Костовски ќе биде кривично гонет ако го потпише договорот за трамвај
Градоначалникот Трифун Костовски ќе биде кривично гонет доколку го потпише договорот со фирмата-изведувач за трамвајскиот систем, најави вчера Мирјана Димовска, претседател на Државната антикорупциска комисија. Случајот „Трамвај“ во Комисијата се' уште не е целосно затворен. Актуелно е укажувањето до Костовски за стопирање на тендерот, чиишто понуди треба да се разгледуваат за десетина дена.
„Во случај да се избере најповолен понудувач и градоначалникот да потпише договор со него, автоматски ќе има елементи за процесуирање на случајот, односно за поведување одговорност на инволвираните лица“, рече вчера Димовска и повтори дека Комисијата и по повеќенеделно разгледување на случајот само ги утврдила првичните констатации за кршење на законот за спречување на корупцијата од страна на градоначалникот Костовски. Тој, пак, и покрај укажувањето од антикорупционерите, не го стопира тендерот, убеден дека го спроведува во согласност со законите.
Од Антикорупциската комисија вчера информираа дека со кривична одговорност може да се соочат и членовите на Советот на Општина Кисела Вода. Тие без законска основа пред две недели донесоа одлука со која се откажаа од паушалите од по 9.600 денари месечно за присуство на седници за јануари, февруари и за март, а за возврат да си ги присвојат општинските лаптоп-компјутери.
„На Советот му укажавме да ја поништи одлуката, бидејќи може да се соочи со кривична одговорност. Имаме најави дека одлуката повторно ќе се разгледува идната недела. Дали таа ќе биде поништена, или советниците уште еднаш само ќе си го потврдат одлученото, зависи од нивната совест“, рече вчера Димовска. (Дс.Т.)
Интересна работа. Би било убаво за нас граѓаните за кои е од витална важност трамвајот, баба Зумбула да ни објасни во што е коруптивноста во случајов. Аман веќе од инаетење. Ако веќе толку сака да биде “правична“, нека се обиде да поднесе пријави против илијада други случаеви во кои е вклучена власта. Едно големо “ЗА“ трамвајот, да видиме малку и ние граѓаните раат. Поздрав до сите Ваши и наши. И мили мои пријатели, аман, пишувајте КИРИЛИЦА.
Од: trpana
Датум: 14.03.2009 09:23:48
Do koga ovaa kvazi pretsedatelka Mirjana Dimovska ke ima dvoen arsin???? Koga e Gruevski vo prasanje se pravi slepa i gluva za se sto bezobrazno zloupotrebuva za da ja zadrzi vlasta, a za site ostanati reagira! Tramvajot e dolgogodisen proekt i e potreben na skopjani!
Од: n.lisice
Датум: 14.03.2009 11:10:21
a kako dimovska 3.pat nezakonski e izbrana za direktor na agencijata?koj da ja goni nea?sto ne odi vo penzija tuku izigrava nesto samo za pari tipicna karieristka neli e vreme da zeme vnucinja za raka i da proseta ...ako voopsto bila mazana bidejci karieristki brak ne gi zanima...a trifun e spas za skopje i tramvajot soobracajot e ludnica sakame spokojno da sedneme vo tramvaj i da ne mislime na stresot vo koli i brzo i udobno vozenje do cal.........
Од: legenda
Датум: 14.03.2009 16:36:45
tramvajot kako alternativen vid na prevoz e najekoloski i na za skopje ke bide od golema korist. Ovoj proekt e za zarodis od 1981 godina, no najverojatno togas se nemalo sluh od komunistickata vlast kako sto sega nema sluh elitata na gruevski.ovoj proekt zad sebe ima tri fizibiliti studii napraveni od soobrakajniot fakultet vo belgrad vo 1986 g, ungarski zeleznici od 1994 g i mesovita makedonsko-bugarska firma od 2007 godina kako i edennpropadna referendum za voveduvanjean tramvaj od 1991 g.
Sepak, po moe mislenje e dojdeno vremeto za nov vid na javen gradski prevoz so koj ke se ublazi i taka veke so decenii sozdadenot haos vo soobrakajot vo skopje.