Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Кадровски резови и во ДУИ

Алаудин Зекири, заменик-директорот на Управата за јавни приходи кој „пазарел“ со службената платежна картичка, е разрешен од функцијата. Одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата, по што е именуван нов заменик-директор на УЈП - Мухамед Ахмети, правник од Тетово, инаку, кадар на ДУИ.

Кадровските смени и рокади што ги почна власта пред неколку недели, главно, поради истекот на мандатите на повеќе директори, но и поради случаите на судири на интереси, ги зафатија и редовите на ДУИ, иако повеќето функционери од оваа партија се на позициите само две години.

На следната владина седница идната недела се очекуваат повеќе интервенции во функционерскиот состав на ДУИ. Партиски извори најавуваат разрешување на заменик-секретарот на Владата, Абдула Азари, на чие место би дошол актуелниот заменик-министер за внатрешни работи Џевад Бучи. За нов заменик-министер во МВР, пак, се планирал Мухамед Исмаили, кој моментно бил заменик-директор во Агенцијата за разузнавање. Пред извесно време, од функцијата заменик-директор во Агенцијата за вработување замина Рахим Лимани, за да остане советник во град Скопје, а на негово место дојде Абдулсамет Шабани. Списокот кадровски промени, според нашите соговорници, нема да заврши со овие имиња.

Од раководството на ДУИ тврдат дека подолго време се анализира работата на сите нивни функционери, иако со првите кадровски интервенции се опфатени само заменичките места. Сепак, ако се има предвид дека евентуалната промена на заменикот во МВР ќе мора да помине преку Собранието, од партијата не се исклучува можноста и поголемо проветрување што би го зафатило и министерскиот состав на ДУИ.

Промените во функционерскиот состав на ВМРО-ДПМНЕ, пак, засега се сведуваат само на поситни интервенции во третиот ешалон на власта и на ротации од една на друга функција. Минатата недела, Владата го именувала Ромео Деребан за директор на Државниот управен инспекторат, бидејќи на досегашниот директор Димитар Ѓеорѓиевски му истекол мандатот. Претходно, Деребан беше разрешен од директор на Инспекторатот за локална самоуправа, за на тоа место да дојде Ванчо Шехтански, кој дотогаш беше директор на Агенцијата за управување со одземен имот. За в.д. директор на оваа Агенција е именувана Ирена Брзанова. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 1182 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 24.09.2010 07:33:20
I vaka so naznacuvanje na partiski clenovi na drzavni funkcii kade sto trebaat rabotosposobni lugje ke odime vo "Evropa"? Znaci i nie sme imale sistem koj sto e "Evropski" pa bi trebalo da staneme clenka. Dali mozebi ovie gluposti i kretenski raboti sto gi pravat osporuvacite (od nas izabrani) imaat cel da ja drzat Makedonija nadvor od Evropa za tie da unistuvaat i kradat kolu sto e mnogu podolgo? Ako, ako, ke dojdi vremeto koga site ke odgovaraar za nivnite postapki. Rakata na pravdata e dolga. "Edna Makedonija, Obedineta Makedonija"

Најди! во Утрински
На прво место
Уставен суд во конфликт со лустрацијата
Зошто ги штитите кодошите
Судијата бара јавно да проговори дали бил кодош



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist