Број 3660  петок, 19 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Мислења

Мислења

Анамите на анемичната опозиција

Гордан Георгиев

Во авторитарен модел на владеење не постојат независни интелектуалци и борбата ја водат сите критички настроени општествени фактори

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Потребата од воспоставување дијагноза на нашево општество и особено на режимот што владее со државата се покажува повеќе од неопходна, особено по предвремените парламентарни ��збори. Опозицијата беше критикувана дека излегла со тезата оти „СДСМ не се соочи со обична партија на власт, туку со режим што ги впрегна сите државни институции (пред се', полицијата и администрацијата) за да дојде до победата на изборите“. Можеби некому оваа констатација му изгледаше како правдање за поразот или накаков друг тип алиби, но, ајде да видиме, особено по 5 јуни, каква е Македонија и со што се соочуваме.

Ова не го кажувам за да го ублажам или оправдам поразот (повторувам, тоа ниеден претставник на опозицијата никогаш не го кажа), туку за да размислиме за потенцијалните лекови, методи и дејствување на опозицијата во идниот период.

Мојот став е дека сегашниот старо-нов режим во Македонија има изразени карактеристики на авторитарен режим, со одредени (помалку или повеќе успешни) обиди за воспоставување тоталитарни практики. За да го претставам ова поблиску до читателите и за да не се расфрлам со теории и автори на недемократските режими, ќе се послужам со наједноставната и најдостапната референција на интернет, Википедија.

Имено, таму е наведено дека авторитарно владеење значи кога власта и политичката моќ се концентрирани во една мала политичка елита (избрана на избори или самонаметната), која поседува речиси ексклузивно право да одлучува за општествените процеси. Авторитаризмот се разликува од тоталитаризмот по тоа што во првиот случај, сепак, постојат општествени и економски институции што не се под директна владина контрола. Висока концентрација на моќ, централизирана моќ што се одржува по пат на политичка репресија и исклучување (елиминирање) на потенцијалните предизвикувачи на власта (читај: опозиција).

Авторитарното владеење често значи и обиди за, директно или индиректно, местење на изборите, политички одлуки што се донесуваат зад затворени врати од неколкумина, како и администрација која често функционира независно од законите или спротивно на законите. Конечно, ваквиот режим покажува нагорна тенденција за загрозување на правата на граѓаните и многу малку толеранција кон опозицијата (формалната опозиција или разни други форми на граѓански изблици на критика на режимот). Некои автори (Теодор Вестал) велат дека кога авторитарниот режим ја „затегнува“ контролата врз општеството, кога репресијата станува се' поголема, тоа е знак на слабост и губење на легитимитетот на власта. Јас наслушнав, иако, можеби, е шпекулација, дека Никола Груевски бил многу изненаден и вознемирен од фактот дека опозицијата освоила толку многу гласови на последните избори и се чудел како е можно толку многу луѓе да гласале против неговиот самовозљубен режим. Доколку ова е точно, а познавајќи го владеењето „под стаклено ѕвоно“ на оваа власт, тогаш не ме чуди зошто власта се одлучи да направи вакво пеколно лето на пресметка со политичките неистомисленици, веднаш по изборите. Тука, пред се', мислам на апсењето на Љубе Бошкоски, обидот да се скрие убиството на Мартин Нешкоски, дефинитивното затворање на А1 телевизија и дневните весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, ужасните манипулации и политички пресметки преку процесот на лустрација, како и нелегалното уривање на објектот „Космос“, во сопственост на пратеник од опозицијата.

Ќе потсетам, дека само на примерот со А1, власта и премиерот пред изборите постојано аргументираа дека во Македонија не може да се зборува за медиумски мрак кога, еве, А1 зрачи во етерот. Е, па, веќе не зрачи, драги читатели, а сите релевантни меѓународни медиумски и новинарски здруженија отворено зборуваат дека има сериозно назадување на медиумскиот плурализам во државата.

