Градската асфалтна база најстара на светот
На скопските улици се вградува асфалт произведен во можеби најстарата асфалтна база на светот. Градското јавно претпријатие „Улици и патишта“ се' уште работи со база произведена во 1967 година. Сепак, тоа не влијае врз квалитетот на асфалтот што се користи, велат во Јавното претпријатие, од каде што најавуваат дека веќе следната година со Градот Скопје ќе инвестираат во подновување на овој дел од работниот процес.
Иако речиси секојдневно се соочува со некој дефект, базата и по 43 години работа, дневно произведува 250 тони асфалт. Со него, велат во Јавното претпријатие, секојдневно се крпат дупките на градските сообраќајници, се градат нови ленти на булевар��те или се обновува застарениот асфалт на раскрсниците.
„Асфалтната база што ја имаме е единствена од серијата произведена во 1967 година, која е останата во употреба. Кога била нова, дневно произведувала и 250 тони, а она што е зачудувачко е дека и денес по повеќе од четири децении непрекината работа, таа се' у��те произведува исто толку тони асфалт дневно“, вели директорот на „Улици и патишта“, Синиша Ивановски.
Сепак, одамна истечениот рок на употреба на асфалтната база предизвикува речиси секојдневни дефекти што го одложуваат производството на асфалт. Технологијата што ја користи одамна е излезена од мода и за неа нема резервни делови. Континуитетот на работењето и одржувањето на улиците во форма се обезбедува исклучиво со поправки.
„Неминовно потребна ни е нова асфалтна база, но за тоа ќе мора да почекаме до наредната сезона. Имаме добра соработка со Градот и се надеваме на заедничко решавање на овој проблем“, вели Ивановски. (С.Н.) |