Привршува изградбата на игралиштето во Ново Лисиче
Новото спортско игралиште што се наоѓа меѓу зградите зад основното училиште „Лазо Ангеловски“ во населбата Ново Лисиче ќе биде готово следната недела. Игралиштето е долго 31, а широко 17 метри. Површината наменета за игра е веќе тампонирана и се очекува денеска да почне да се асфалтира. Во текот на неделава ќе бидат поставени и кошевите и стативите за головите. Околу игралиштето моментно се поставува и метална ограда, а веќе се направени и патеки од бехатон-плочки. Средствата за изградба на ова спортско игралиште се одвоени од буџетот на Општина Аеродром. (С.Н.)