Сето ова го пишувам со една цел. Веќе пет години, откако Груевски е на власт, сите се однесуваме и дејствуваме како да се работи за демократска власт што лошо владее и која треба да се демаскира, да се критикува, да се бориме против неа со сите расположливи орудија на едно демократско општество. Кога велам „сите“, мислам на критички настроените медиуми, невладините организации, независните интелектуалци (што и да значи тоа денес во Македонија), меѓународната заедница и, секако, опозицијата на чело со СДСМ. Дури и оние (признавам, јас сум еден од тие) што отворено повикуваат на демаскирање и точна дијагноза на овој режим, во сите постапки и дејствувања де факто се однесуваат/се однесуваме како да се работи за нормален демократски режим.

И, на мое големо изненадување, во време кога режимот на Груевски без срам и перде се пресметува со секој што се дрзнува да дејствува против него, во последно време се појавија во јавноста одредени критичари на опозицијата со тезата дека во ваква драматична ситуација во државата опозицијата е анемична, не реагира доволно радикално, не повикува на протести, отишла на одмор итн. Со должна почит кон овие безимени и јавни критичари (некои од нив и навистина прекалени борци за демократија во услови на релативно нормална демократија), сакам отворено да им кажам дека сите ние (ние и тие) сме во очигледна заблуда и стапица наречена „погрешна дијагноза“. Имам впечаток дека кога тие ја бараат опозицијата да реагира на рушителските потфати на власта, тие го зборуваат тоа од некоја друга позиција, од некоја мета-состојба, која мене ми е непозната. Доколку на сите нам (ние и вие) дијагнозата ни е точна (а тоа е дека се работи за авторитарен режим), многу е чудно кога за борба против таквиот авторитарен режим се повикува опозицијата, а не се повикуваме и сами себе.

Опозицијата, драги пријатели, не е една група „теледиригирани овци“, која со притискање на копчето ќе излезе на улица, ќе протестира, а некој друг ќе седи дома и ќе набљудува од комотната дневна соба. Ви тврдам дека не е така, дека тоа се луѓе од крв и месо, со сопствен разум, кои од една или од друга причина одлучиле активно и јавно да се вклучат во борба против овој режим. Со сите последици и лузни што им се прават во текот на борбата. А верувајте, последиците се страшни, особено за сите оние непознати активисти што секојдневно се наоѓаат на отстрел на власта или локалните партиски моќници од власта. Затоа, дајте малку повеќе да ги почитуваме тие луѓе, тие наши соборци. Затоа што во изминатиов период, кога опозицијата сакаше и се чувствуваше повикана да застане во одбрана на човекови права (убиства, тепачки на студенти итн.), бевме прогласувани за непожелни бидејќи „ќе сме го обоеле политички настанот“. Ако сега, по ваквиот исход од изборите, не сфатиме сите заедно дека нема веќе простор за независно граѓанско општество, дека во авторитарен модел на владеење не постојат независни интелектуалци и дека борбата ја водат сите, ама буквално сите критички настроени општествени фактори, оваа власт нема да падне. Можеби ќе се самораспадне, но последиците од тоа ќе бидат многу поголеми.

Јас го разбирам вашиот порив за независност, не грижете се, сум го имал и јас кога бев дел од невладиниот сектор и уживав во мојата независност и отмено распалување кон сите општествени феномени, но ѓаволот одамна ја однесе шегата. Затоа, ајде прво сите заеднички да го победиме овој режим, да воспоставиме демократски правила на игра, а потоа ќе уживаме да се критикуваме. Во еден авторитарен режим, никој што мисли со своја глава и кој ја сфаќа сериозноста на ситуацијата, нема морално право да се прогласи за „ненадлежен“.

