Аеродром го одбележа петтиот роденден
„Општина Аеродром денес полни 5 години и е на добар пат да стане една од најперспективните и најпосакувани општини во нашата држава“, истакна вчера Ивица Коневски, градоначалникот на Општина Аеродром, на свеченото одбележување на петтиот роденден на Општината, во присуство на голем број гости на коктел-забавата на отворено пред општинската зграда.
Коневски најави и изградба на аква-парк покрај кејот на Вардар, проект што ќе се реализира во блиска иднина. Аква-паркот ќе биде и прв од ваков вид во Република Македонија. (Сн.К.) |