Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Нема веќе бесплатно копање на градските улици и тротоари

За прекопи до 100 метри, ќе се плаќа 15.000 денари, а за поголеми од 300 метри, 30.000 денари

Сања Наумовска


Прекопувањето на градските улици во иднина ќе се плаќа. Градот Скопје воведе нова давачка за компаниите и фирмите, кои доколку имаат потреба да поставуваат нови или да менуваат стари инсталации во сообраќајниците и покрај нив, ќе мора да го одврзат ќесето и да платат за секој направен прекоп. Со тоа се согласија и советниците во градскиот Совет. Давачки во иднина ќе имаат и товарните возила, кои со својата тежина, ширина и висина ги оптоваруваат улиците. Посебна комисија на Градот Скопје и јавните претпријатија ќе утврдува и пенали за секој учесник во сообраќајот што ќе предизвика штета на градска сообраќајница.

Новините во политиката за собирање средства за градскиот буџет, во локалната самоуправа ги оправдуваат со можностите што им ги нуди Законот за јавни патишта. Ниедна од овие давачки не се наплатувала досега, иако имало можности за тоа.

Во Градот велат дека нема да се откажат од ниеден извор на финансии што им е на располагање. Во таа насока, истовремено, зголемени се цените за рекламирање на билборди, сити-лајт, поставувањето банери и тотеми, како и рекламни паноа на градилишта, реклами на мостови и надвозници. Првпат во оваа област се воведува зонирање на градот, според атрактивноста на локацијата.

Според новата одлука, секој што попречно ќе прекопа градска улица, ќе мора да плати 6.000 денари. За надолжни прекопи до 100 метри ќе се плаќа 15.000 денари, а за поголеми од 300 метри, 30.000 денари. Прекумерното користење на градски пат, кој е, на пример, во близина на стопански субјекти што користат тешки товарни возила ќе се плаќа 600 денари месечно за секое возило. Товарните возила што ја пречекоруваат законски дозволената должина, ширина или висина, ако користат градски пат ќе мораат да платат 300 денари за еден изминат километар. Ако, пак, возилото ја пречекорува дозволената тежина, ќе се плаќа за секој дополнителен тон тежина.

Рекламирањето на билборди, сити-лајт и други рекламни паноа отсега ќе се дели на комерцијални и за сопствени потреби, одлучија градските советници. Разлика ќе има во цената, која ќе се движи од 150 до 200 денари за квадратен метар, во зависност од зоната во која се наоѓа билбордот. За разлика од рекламирањето за сопствени потреби, поскапо ќе биде истакнувањето реклама за друга фирма.


#
Статијата е прочитана 961 пати.

Испрати коментар

Од: Скопјанец
Датум: 12.04.2010 08:03:33
Ах, каде е пустото Турско? Велат имало големи даноци тогаш? Било Турско ропство? Се плаќало патарина, баждарина, мостарина, десеток и можеби уште два-три данока. Да стане некој Султан нема да поверува што се градските татковци од село измислиле за подобар живот на граѓаните, не за нив.
Од: mkd
Датум: 12.04.2010 10:36:02
Ova e vo red no mene drugo me interesira.KOJ KE JA POPRAVI posle ulicata??? Opstinata gradot ili toj sto prekopuval. Na zapad e reseno so depozit koj po zavrsenata rabota i povtorno asfaltiranje mu se vraka.
Од: xxL
Датум: 12.04.2010 12:06:56
eh... predavnicko VMRO... apashi,pljackashi...
Од: Oskar.
Датум: 12.04.2010 16:55:26
Bravo za komentarot na Skopjanec i MKD. Vazno e da se soberat pari a za Gradot i graganite koj gi sisa.

Најди! во Утрински
Скопје
Аеродром го одбележа петтиот роденден
Хидраулични столпчиња на „Кеј 13 Ноември“
Во Градски парк масовно се вртеше хулахоп
Ѓубрето под Железничка ќе се претвори во паркинг