(Авторот е пратеник)


#
Статијата е прочитана 2703 пати.

Испрати коментар

Од: Emilija Simonovska
Датум: 19.08.2011 00:21:12
Gordane ,mozime nie da se obedinime okolu platforma za turkanje na ovaa vlast,no nemozeme da se obedinime so Savova,Ivanovski i Stankovic pa ako sakas i sose Branko.KADA JE VUK OTISAO ,MILOSEVIC JE PAO.Tebe vo taja timba ova da ti se VREZI.A Vuk nije otisao SAM.Zarem Ti i drugite tamu veruvaat deka moze nekoj da se obedini so ama i vo zaednicka platforma so Savova,Kosta Jankovski,Branko Crvenkovski,Emilijan Stankovic,Mincev.Pa ti ovde stvarno ne manipuliras deka nie gragjanskoto opstestvo sme na strana,Pa sme nastrana zaradi ovie.Pa imas li malku sram vo tebe.
Од: konsternirani
Датум: 19.08.2011 01:45:49
Se' dodeka ne se obedinija site demokratski sili vo Srbija, se' dotogash vladeeshe Miloshevic. Bez obedinuvanje na opozicionite partii, nevladiniot sektor, sindikati, ad hok grupi, istaknati poedinci, profesori, studenti i t.n. nema demokratija i napredok vo Makedonija; ova e staro pravilo
Од: Prilep
Датум: 19.08.2011 02:27:20
Ne e problemot vo toa sto tie ke se samoraspadnat! Problem e ako se prodolzi samo so "prikazni" ke ja izgubime drzavata, a sto e najloso veke sme pominale dobar pat od taa faza. Se plasam deka veke e docna. Daj boze da ne sum vo pravo,no togas "VREME E"
Од: одлично
Датум: 19.08.2011 02:30:37
ОДлично срочено. Имаш право од прв до последен збор. Како сеуште да не сакаме работите да ги нарекуваме со вистинските зборови. Затоа и пројдоа оние идиотските спотови кога жената кречи, а мажите викаат “диктатура“. Ама, како што велиш, ѓаволот ја однесе шегата. Потребен е широк опозициски фронт и отпор! Без комплекси. Без колебање. Без страв!
Од: Od pticja perspektiva
Датум: 19.08.2011 04:26:46
Smetam deka koga SDSM e na vlast postoi pogolema sloboda za kritika na istata. A i SDSM e pootvoren za kritika i partijata odsekogas imala luge koi, za razlika od VMRO-DPMNE, zlaele da prifatat kritika i da se preispitaat. Za VMRO-DPMNE ne mozam da go kazam istoto. Toa e zbirstina na poltroni so nedovolen intelektualen kapacitet i neogranicna servilnost kon liderot. Toa bese taka vo Ljupcovo, toa e taka vo Grujovo vreme. Razlikata e ogromna za toj sto saka da aj vidi.
Од: Maja od skopje
Датум: 19.08.2011 07:18:17
Ne e problemot g-ne Georgiev, sto padna A1. Problem e sto ne padnaa site mediumi sto rabotat nezakonski i so dubari. Ne e problem sto se uriva Kosmos. Problem e sto ne se urivaat pomali i pogolemi gradezni objekti sto pravat isti uzurpacii kako Kosmos. Vladeenje na pravoto, strucno i neselektivno, toa e toa sto ni e potrebno. A da, problem e toa sto SDSM zastana zad A1. Narodot nema da se obedini okolu partija sto podrzuva kriminal, pa makar i selektivno otkrien.
Од: Komentator
Датум: 19.08.2011 07:33:02
Доколку на сите нам (ние и вие) дијагнозата ни е точна (а тоа е дека се работи за авторитарен режим), многу е чудно кога за борба против таквиот авторитарен режим... E pa tuka ne se soglasuvame site i tuka e vasiot problem. Ne se raboti za diktatura bidejki ne samo sto ima slobodni izbori (na koi gubite poradi destruktivnosta i bezidejnosta koja narodot ja prepoznava) i po preporakite na EU deka sme spremni za pocetok na pregovori za vlez. Bi dala EU preporaki na diktatura??Pa mislete malku sto zboruvate.Videte sto se i koi se diktatroite po svetot koi pukaat na svojot narod.Pa kako mozhete so Milosevic sporedbi da pravite?Imate li malku mozok ili moral?Pa ne vidov Gruevski (ili "rezimot") da prati tenkovi kon Kosovo, Srbija ili Grcija. Ima li?Ne vidov "rezimot" da ubiva nacionalni malcinstva a naprotiv, dobro se integrirani so site prava. Od kade rezim?Pred vratite na EU?Zatoa sto gubite izbori?Problemot e vo vas.Koga ke izlezite so ideja, konstruktivnost, togas moze i ke ve glasame.
