден од оние што му забележуваат на ставовите, доколку Ви значи нежто, е долгогодишен новинар, уредник, дописник од странство, и тоа од земји кои биле Европа и Свет, а не од такви кои вчера стапнале на тлото на ЕУ. Почитувајте ги туѓите ставови, кои се темелат на аргументи и имаат само добри намери за македонската журналистика, која страда главно од шупливи глави...

Најди! во Утрински
Мислења
Анамите на анемичната опозиција

"""