Ликовна колонија „Скопје“
Хотелот „Арка“ во Старата чаршија е домаќин на петтото издание на Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2010“. На годинешното издание на колонијата ќе учествуваат уметници од Турција и од Франција.
Учесниците на ликовната колонија ќе имаат можност да го искористат својот престој во Старата чаршија и во своите дела да ја претстават уникатната мешавина на архитектура, култура и традиции. По завршувањето на колонијата, ќе биде отпечатен каталог и ќе се организира изложба со делата од колонијата, информираат од Градот Скопје. (С.Н.) |