Од: Се' додека не се свестат дека се Македонци - ќе губат
Датум: 19.08.2011 07:44:52
СДС изгубиле поради полицијата и администрацијата? Поголема глупост уште не бев прочитал. Тие изгубија затоа што се однесуваа(т) предавнички во поглед на името. Кога најголемата опозициска партија делува така, можеме да ја изгубиме и државата и името и идентитетот. Токму затоа, за да се зачува името, потребна е извесна доза авторитарност. Тоа добро го чувствуваат граѓаните. За жал, тоа се уште не го разбраа челниците на СДС.
Од: toni
Датум: 19.08.2011 08:13:40
site zaedno protiv firerot-hail nikola~!!!
Од: obicen
Датум: 19.08.2011 08:25:23
Dajte bre reformirajte se vekje ednas i sto obrnuvate vnimanie na Nikola Mladenov, Erol Rizaov i slicni upikuvaci od Brisel i Sorosi. Otkacete se bre od toa i od strancite. Pocnete konecno da razbirate sto e Makedonija i koj vi se glasacite. Ne vi trebaat nikakvi revolucii i protesti zaradi Canovski ili Velija, tuku vnatresno prestrojuvanje. Vakvi ne ste nikakva alternativa na Grujo koj gradi i raboti. Plackovci niedni.
Од: Александар М.
Датум: 19.08.2011 08:44:21
Добро бре човеку. Нели гледаш дека си толку контадикторен, дури и смешен. Колку пати, ти самиот, овој "режим" си го нарекол со двете имиња, авторитарен и тотлитарен? Можеш ли да се одлучиш за каков "режим" се работи или така ти наредил папата да кежеш, па ти како слободоумен и воспитан во духот на демократијата, сервилно изнесуваш во јавност "свое мислење". Како не успеа во Википедија да прочиташ нешто за едноумието, каде што пишува дека, во рамките на една држава, организација,институција или ОПОЗИЦИЈСКА ПАРТИЈА, мораат сите да мислат како вождот или не можат да бидат членови на највисокото раководство? Како во Википедија не успеа да прочиташ дека народот, на овој " режим", шест ( 6 ) пати по ред му ја дава довербата на избори, а вас ве треска од земја? Или и ти мора да мислиш (слободоумно, разбира се) дека народот секогаш е во право, дури и кога греши? Знеш кој го рече ова, нели?
Од: Moris
Датум: 19.08.2011 09:02:32
Golema teoriaj vo kolumnite na Gordan malku ako se spusti nivoto site da razberat sto prai opozicijata bi bilo podobro...
Од: горан
Датум: 19.08.2011 09:30:01
Само кус одговор околу дефинирањето на независен интелектуалец, самомислечки, и неврзан или неповрзан, недолжен никому и одговорен за кажаното и стореното само пред себе, ниту пред Никола, ама никако пред Бранко. И запамти го тоа, никако под ниедни услови пред Бранко! Сеуше представува поголемо зло за Македонија од Никола. И престанете со антагонизми, тоа е играта на ВМРО, на подоелби наши, патриоти итн. понудете конструктивни решенија.
Од: Vesna.S
Датум: 19.08.2011 10:05:29
Pa dobro be luge koga site tolkuznaete da kritikuvate i da davate umovi sto ne izlezete vie pa da napravite nekoj pres da dadete nekkoj um..i.t.n ako ova e vlast i ako ova e vladeenje koe e vo red za site togas trpete sto da recam drugo.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 19.08.2011 10:10:58
