Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Скопје

Милион евра за обнова на средните училишта

Градоначалникот Трајановски вчера го посети СУГС „Арсени Јовков“ каде што во тек е санација на тоалетите и на покривот

До почетокот на новата учебна година ќе бидат подновени сите средни училишта, најави градоначалникот Коце Трајановски. Тој вчера го посети СУГС „Арсени Јовков“ каде што во тек е санација на тоалетите и покривот. За овие, како и за зафатите во другите училишта градските власти ќе потрошат околу еден милион евра. Генерално, во сите објекти се врши поднова на санитарните јазли, а во некои се менува и покривот. Во „Браќа Миладиновци“ во тек е санација на подот во фискултурната сала, додека во средното медицинско училиште целосно се реконструира електричната инсталација. Во неколку училишта се врши комплетна замена на столаријата.

„Градот Скопје за реконструкција на 12 средни училишта од буџетот издвои милион евра за да се подобрат условите за работа на вработените и на учениците. Во ова училиште со реновирањето се опфатени покривот и санитарните јазли, а за реализација на овие градежни зафати од Градот добија околу 12 милиони денари“, изјави Трајановски при посетата на „Арсени Јовков“. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 363 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Се „запали“ телефонот за пријавување дупки

"""