Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Ѓубрето под Железничка ќе се претвори во паркинг

Првиот дел од новиот паркинг под Транспортниот центар, веднаш покрај Поштата, ќе биде завршен за употреба за два месеца. Другиот дел, на потегот од новиот мост кон кејот на Вардар, ќе се уредува во втората половина од годинава. Како што информираат градските власти, во иднина на паркингот ќе се направи и второ монтажно ниво со пристапни рампи. Со тоа ќе се обезбедат дополнително неколку стотини паркинг-места наменети првенствено за жителите на околните згради, но и за младите што ги посетуваат дискотеките и ноќните клубови во околината.

Во моментов локацијата под Железничката станица се чисти од ѓубрето собирано со години, а ќе треба да се пополни и огромната дупка што е полна со вода. Просторот ќе се поплочи со бехатон-коцки и ќе се обележи како паркиралиште. За градежните работи во буџетот на Градот се одвоени 9,5 милиони денари. Остатокот од паркингот ќе се уредува по завршувањето на летото, доколку со ребаланс на буџетот се одделат дополнителни 10 милиони денари.

За уредувањето на паркингот Градот Скопје потпиша договор со Македонски железници, а земјиштето го доби на неколкудецениско користење. Со новиот паркинг ќе стопанисува градското јавно претпријатие „Градски паркинг“, што ќе инвестира во монтажната конструкција. Практично, велат од Градот, ова паркиралиште ќе функционира како катна гаража, со рампи за качување и за симнување, само што ќе биде направено од монтажни елементи што се приспособливи и побрзо се изведуваат. Основната монтажна конструкција, веројатно, ќе има украсна ограда или, пак, делови ќе се заградат со плексиглас заради естетика, со оглед на тоа дека станува збор за станбена средина.


#
Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар

Од: дивна
Датум: 12.04.2010 13:53:06
Секоја чест на оваа власт, само напред.

Најди! во Утрински
Скопје
Нема веќе бесплатно копање на градските улици и тротоари
Аеродром го одбележа петтиот роденден
Хидраулични столпчиња на „Кеј 13 Ноември“
Во Градски парк масовно се вртеше хулахоп