Општината Кисела Вода заврши со поплочување на улицата „Герника 8“ во населбата Драчево. На улицата се поставени бехатон-плочки на површина од 897 квадратни метри. Општинарите инвестираа и во месноста Потстаница во истата населба, каде што е изграден тротоар на улицата „Сердарот“ со површина од 722 квадратни метри. Пешачка патека со површина од околу 300 квадратни метри деновиве е завршена и на улицата „Жарко Зрењанин“, покрај основното училиште „Кузман Шапкарев“. (С.Н.)