Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Писма
Недржавнички прескакулици

Петар Караjанов, публицист и новинар

Пред некој ден почина Димче Беловски, учесник од првите денови на Народноослободителната и антифашистичка војна, носител на Партизанска споменица од 1941 година, еден од последните петмина живи учесници на Првото заседание, пратеник и министер, врвен дипломат, истакнат општественик, публицист и новинар. Неговото физичко заминување достојно го одбележаа и го испратија неговите соборци со комеморативна седница, неговите содејци од општествениот и од политичкиот живот од историските денови на создавањето и развојот на македонската држава, неговите штипјани, другари и пријатели, неговото семејство.

Иако беа уредно известени, на комеморативниот собир не се појави ниту еден претставник на актуелните државни органи и институции, што денес се надградба на она што се втемели со АСНОМ, првото Народно собрание и првите народни влади во кои се вгради со својот самопрегор покојниот Беловски. Освен неколку куртоазни телеграми на сочувство и кратки нотици во одделни јавни гласила, заминувањето на оваа стамена македонска личност го проследија несфатлив замолк и прескакулици.

Така, во овие дваесетина години на македонската транзиција и на македонскиот плурализам завршува животниот век на плејада борци, државоградители на првата македонска слободна држава, врз чии темели се развива денешна самостојна и суверена Република Македонија.

Премолкот за нив, за нивниот влог и придонес во македонската државност е проследен со изговорен и неизговорен атрибут: „Тие се дел на едно одминато комунистичко време, што го напуштивме како ригидно“.

Прескакулиците што свесно ги прави актуелната власт ги гледаме и во реализацијата на владиниот проект „Скопје 2014 година“. Добро е и за историјата и за колективното паметење на идните генерации што на плоштадот „Македонија“ израснаа монументалните споменици на апостолите и симболите на првиот Илинден: Гоце Делчев и Даме Груев и на претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто од конституирањето на македонската државност на вториот Илинден. Но, боде очи празнината меѓу овие два симбола - отсуството на споменичен белег на востаничкиот изблик на 11 октомври 1941, стамениот лик на првиот командант на македонската Народноослободителна војска, генерал Михајло Апостолски, на првиот државен креатор на АСНОМ - Кузман Јосифовски-Питу и други херои - со чија борба и саможртва се дојде до АСНОМ и со неговиот Президиум.

Точно, организаторите, предводниците на таа епохална Народноослободителна и антифашистичка војна 1941-1945 година беа комунисти. Но, тие беа единствената политичка сила во земјата, која тогаш и' даде национална, народноослободителна и државотворна платформа на таа борба - и затоа народот ја прифати како своја. Точно: со социјалистички предзнак се развиваше првата македонска државност, но таа, пред се', беше вистинска преродбеничка и градителска епоха во која се вгради ентузијазмот и самопрегор на генерации - за да се создаде она што со векови му било спречувано на овој народ. Па, затоа, мнозинството од тој народ се прашува: зошто во одбраната на државниот и националниот идентитет се копа во праисторијата, а се запретува онаа вистинската кога и на светот му покажавме и бевме со свое име и државно достоинство?


#
Статијата е прочитана 622 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 22.06.2010 00:34:07
ZOSTO ??? Zatoa sto vo vmrovska Makedonija pobbednicite (na izborite) ja pisuvaat istorijata. I ekonomijata. I matematikata. I fizikata. Ako sakaat vodata ce vrie na 90° a praviot agol ce ima 100°. Sto im mozes, izbrani se od narodot, kako sto veli golemiot filozof Milenko Nedelkovski.
Од: Nastradin Odza
Датум: 22.06.2010 06:14:03
Pejo, vodata vrie na 90 stepeni Celziusovi na okolu 3000 metri nadmorska visina, a pravoit agol ima tocno 100 gradijani. Problemot Pejo e shot sekoj Pejo kaj nase e "Itar" Pejo. A do avtorot, pak li mizerno politiziranje na tazen nastna?
Од: Afion
Датум: 22.06.2010 07:29:25
Sramno e sto oficielnata vlast se drzala nastrana. Komunistickiot del od nasata istorija ne smee da se preskoknuva. Vo Viena nikoj ne go giba spomenikot na Crvenata armija. Nasiot komandant Apostolski zasluzuva spomenik na istiot plostad so Cento. No isto taka e sramno, potomcite na komunizmot (SDSM kako partija sto vlece koreni od KPM i SKM so site nejzini pokasni derivacii i bivsi predtsedateli na Republikata, na Sobranieto, na Vladata a site od, ili bliski do SDSM potpomognati od eksperti) da se soglasuvaat so promenata na imeto. Neli e sramno imeto da se koristi da se dojde na vlast? Kade e ekonomskata progama so koja kje se srusi DPMNE? Dali pokojniot Dimce Belovski sa borel za Severna, Gorna, Vardarska ili bilo kakva prekrstena Makedonija? DAli KPM i vojskata ne go poddrzuvaa nasiot narod od Egejska Makedonija se do 1949g. Vecna mu slava i Bog da go prosti. A vie naslednicite, prisvestete se malku!
Од: kris
Датум: 22.06.2010 08:03:29
А што очекувате од потомците на Михајлов и Александров??????????????
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 08:23:25
Не им споменувајте на овие властодршциве, социјализам, комунизам, создавање на првата македонска држава.Та од нив се почнува, а што закашкуваат кој ќе им биде крив ако не комуњарите ( како што милуваат да с**ат) и социјалистите ( кои впрочем им се коалициони партнери).Но научени се на делби по сите основи и теории за заговори.За друго и не ги бива. УУпс ,ќе згрешав...и за пари, но на своја сметка.

Најди! во Утрински
Писма
Ќе го кренеме ли гласот, конечно?