Број 2934  четврток, 12 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Хирурзите се жалат на хируршките конци, до Бирото за лекови нема пријави

Единствено Клиниката за дигестивна хирургија побарала од Бирото за лекови дали конците „деметех“ имаат сертификати за квалитет

Јасмина Јовановска



Хирурзите се жалат дека одредени хируршки конци им создаваат проблеми при шиењето на раните, но до Бирото за лекови засега нема ниту една официјална жалба за нивниот квалитет. Ниту еден директор на хируршките клиники или, пак, од другите клиники кои користат хируршки конци се немаат пожалено писмено до Заеднички служби (од каде што се купени конците) или, пак, до Бирото за лекови. Ваквиот молк доброупатени извори го коментираат со фактот што директорите не смеат многу да се жалат кога препораката на Владата е при набавките пресуден фактор да биде цената, односно при одлуката 80 отсто има удел цената, а само 20 отсто квалитетот, услови кои не ги одминуваат ни во здравството.

Единствена реакција за хируршките конци имало од Клиниката за дигестивна хирургија и тоа за конците на „Demetech corp“ од Мајами, САД. Оваа клиника, која сама го спровела тендерот за хируршки конци, нема класична жалба до Бирото за лекови, туку пред да купат бараат да добијат потврда за овие конци дали се регистрирани кај нас и дали имаат сертификат за квалитет. Клиниката ги барала сертификатите по реакции на одредени хирурзи дека на сајтот на производителот на конците имало податоци дека тие не се користат во земјата каде што се произведени.

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, д-р Никола Јанкуловски, ни потврди дека побарале од Бирото за лекови потврда дали се квалитетни конците. „Од Бирото за лекови ни рекоа дека конците ги имаат сите сертификати за квалитет и тоа од ЕУ, така што при спроведување на тендерот, дел набавивме и од оваа фирма“, ни изјави д-р Јанкуловски.

И од Бирото за лекови потврдуваат дека хируршките конци „деметех“ ги имаат сите сертификати за квалитет. „Конците од Мајами имаат сертификат за квалитет од лабораторијата “Тув‘ во Германија, кое е едно од нострифицираните тела за квалитет на медицински помагала“, ни изјави директорот на Бирото за лекови, Илчо Захариев. Но, и покрај тоа што конците ги имаат сертификатите, Захариев вели дека доколку хирурзите забележат некои проблеми при работата со нив, може веднаш да реагираат до Бирото. Но, досега нема ниту една официјална жалба до Бирото, дури ни за кинеските хируршки ракавици, за кои се крена голема врева во јавноста.

Дали може да се фалсификуваат сертификатите, директорот Захариев вели дека мала е веројатноста за такво нешто. Иако кај нас, според законот, повеќе не се врши регистрација на медицинските помагала, туку само се прифаќаат приложените сертификати, Захариев вели дека документите задолжително се проверуваат во лабораторијата од каде што го добиле сертификатот.

Но, хируршките конци, иако имаат сертификати, неофицијални извори велат дека може да не се со квалитетот прикажан во сертификатот, туку да се подметнат конци кои се произведени на друга локација. Затоа што кога се приложуваат документите, се дава производна листа на конци и сертификати за нив. Затоа, Захариев вели дека доколку хирурзите забележат некакви проблеми со конците, веднаш да реагираат до Бирото и тие да се испратат на контрола во некоја од лабораториите во странство.

Во врска со поплаките од клиниките дека се набавуваат хируршки конци и ракавици со послаб квалитет, премиерот Никола Груевски вчера најави дека ќе испита дали проблем се препораките на Владата за изборот да пресудува цената (од 80 до 100 отсто) наспроти 20 отсто за квалитет или, пак, клиниките добро не ги спровеле тендерите. „Идејата беше во тендерската документација во детали да се опише каков квалитет се бара. Со тоа висината на квалитетот да биде претходно утврдена и на тој квалитет да се наддаваат компаниите“, одговори на новинарско прашање премиерот Груевски, кој присуствуваше на свеченото предавање во употреба на Институтот за развој и контрола на квалитет на компанијата „Алкалоид“.

 


Статијата е прочитана 215 пати.

Испрати коментар

Од: milanka
Датум: 12.03.2009 11:00:22
Zdravstvoto postojano se unistuva so godini. Parite ke gi najdete kaj bivshite ministri za zdravstvo (nekoj ima sarai i bazeni; nekoj dukani; nekoj vo strani banki, vo privatni ordinacii i sekade )osven vo bolnicite za pacientite da se lekuvaat i lekarite da lecat. A reformite si traat (ne znam kakvi ) i se angaziraaat eksperti ( ne znam kakva korist od niv) i se istoto pa istoto se zboruva i pravi, a nikoj ne odgovara i nisto ne se menuva.
Од: Trajko
Датум: 12.03.2009 16:14:19
E tochno e deka Makedonija e zemja za zalenje so ovaa reklamna i kriminalna vlada.Vidi majkata nivnoto lajno ne smrdi i koga se do gusha vo nego.Se ispokakaa so nivnoto KE,Ke,ke a narodot ke strada i za edna najmala intervencija .Kako ke se zalat direktorite od klinikite ,koga se nivni A narodot neka si umira ni kriv ni dolzen od nivnata nesposobnost.Do koe deredze dojdovme.

Најди! во Утрински
Македонија
„Алкалоид“ отвори најсовремен Институт за контрола на лекови
Скопскиот универзитет одликуван со Орден на Република Македонија „
За Топилница ќе одлучува Собрание на доверители