Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Нема штедење струја, канделабрите во паркот во Чаир светат нонстоп

Додека светот води сметка за штедењето на електричната енергија кај нас никој не реагира на непотребното трошење струја

Повеќе од десетина дена половина од канделабрите во паркот во Чаир светат нонстоп и дење и ноќе. Додека светот води сметка за штедењето на електричната енергија и применува штедливи светилки, кај нас ниту се штеди, ниту се реагира на непотребното трошење струја, коментираат меѓусебно чаирчани. Но, никој од тамошните жители не го пријавил проблемот во Општината.

Надлежните, пак, оттаму признаваат дека воопшто не ја забележале оваа појава. Сепак, потенцираат дека нивните одговорни за уличното осветление не можат ништо да преземат, бидејќи ваквите проблеми во паркот „Чаир“ се обврска на ЕВН. Од Чаир ќе се обидат преку телефонска комуникација да го решат проблемот, не покажувајќи многу грижа за досега потрошената електрична енергија што се плаќа од парите на граѓаните.

„До неодамна на неколку улици во општината имавме бандери кои светеа и дење, па некако во соработка со ЕВН го решивме проблемот. Но, во случајов со канделабрите во паркот не сме реагирале, а и нашиот одговорен за осветлението тука нема ингеренции. Со ЕВН имаме соработка и затоа ова ќе го решиме без многу да ги официјализираме работите“, вели Авни Калаба, одговорен за информирање во Чаир.

Дури и по два дена откако ги прашавме во Чаир дали знаат дека канделабрите во Чаир им светат и дење, тие се' уште се немаат јавено во ЕВН, иако непотребно трошат свои пари.

„Не сме информирани дека канделабрите во паркот ’Чаир‘ светат и дење, иако тие се во нивна надлежност. Доколку е до нас, ние ќе реагираме“, вели Ленче Карпузовска, портпаролка во ЕВН. (Сн.К.)

 


#
Статијата е прочитана 220 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите
Челична ограда на видиковецот на Водно
Започна изградбата на фекалната мрежа