Број 2737  вторник, 15 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Економија

Битола топ-дестинација за водење бизнис во Југоисточна Европа

Истражување на Светска банка, кое се темелеше и на можностите понудени од администрацијата

Битола – Битола, во конкуренција со уште 22 града од седум држави на Југоисточна Европа, се најде на тронот во однос на леснотијата на водење бизнис. Ова го покажа истражувањето на Светска банка, кое се темелеше на одредени критериуми и оцени за водењето бизнис и можностите понудени од администрацијата. Оцената од Светска банка ќе значи позитивен сигнал за вложување во градот. „Битола е број еден во однос на водењето на бизнисот. Ова е продолжување на еден успешен тренд. Лани Македонија беше рангирана меѓу десетте реформатори на глобално ниво, а ова е само продолжување на таа клима“, изјави Џејн Ерметич, директор во СБ и регионален координатор за ЈИЕ, на вчерашната конференција во Битола на која присуствуваа претставници од сите 22 града.

Отворањето бизниси, давање градежни и други дозволи, регистрацијата, како и лиценцирањето, беа дел од критериумите според кои се вршеше анализата. „Гледавме на четири елементи. Колку време и колку чини, на пример, изградбата на магацин, колкава е брзината и колку чини трансферот на неподвижен имот и извршувањето на договорите, па токму овие предности ја из��воија Битола од другите градови“, рече Пјер Гислен, директор на ФИАС на Светска банка.

Едношалтерскиот систем што го спроведува Битола во изминатите две и пол години ги отвори вратите за домашните и за странските инвестиции.

„Битола ја направивме електронска општина. Тој систем не се однесува само на делот на урбанизмот, туку опфаќа три станици - урбанизам, даночно одделение и финансии. Имаме софтвер што ни помага да утврдиме точно секој предмет кај кој службеник се наоѓа“, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талевски. За локалната власт еден од најголемите предности се поволностите што ги нуди градот на инвеститорите. „Во индустриската зона Жабени, локалната самоуправа направи инфраструктура, што е редок случај“, рече Талески.

Според Владата, ова е јасен сигнал за инвеститорите. „Ова е добар сигнал дека условите во Битола се добри, што ќе придонесе за економски развој на градот, регионот, но и на државата“, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески. Најновата квалификација за Битола, според претставниците на Светска банка, ќе значи бизнис-промоција на градот во светот. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1087 пати.

Испрати коментар

Од: petko
Датум: 15.07.2008 21:17:33
Pa dve godini vladata ne ubeduvase deka ke dojdat stranski investicii , gi plakjase trosocite na , Taskovic i Samak , Setase nekakvi kauboi niz zemjava (, na gruevski mu ostana sesirot za spomen ) , more kakva Bitola kakva svetska banka , ne umri magare do zelena treva .

Најди! во Утрински
Економија
Стечајците го добија законот - што ќе прават оние по 2004?
Сите купуваат во кеш
Солун проблематичен - наши бизнисмени ќе ги снимаат Драч и Бар
До каде ќе оди цената на црното злато?
Над 10 илјади Македонци на одмор во Албанија

"""