ВЕЛЕС - Сметката на Топилница се' уште е празна, а за тоа дали комбинатот доби газда ќе одлучува Собранието на доверители. Вака вчера одлучи Одборот на доверители на велешка Топилница. Ова тело не сакаше да ја преземе одговорноста и да реши дали на потенцијалниот сопственик, скопската фирма „Метрудхем“ ќе му биде одобрено плаќањето на средствата со кои официјално треба да ја купи Топилницата по истекувањето на рокот. Одлуката му ја препушти на Собранието на доверители кое за ова ќе одлучува за 10 дена.
Но, и покрај тоа што петте дена изминаа, стечајната сметка на Топилница се' уште е празна. За компанијата било спорно дали треба да се плати ДДВ. За тоа побарале одговор од различни консултански куќи, но тие изразиле спротивставени ставови. За да ја разрешат дилемата, „Метрудхем“ испратила писмо и до Министерството за финансии. Според нашите информации, Министерството веќе испратило одговор во кој стоело дека доколку во овој случај „Метрудхем“ сака да ја продолжи стопанската дејност во Топилницата, не треба да плати ДДВ, но доколку сака да ја промени дејноста - ќе треба да го плати данокот на додадена вредност.
Додека траеше седницата на Одборот на доверители, пред судот разврската ја чекаа привремено вработените лица на кои надлежните им должат пари. Според најавите, за кусо време поранешните работници ќе бидат обесштетени. Скопски „Метрудхем“ беше единствениот заинтересиран купувач на Топилница откако од трката беше дисквалификувана турската „Јалим дис тицарет“. Продажбата на Топилницата на „Метрудхем“ беше одобрена пред девет месеци за 2.250.000 евра. (С.Ќ.Н.)
доколку во овој случај „Метрудхем“ сака да ја продолжи стопанската дејност во Топилницата, не треба да плати ДДВ, но доколку сака да ја промени дејноста - ќе треба да го плати данокот на додадена вредност. Tuka se gleda vrskata megju fantomskiot kupuvach na Topilnicata (vo stilot na Mark Gut od Buchim) i aktuelnata vlast,koja dobro znae so kogo se ima dogovoreno da dozvoli restart na Topilnicata.Smetkite im se momentno pomateni samo poradi niskata cena na metalite na svetskite berzi,no ne se otkazuvaat nitu od dejnosta,nitu od sopstvenosta steknata so amin na prvata vmrovska Vlada.Istite lugje stojat i sega zad proektot na "Metrudhem" i so ovie aktelni vlastodrshci kje uspeat da si gi ostvarat celite,i pokraj protivenjeto na gragjanite i Zelenata koalicija i Gradonacalnikot na Veles.Vremeto kje pokazhe koj na kogo shto mu misli i na shto se nadeva.Na proklamativni izjavi,nesoodvetni na realnata stvarnost,nikoj vekje ne nasednuva.Porakata ovoj pat treba da gi zagrizhi:Veles ne se dava.
Од: stecaec
Датум: 12.03.2009 07:59:59
Narazbrav zosto ako vo tenderskite uslovi stoi rok na plakanje a posle nikoj ne go pocituva.Neli se raskinuva dogovor za neplakanje navreme?
A ne razbrav kako toa stecaen upravnik, po definicija del od sudskata vlast, pa neplaka plati na obezbeduvanjeto, a im plaka li pridonesi. Ami troskovnikot neli go vidoa sudiite sto gi sudat drugite za neplakanje plati i sl. A da go pogledne ova gospodinot Trajko Slavevski.
Ajde da pogodime kolku bese cuvan stecajniot imot od lugeto sto ne se plateni. A koja e prva zadaca na upravnikot.
Од: hhhhhh
Датум: 12.03.2009 11:42:51
Podrska do velesani Veles ne go davajte, a da se zastrami vlasta ova sto go pravi Mafijasi toa e ovaa vlast mozete da gi redite rabotite so Veleskiot sud i apelacija Skopska , ama Gruevski so Velesani nemozes i nesmees da go unistuvas zivotot na tie luge.