„Комунална хигиена“ ќе се поднови со 12 нови возила за подигнување смет со зафатнина од 16 кубни метри. Во моментов во тек е тендерот за набавка на камионите, кои би требало во возниот парк на „Комунална“ да бидат до крајот на годината. Со инвестицијата комуналците ќе ја намалат просечната старост на возилата, која сега е 25 години, а истовремено ќе ја зголемат и ефикасноста на работата. (С.Н.)