Во периодот до 1998 година јавно и жестоко се спротивставував на реинкарнирањето на едноумието и на тенденциите за зајакнување на авторитарното/автократското владеење во државата, наивно мислејќи дека по смената на власта ќе дојде до дефинитивно зајакнување на демократските процеси во РМ! Иако поради последиците што ги трпев во времето на владеењето на партијата на колумнистот немам никакви причини нити, пак, обврски да се солидаризирам со сегашната опозиција, но, по сето она што се случува во времето на владеењето на ДПМНЕ во последните пет години не можам да останам рамнодушен и да гледам како се гушат слободата и правата на човекот, слободата на говорот, како една самобендисана и арогантна личност со не многу висок интелектуален капацитет под „своја капа“ ги става не само судството и сите останати државни институции, туку и МПЦ-ОА, невладините организации, мас-медиумите итн. Повеќе од две дециении сум заразен со вирусот на полската демократија и не можам да се помирам со амбици
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.
Датум: 19.08.2011 10:47:58
Gordane,Gordane,koga ve vidov mladi strojni,pametni (ama dali ste?) si rekov eve ja idninata na Makedonija !! Sega Te citam i mi ide da placam !!?? Zar ova se nasite idni vodaci !! Zal mi e ama moram da kazam,ako vaka prodolzite na G(r)ujo moze samo voda da mu nosite !! Edno te isto ,edno te isti,a sto drugo mozevte i da naucite od "penzionerot" koj penzija ne zasluzil ama so merak si ja krka !! Ete toa vas vi pravi zbrka !!
Од: Mark
Датум: 19.08.2011 11:13:22
E pa i Gero denes ti potkazuva Gordane dete, deka podmirisuva nesto vo vasevo "deluvanje", ne se pravete tolku naivni..Kakvi gnasotilaci se isposlucija a vie demek-"sto dena," drn, drn..Ako ima nekoj pazar so strancive ok, ama ako vi e pazarot interen megju "Pastirive", nivniot i vasiot, togas bogami i vam "alot" nema na arno da vi izleze...
Од: Risto
Датум: 19.08.2011 11:21:45
Се дури СДСМ го води Бранко (и бранкоидите), ќе биде во опозиција. Толку. Точка. Просто како грав. Ишутирајте го „папата“, ќе пркнете малку. Остајте го да ве мафтосува уште дваесет години - дваесет години ќе бидете во опозиција. Зарем толку не можете да го видите она што е така очигледно..?!
Од: do Emilija simonovska
Датум: 19.08.2011 11:48:10
Draga prijatelke sto mislis ti stvarno li ti veruva nekoj vo toa sto go kazuvas pa ako ti nesakas eden jas nesakam drug vo partija koja ima iljadnici clenovi nema sakam nekam ako sakas da znaes jas moj sopartici od najbliski krug gi nekam amo toa neznaci nema da se boram e zatoa DPMNE e sega uspesna se tepaat se vregjaat na kraj site zaedno koga e vo prasanje partijate iskreno takvi kako tebe sto javno tresat ne bi sakal da se del od mojata ideologija najdi sila da se prestrois ili odi vo DPMNE tamo ima" novi faci " da ti e merak da gi gledas koj od koj poubav na celo so dulic zingo stojmenov amdi repceto i slagot Boneva.
Од: graganin
Датум: 19.08.2011 12:34:11
Odlicen tekst Obicni Gragjanina RM ubavo razmislite Zosto DPMNE vaka e nervozna i surova vednas po izborite i definicijata deka so vakava svirepost legitimitetot na ovaa vlast vednas e vo prasanje!!! Alooo sfatete go toa narode. A do toj Ispraniot mozok za Imeto i SDSM a DPME ne go davala imeto EEEJ Glavo BIDI hrabar i imaj doblest da se javis koga DPMNE ke potpise da go smenime imeto.Vprocem isto neli vikase KOj nie ?? Da bideme so TERORISTI zaedno vo vlada. Pu pu toa dupce ne e dupce kade plukam LIZAM, a?
Од: za idninata se raboti
Датум: 19.08.2011 12:53:42
