Брoj 2765  понеделник, 18 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

И животните во ЗOO тешко се справуваат со горештините

Надлежните тврдат животните добиваат свеж дотур на вода за пиење и капење

Снежана Калабакова

Во скопската Зоолошка градина 80 вида животни на овие екстремно високи температури преживуваат секоја на свој начин. Жештината не им пречи само на оние кои потекнуваат од топлите краишта, како што е на пример двогрбата камила. Но, оние кои сакаат малку поумерени температури се мрзоволни, а некои изгледаат и безживотно и сосема незаинтересирани за околината. Бараат разладување под дебелите сенки на дрвјата или во вода.

Шатките, гуските и другите водни птици постојано се ладат во езерото, мечките лежат скриени под сенка или во пештерите. Ги напуштаат само од љубопитство, кога насетуваат посетители. И нутриите најпрво се разладуваат во малото езеро, а потоа легнуваат во некој ќош под сенка. И тие бегаат од жешкото сонце. Мајмуните се тажни во старите кафези, а за утеха и освежување од високите летни температури надлежните од зоолошката повремено им даваат замрзнати кајсии во чашка. Ова, велат се практикува во сите европски зоолошки, а практика ќе стане и во нашата, откако мајмуните ќе се преселат во новите живеалишта. Тажен е и мајмунот Коко, а речиси сосема неактивни и незаинтересирани се и лавовите. Жештината ги прави нервозни волците, кои вртат во тесните и стари тесни кафези и како едвај да чекаат да ги напуштат за да се вселат во новото пространо живеалиште што им се гради со езеро и рекичка.

И покрај високите температури, во Зоолошката градина активно се одвиваат градежните зафати на новите живеалишта на животните. Оние на мајмуните, мечките, волците, рисовите и тигрите се во завршна фаза. Тигрите наскоро ќе се преселат од старото во ново живеалиште со импровизиран водопад и езеро.

„Во вакви услови кога има високи температури, водиме сметка за разладување на животните. Практикуваме постојан свеж дотур на вода за пиење, дотур во импровизираните вештачки езера во кои некои животни сакаат да се капат. Покрај природните сенки, веќе имаме и неколку импровизирани со дрвени настрешници, каде што животните можат да се скријат од жешкото сонце. Сега практикуваме летен режим на исхрана. Животните добиваат количински помалку, но квалитетна храна“, вели Анастас Петров, директор на Зоолошката градина.

Според него, речиси ќе нема ниту едно новоизградено живеалиште во кое не е предвидено некакво мало езеро или друг вид водена површина која не само што ќе им служи за разладување на животните туку ќе го разубавува и амбиентот. Истовремено, се внимава колку е можно повеќе на животните да им биде доловена природната животна средина. Така, иако берберските овци живеат на надморска височина од 3 до 4 илјади метри, во новото живеалиште ќе се направи рид изграден од карпи. Мајмуните павијани, пак, покрај бројните дрва, за искачување наместо лијани ќе добијат јажиња за нишање и огромен простор за скокање.


Статијата е прочитана 236 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
„Комунална“ со 12 нови камиони
Привршува изградбата на игралиштето во Ново Лисиче
Општина Центар ќе одговори на сите забелешки за ДУП за „Голем ринг“

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.