Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Скопје

Се „запали“ телефонот за пријавување дупки

За три дена, пријавени се 120 дупки, а 20-ина граѓани барале веднаш да се закрпи оштетувањето кај пругата во Усје

Деспина Трајковска



Улиците во градов се како швајцарско сирење. Така барем може да се суди од досегашната акција на ЈП „Улици и патишта“- „пријави дупка“. За само три дена откако е дадена можност граѓаните телефонски да алармираат за уништен коловоз, на дежурниот телефон 15300 имало 200 јавувања. Голем дел од нив се однесувале за иста дупка, а граѓаните барале интервенција и за градски и за општински улици, иако од „Улици и патишта“, кои го реализираат проектот најавија крпење само на градските улици.

На стартот од акцијата дежурниот телефон го „запалила“ дупката кај пругата во Усје, чие крпење побарале дваесетина граѓани. Од тие причини од претпријатието направиле сефте токму со таа дупка.

„За таа дупка имаше околу 20 повици, исто како и за уште неколку дупки, како една на улицата ‘Самуилова‘. Од тие причини таа се најде прва на листата за санација, па така уште веднаш во саботата се зафативме со теренска работа. Засега на списокот имаме околу 50 дупки за санација, иако досега има околу 200 пријави. Дел од нив се повторуваат за иста дупка, околу 50 се однесуваат за дупки на градски улици, а речиси 70 за дупки што се на улици под надлежност на општините, па од тие причини не ги планираме за санација оти јасно напоменавме дека во акцијава се вклучени само градски улици. Единствено што можеме е да го испратиме списокот со детектираните дупки кај општинарите“, вели Синиша Ивановски, директор во „Улици и патишта“.

Тој не сака да коментира дали големата бројка пријавени дупки значи дека градските и општинските служби не водат постојана грижа за состојбата на улиците. Единствено, вели дека е сигурен оти во случајов екипите на „Улици и патишта“ навремено и професионално ќе си ја завршуваат работата.

Освен дупката во Усје, викендов по списокот на пријавени дупки теренците од „Улици“ крпеле и на улицата „Лазар Личеновски“, на булеварот „ВМРО“, а асфалтирале дупки и кај клучката „Континентал“. За вчера беше планирано да се санираат коловозите на улиците „Перо Наков“, „Загрепска“, на „Благоја Стефковски“ и други.

Се крпат само улиците по кои вози автобус

ЈП „Улици и патишта“ е надлежно за одржување на сите сообраќајници по кои минува градски автобус. Тоа значи за сите булевари и за над 80 улици, кои можат да се вклучат во акцијата „Пријави дупка“. За граѓаните да не се доведат во ситуација да бараат интервенција за коловоз за кој не се надлежни од „Улици“, надлежните апелираат граѓаните подетално да се информираат на веб-страницата www.uip.gov.mk. Бидејќи е очигледно дека се' уште не се знае кој за што е надлежен, па на бројот 15300 се бараат интервенции и за општински улици, кои дури се помногубројни од оние што ќе ги земат предвид надлежните од ЈП.


#
Статијата е прочитана 846 пати.

Испрати коментар

Од: skopjanec
Датум: 23.08.2011 09:08:26
Ova ti se vika frlanje pesok vo oci na gragjanite na Skopje.Ako nie gragjanite treba da im kazuvame sto treba da rabotat gospodata od lokalnata samouprava daleku ke doterame.Jas ne znam kako ne se sramat od ova sto go pravat.Se znae sto mu e rabota na JP ulici i patista i ocigledno e deka toa ne si ja vrsi rabotata poradi koe i postoi.Sto pravele ovie dvaesetina godini,izgleda bile vo dlabok zimski son i zatoa skopskite ulici se polni so udarni dupki a istoto vazi i za trotoarite!!Ne mi e krivo sto me laze,tuku sto misli deka mu veruvam!! / narodna pogovorka /
Од: Трпе
Датум: 23.08.2011 13:18:13
Додека низ светот собраќајните прашања се решават на најразлични современи начини како на пример градење МЕТРОА ,кај нас се занимаваме со крпење на дупките на улиците.И тоа дупки кои може да пропадне цело возило,надлежните неможе да видат па затоа мора да се пријавуват.А тоа е многу лесно само надлежните за одржување на улиците да ги извадат темните очила.За нив секој ден е облачно или ноќ.А со овие двоспратните автобуси ке биде вистински циркуски караван.Господ да ги чува овие кои ке се возат во овие владини пајтони.

Најди! во Утрински
Скопје
Милион евра за обнова на средните училишта

"""