Shteta, tie shto komentirale nishto ne razbrale, povtorno PARTISKI SE OPREDELILE ili po simpatija kon nekoj politichar. Koga sakash da promenish neshto na podobro, ne se gleda dali nekoj ti se dopagja, tuku se zduzhuvash za podobr idnina! Da nacrtam so primer: vo II Sv. vojna se zdruzhija antikomunistickite V. Britanija,Amerika so SSSR na Staljin za da go pobedat POGOLEMOTO ZLO, fashizmot na Hitler. Od koga go pobedija, prodolzhija sekoj po svojot pat, no svetot trgna vo progres! Ako ne beshe toa obedinuvanje nitu nas Makedoncite ke ne NEMASHE!!!!!!
Од: prijatel
Датум: 19.08.2011 13:30:33
Гордане се си во право,но вмро владее затоа што во македонија народот е неписмен,се работи занарод со кој лесно се манипулира,тоа Гујо добро го знае и затоа така се понаша.Исориски гледано секогаш сме барале некој друг да ни помогне,така беше и 1941 год, последни се кренавме против фашизмот и тоа со помош на други(Тито Темпо и др.)сега тие се мртви ,па затоа ке чекаме господ да ни помогне,но изгледа и он дигнал раце од нас.
Од: Leonid
Датум: 19.08.2011 14:36:42
Другар Георгиев од новата генерација на другари, дали може попрецизно да го објасните режимот што Бранко го има инсталирано во својата партија? Дали ги паметиш плуралистичките денови кога Бранко заедно со УДБА структурите воспостави систем или си СКМ-ПДП или немаш право да живееш.Не ми е јасно како само се репродуцира матрицата на ароганција без покритие и анационалност во оваа проверено југословенска партија. Еве јас ќе Ви кажам што ќе ви се случи колку времето ќе одминува толку ќе Ве има помалце, никогаш нема да се вратите на власт затоа што вие и не припаѓате овдека вие сте зомби ментални заробеници на СФРЈ матрицата. Последните избори беа последниот обид со помош на инсталираната медиумска петта колона и странски фактор да дојдете на Власт. Иако си млад по години едноставно човеку тебе со овој начин на размислување ти нема иднина.
Од: do prijatel
Датум: 19.08.2011 15:31:40
Tocno e deka narodot e podlozen na manipulacii inaku do sega SDS ke imase tri iljadi glasovi maksimum ako narodot bese popameten
Од: сабја
Датум: 19.08.2011 15:37:11
жално е драг мој Гордане кога за сопствената неспособност ( не мислам единствено лично твоја ) вината ја бараш на друго место. Дури читајќи ги коментарите по фб профилите, видни ваши членови го плукаат глупиот и подмитлив македонски народ на кого така и му треба, таква власт да го толчи и сл .... да не редам понатаму ... Најтопло ви препорачувам да си ги соберете парталчињата и да си заминете онаму каде ви е местото ... Вие и таквите како вас се обезбедивте во удобните пратенички столчиња а членството и симпатизерите ви искрвавеа на терен и секој оној што застана позади вас, а вас ни влакно од главата не ви недостасува, па немате срам уште и да ги споменувате... Време е на сериозни преиспитувања
Од: Под хитно Leonid под ладен туш!!
Датум: 19.08.2011 15:50:48
Leonid ,среди се понабрзина , отвори ги очите, и ќе ја согледаш болната вистина! Сегашнава состојба во земјава ја чувствуваш како РАЈ,па и даваш прогнози кој ќе се „ситни„ кој ќе биде на власт во наредниот период? А не гледаш ,не слушаш, не читаш, како нашите пријатели од УСА ,амбасадори од други земји ,Гардијан, Рикер, МКГ денес и Хилари... и да не бројам веќе, јасно укажуваат дека се загрижени за состојбите во нашата земја!Мора да се членови на СДСМ !!! .А, да, зомби и тоа какви ,кога дозволивме се` ова да ни се случува ,а таквите како тебе да не „караат„ зошто ништо не разбираме, не ја чувствуваме нирваната од ова владеење.
