Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма
Ќе го кренеме ли гласот, конечно?

Марина Маноjловска

Не е спорно дека ќе има избори, дали на есен, пролет или редовно - ќе ги има. Прашање е дали сме доволно политички зрели како народ да изградиме вистински систем на вредности во кој народните избраници и владата ќе работат во интерес на граѓаните. И, што ако тоа не се случи, дали како народ ќе го кренеме гласот и ќе излеземе на улица или при секој груб настап на народната полиција, на народните инспектори ќе ја наведнуваме главата и молчешкум ќе ја прифаќаме тортурата и стравот како опција што ќе им ја понудиме на идните генерации. Пусто турско заврши одамна, српското и бугарското, исто така, за жал, остана само грчкото за кое имаме сила и верба во сопствениот идентитет, култура и традиција, па и тоа ќе го надминеме. Многу работи ни се случија во овие изминати години, беа и добри и лоши, преживеавме, но вистинското прашање е дали научивме од сопствените грешки? Како народ и' дадовме доверба на Преродбата, целосна, апсолутна, а резултатите, претпоставувам, се видливи со голо око! Имаме нови патишта, солидно здравство, образование, еколошки здрава средина, капитални инвестиции, економски развој, плати на европско ниво!?! Немаме ништо, голема нула. А да, имаме вработувања во државната администрација со времени договори. Дали некаде во светот постои држава во која целиот народ работи во администрација и дали таа држава, па макар била и Англија, може да го издржи тој товар? За жал, таквиот начин на водење економија немаше ни во оној систем, кој вмровците го нарекуваат со малициозност „комуњарски“, па затоа виртуелната стварност наречена „Преродба во 100 чекори - надградена и проширена“ почна да пука по сите шевови.

Во 2001 година ја направија војната, со цел да го прекријат криминалот и донесоа само беда, разурнати домови, раселени семејства и во црно завиткани мајки, и тогаш некој требаше да седне и повторно да почне да прави држава со празна каса и со нарушени меѓуетнички односи. Сега по ваквото безобразно пустошење и ограбување на Македонија повторно ќе мора некој да дојде и да го лекува здравството, образованието, надворешната политика, угледот на РМ и празната каса.

Да, ќе мора, затоа што оваа мала држава тоа го заслужува, затоа што овој народ имаше доволно трпение и доблест да научи од сопствените грешки!

