Број 3081  среда, 09 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Започна изградбата на фекалната мрежа

Во Ново Лисиче кај терминалот на автобуските линии број „5“ и „15“ стартуваа градежните зафати за изградба на фекалната канализација во Горно Лисиче. Мрежата ќе минува по новопроектираниот булевар „АСНОМ“ . Реализацијата на проектот ќе чини 18 милиони денари, а средствата се издвоени од градскиот буџет. Изградбата треба да заврши за три месеци, а стартот на работите свечено ги означи градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски. На изградбата на фекалната мрежа ќе работат екипите на фирмата „Енергомонт“ од Скопје.

Овој капитален инфраструктурен ќе се протега на околу 1.200 метри, а ќе има профил на цевки од 500, 600 и од 1.000 милиметри. Како што рече градоначалникот Трајановски, од изградбата на колекторот корист ќе имаат околу 30.000 граѓани од населеното место Горно Лисиче. Трајановски додаде дека во иднина се планира изградба на пречистителна станица од левата страна на Вардар кај селото Трубарево. Градоначалникот на Аеродром, Коневски, пак, изрази надеж дека за дваесетина дена паралелно со изградбата на колекторот ќе започне и изградба на препумпна станица. Реализацијата на двата проекта ќе го реши проблемот со септичките јами. (Сн.К.)

 


#
Статијата е прочитана 253 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Зонското паркирање ги испразни паркинзите, а ги наполни тротоарите
Нема штедење струја, канделабрите во паркот во Чаир светат нонстоп
Челична ограда на видиковецот на Водно