Од: do konsternirani i gragjanin
Датум: 19.08.2011 17:40:43
Ne e ista situacijato so togasnata opzicija vo Srbja i so segasnata vo Makedonija.Vo Srbija togas opozicijata nikogas ne bila na vlast,pa obedinuvanjeto i donese pobeda.Vo Makedonija segasnata opozicija vekje bila na vlast,narodot znae kako vladeese i uste da se obedinuva dzabe i e.Ne pobeduva vekje.Ti gragjaninu znaj deka DPMNE nema da menuva ime,pa DPMNE ne e predavnicka partija kako SDSM.Ti gragjaninu pisuvase komentari i vo 2009 godina deka imeto ke se smeni za nekolku meseci togas,no pomina mnogu vreme odtogas i ne se smeni,nitu ke se smeni.Makedoncite gi imase i pred obedinuvanjeto na sojuznicite vo vojnata i da ne se obedinija,nie pak ke si postoevme.No potoa sojuznicite ja napravija studenata vojna.
Од: Karokan
Датум: 19.08.2011 18:35:56
Г-дине дип. ел. инг. Стојановск��,ако ималку беше поакален,немаше да ти се случи само месец дена по изборите да изјавиш дека во иднина никогаш нема да гласаш за партијата на власт!!!!!!!!!!!!!!!!!! Но,ете,не си и затоа ти се случуваат такви изблици на резигнираност!!!!!!!!!!!!!!!! Г-дине Леонид ајде за заклучокот “ароганција без покритие“,“анационалност“ и “проверено југословенска партија“ да понудиш и некој аргумент па да ти поверуваме.Инаку ќе остане заклучокот за тебе дека се работи за лице со ментален склоп кое го потхранува омразата и таа му е единствената покренувачка сила.Јас сум спремен да ти приложам неспорни аргументи за партијата “со националност“,токму за анационалност.Не е ни чудно што во претходниот состав јужниот министер за надворешни (душманот) имаше поприфатливи предлози ов нашиот “национален“ министер околу јазикот,а со тоа и идентитетот на овој народ!!!п.с. Запомни: Осветолјубивоста ( како твојата) не е корисна дури и кај боксерите (кои практично се тепаат)!!!!
Од: Vedran
Датум: 19.08.2011 19:17:28
Odlicen si Gordan. No, mora da sfatite deka Branko e istrosena rabota. Kaj nege veke nema magija za privlekuvanj... Grujo ja upropasti drzavata, ja zadolzi, gi uriva instituciite, mediumite, gi potkupuva ,,intelektualcite,, ,,novinarite,, a vie zadovolni shto imate poveke pratenici. Lugje soberete se TI, SEKERINSKA, BUCKOVSKI, ZAEV i otidete razgovarajte so BC. Toj nikogash nem da ja sobori ova vlast. Treba sveza krv so pozitivna magija.
Од: gordan za lider na sdsm
Датум: 19.08.2011 20:11:18
Koga te postavija za potpretsedatel na sdsm mislev deka nesto se menuva i ti ke bides idniot premier, no grupite vo partijata te stavija na odlicnoto 3 mesto vo 1 i.e. pozadi TITO, a Makraduli po 3 pat nositel na lista, pa Stevce Jakimoski, Stojko Paunovski. Sega mislam se svestija pa ti ke igras glavna uloga vo sobranie koga go nema tamu Branko, koga op Cvetanka koja ima milion evra i porse ja vodi komisijata za socijala, Mincev koj gubi kako Grcka vo Butel na komisija za DBK, a tebe gordane te turija na komisija za kultura. Koga posle ova ke go analiziram sdsm mislam deka se e jasno NE SAKAAT PROMENI. Ne e problemot vo emilijan Natasa Mincev, problemot e vo pristapot i da ja prifatite realnosta deka na izbori odlucuva narodot koj zivee po selata, gradcinjata i vie od skopje mora da gi zasukate rakavite i da gi molite po kuki da glasaat za vas, duri toa ne bide eden polupismen Vlatko Gorcev ke ve tepa vo trojka so 35 000 glasa razlika. Batalete toa rezim, diktatura, dajte novi lica.

Најди! во Утрински
Мислења
Медиуми - 20 години иста состојба

"""