#
Статијата е прочитана 992 пати.

Испрати коментар

Од: realna
Датум: 22.06.2010 00:13:05
Za zal pak nema da go kreneme glasot,zalno ama vistinito.Mislam deka i na narednive izbori ke pobedat VMRO,a otkako ke ja dokusurat drzavava ke gi snema i od politikata i od zemjava,a togas duri mozebi i ke go ptotkreneme glasot ama ke bide docna.
Од: debrestanec
Датум: 22.06.2010 00:43:38
Beda kaj narodot,beda vo karakterot,beda na moralot,zatoa sto postoi intelektualna beda vo EKONOMIJATA.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.06.2010 06:50:28
Напис богами прворазреден кој служи за подигање на моралот како на опозицијата така и на граѓанството.Имаме уште пет дена од митингот на кој ќе се кренат наведнатите глави,изненадени од решенијата кој таму ќе се понудат.Ќе имаме изблик на решенија по се , име,економија, човекови права,стандард, пензии овој пат нема да се кратат четирикратно,најновата фора лекување со подмитување,делови за тенкови нема да се купуваат и др.
Од: Пак ќе паднат
Датум: 22.06.2010 07:26:45
Во Македонија не треба да има “кревање на гласот“, туку како и секаде ќе има избори и тоа редовни. Македонците, место “кревање на гласот“, ќе треба да изберат една од понудените опции. Засега многу подобрата опција е на власт и убеден сум дека таа и ќе победи.
Од: Afion
Датум: 22.06.2010 07:37:32
Apsolutno sum protiv brisenje i potsmev ("komunjari" ) na nasiot komunisticki period od istorijata. DPMNE pravi greski. Vo sto ili vo pomalku cekori, ekonomski ili politicki. Vidlivo e. No po povod sporot so imeto apsolutno se vo pravo. Zosto denesnite "komunjari", potomcite na komunistite so koi prv pat dobivme drzava (iako ne sme mlad nadord) se zalagaat za promena na imeto? Dali se sposobni da dojdat na vlast na drug nacin? Ako ne, stvarno se "komunjari" a ne potomci na komunistite.
Од: kole
Датум: 22.06.2010 08:06:30
Марина, констатацијата ти е наполно точна, ама од овој народ односно АМОРФНА СУПСТАНЦА не очекувај да се крене...... овој народ тоа и го заслужува......прашајте ја Тања Бумбарката и ќе ви биде јасно.................
Од: dara bubamara
Датум: 22.06.2010 08:20:37
Ima , ima koj da dojde Marina.Doagja SDSM , doagja BRANKO CRVENKOVSKI. Tie znaat i kako da ja spasat i kako da ja zacuvaat Makedonija. Samo Tie znaat kako se gradi drzava i kako se zacuvuvaat nejzinite temeli.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 08:26:41
Ако сакаме да не има ,да ни остане она малкуто достоинство и државата МОРАМЕ да го кренеме гласот. Од властитутките тоа нормално не треба да се очекува, тие ќе ја слават власта ( која и да е ) која ќе се востоличи, и сега и подоцна.
Од: Naum
Датум: 22.06.2010 08:41:53
Odlichno pismo... so odlichno prashanje. No mislam deka makedonskiot narod- nema da go krene glasot , kako i dosega vo istorijata, sekogahs kjutel i trpel, no zatoa draga gospogjo toa kje go napravat malcinstvata, albancite, vlasite , srbite , turcite... Ke padne i ovaa tiranija na bugarashite, no togash nema da imame milost - kako shto denes ne ochekuvame milost od niv... a od makedonskiot narod se vide ... ne baraj ti narod od poedinci koi ke gi zamolchish so rabotno mesto na opredeleno vreme za 130 EUR... Pozdrav
Од: Наташа
Датум: 22.06.2010 10:17:07
Што претставува еден македонец? - Комита Двајца македонци? - Комита и војвода А тројца? - Комита, војвода и КОДОШ
Од: pravda
Датум: 22.06.2010 10:47:59
Do Feliks: Zaboravi na mlekoto od Swedmilk,plateznata karticka,cetirite stana,familijata,pecatnicata Goce Delcev,tutunskite kombinati itn.ili toa ne te zagrizuva oti klatis vrata primas plata,takvite kako tebe lesno se kupuvaat zatoa sedi i cekaj da se raspise tenderot kako onoj za dvokatnite avtobusi
Од: јас
Датум: 22.06.2010 11:44:56
Не е точно дека нема кој да дојде после овие растури-држава „патриоти“ !!! На двапати СДСМ докажа дека знае како да направи држава , во 90тите години. Иуште еднаш во 2001 кога истите овие портокали ја донесоа Македонија пред растурање СДСМ беше тој кој пак ја крена Македонија на нозе.Само за разлика од Лјубчо кој слободно си ги троши милионите , овие новиве треба да одлежат „дебело “ во Идризово..За памет на сие тие што ќе дојдат после нив...
Од: ne e bitno
Датум: 22.06.2010 12:09:24
Ne ste zreli ni politicki niti imate nacionalna svest, za zal. Premnogu se opteretuvate so drugiot otkolku so sebe si, igrate po balknaski "pravila", spiete, ste pasivni, durgite vi se krivi za se, kritiki ne prifajkate...toa e nakratko. Zal mi e za onie koi ne se takvi ama gi ima malku. Da ne zboruvam deka najmnogu me razocaruvaat "intelektualcite" i onie sto zavrsile nekoe skolo i mislat deka se nekoj i nesto, a vo sustina nisto ne postignale. Poglednete go samo predsedatelot, akademski obrazuvan a razvoj kako licnost kako malku poveke da nedostasuva? Takvi se pogolemiot del "obrazuvani" makedonci, za zal. Toa e toa.
Од: Vasko
Датум: 22.06.2010 12:40:09
Aj ovaa potrcka partiska sto go pishala tekstot neka objasni koja vlada ispolnila toa sto vetila vo izminatite 19 godini nanazad, a posle neka mi kazi zosto prethodno ne go kra glasot i izrazuvala svoeto negoduvanje kon politickata elita. Ili polna mu bila ustata togash i krkala od aramilakot , pa sega mu seknale prihodite , pa aj ke laeme sekoj den ista pesna, nasle krastavica pa zosto kriva. Neka mi objasni drugo koj ke ja zameni ovaa aktuelna politicka elita i zosto i sto ke donesi. Dali posle 17 godini kradenje i aramilak,nesovesno rabotenje i prodavanje na drzavata, imeto,znameto i se ostanato, sega se opametile pa duri sega ke donesat nesto novo? Ili ima uste nesto sto ne prodale, pa mozebi sea mu fali uste nekoja vila vo Halkidiki? Mizerija ste iskreno i sramota na vekot! Piknete se vo vashite mravkini dupki, i nikogash povekje da ne se pojavite vo makedonskata politika, ne ve biva ednostavno, smenete podobro profesija,rabotete prodazba,barem lazite dobro, ako ne drugo!
Од: ...
Датум: 22.06.2010 14:33:04
Марина еве јас сум за. Ама џабе е сега, никој после овие не не вади од оваа...катакомба или банана држава :)
Од: Pande od Gornodupeni
Датум: 22.06.2010 15:03:22
"Mitre" ti burazezu da ne si "lapnal" nesto od privatizacija ta na Braneta pa sea si vo uloga na negov portparol.O da zagubat ovie lajchari koi ke gi zameni bre???Branko li???Nazalost pametnite deca se vo senka i nikogas nema da dojdat do izraz.Branko e vece viden folm.Pa dajte lugje realni komentari-ne tuku tropajte zeleni.Na Makedonija i treba krevanje na glas za 3 ta opcija-meghuto se plasham deka toa tesko ke se sluchi.A so nashava crno-bela politicka tehnika nie vekje 20 god si toneme vo g*mna!!!Taka Mitre srojat rabotite,
Од: Pero
Датум: 22.06.2010 15:06:58
E pa da go kreneme. Ama koga ke gi izbrkame ovie, koj ke dojde? Onoj sto go unisti stopanstvoto, sto ostavi nad 200 000 nevraboteni, sto se borese so oktopodi (znaete kolku uspesno), sto ne prekrsti od Republika Makedonija vo FYROM, sto od znameto ni napravi ventilator, sto oslobodi od zatvor dokazana lopuza za da mu ja gree foteljata .... E pa ne blagodaram. Ovie ne se dobri, vo toa se slozuvame. Ama za da go kreneme glasot protiv ovie, prvo ti i takvi kako tebe krenete go glasot protiv vasiot vecen sef. Najdete nekoj koj e neiskompromitiran, koj ke moze da napravi nesto za ovoj narod. Koga ke najdete takov, bidete sigurni deka narodot ke trgne po vas. Pozdrav.

Најди! во Утрински
Писма
Недржавнички прескакулици