Број 3389  четврток, 23 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Уставен суд во конфликт со лустрацијата

Под прашање е одлуката за лустрацијата

Оливера Војновска

Доколку се потврдат информациите дека еден уставен судија бил соработник на тајната полиција, неизбежно се поставува прашањето каква тежина има одлуката на Уставниот суд со која во март годинава беа укинати четири одредби од Законот за лустрација, меѓу кои лустрирањето на транзицискиот период и објавувањето на имињата на кодошите во „Службен весник“.

Ако навистина се покаже дека првата жртва на лустрацијата доаѓа од институцијата, која, според дел од екпретската јавност, донесе одлука со која го „осакати процесот на прочистување на општеството“, тогаш во најмала мера може да се каже дека имаме еден класичен пример на конфликт на интереси. Одлуката на Судот беше донесена со мнозинство гласови, што значи дека е битно како се изјаснил посочениот уставен судија, дали неговиот глас бил одлучувачки или, пак, тој бил во позиција да влијае врз определбата на неговите колеги.

Професорот Звонимир Јанкуловски, кој е еден од изготвувачите на Законот, вели дека е застрашувачки доколку во оваа држава по критериуми на кодошење се стасува до уставен судија. „Одлуката на Уставниот суд ја губи смислата затоа што во неа учествувал човек што бил лично засегнат. Се покажува недоследноста на системот и ја потврдува потребата лустрацијата да не се ограничи до 1990 година. Суштината на лустрацијата е од јавниот живот да се повлечат поединци што можат да и' нанесат штета на државата, бидејќи се во позиција да одлучуваат за клучни работи, а поради нивното минато, подложни се на уцени. Останува дилемата каде се' уште има такви поединци, кои врз основа на денунцијација на колеги, неистомисленици стасале на одредени високи функции“, вели Јанкуловски.

Ваквата ситуација со уставниот судија, за иницијаторот на лустрацијата, Стојан Андов, претставува преседан. „Ако се потврди дека судијата соработувал со тајните безбедносни служби, тоа ќе фрли сенка на одлуката на Уставниот суд за лустрацијата. Одлуката станува проблематична од аспект на тоа што еден уставен судија бил лично засегнат. Излегува дека Уставниот суд ја донел одлуката во чудни околности. Не знаеме каков бил односот на гласовите и дали имал некакво влијание врз другите судии“, вели Андов.

И Марјан Маџовски, кој, исто така, е еден од изготвувачите на Законот за лустрација, смета дека евентуалното потврдување на информациите за уставниот судија ќе го доведе во прашање кредибилитетот на одлуката на Судот. „Тоа значи дека судијата имал личен мотив и можел да ги насочува дискусиите и на тој начин да влијае во носењето на одлуката“, вели Маџовски. Сепак, додава дека треба да се сочека да заврши постапката, па потоа да се се изнесуваат конечни констатации.

Пред шест месеци Уставниот суд одлучи дека не треба да се лустрираат 17 транзициски години на Македонија, бидејќи оцени дека со новиот Устав е воспоставен нов демократски поредок и се гарантираат основните човекови права. За Судот е проблематично и објавувањето на имињата на кодошите во „Службен весник“, и не се согласува да се лустрираат граѓанските здруженија и верските заедници.


#
Статијата е прочитана 652 пати.

Испрати коментар

Од: zoro
Датум: 23.09.2010 12:17:15
jas neznam samo koj e iznenaden a koj "uvregjen"?? seto ova se znaeshe A dokolku nekoj ne mu bese jasno mu se razjasni koga ustavnoit sud ukina cetiri odredbi od zakonot za lustracija. eden od niv bese i za zakonot da vazi do 1990 na sto gospodata od sdsm nagolemo mu se izraduvaa. Ubavo e da svatat i tie malku sto veruvaat vo opozicijata deka namerite im se "chesni", ne dragi gospoda, nivnite nameri se od najzaden karakter!!! tokmu zatoa makedonija nazaduvashe 15 godini, NO tokmu i zatoa ke se vratat na vlast minimum 2045 godina!!! SRAM VE BILO, sto bi rekle "vashite"!
Од: Дарко Петров
Датум: 23.09.2010 12:27:18
Проблем е целиот закон затоа што е ретроактивен - пропишува правни последици за дејствија кои се сторени пред влегување во сила на самиот закон. Уставот не дозволува законите да бидат ретроактивни, па според тоа Уставниот суд мораше да го укине или поништи овој закон. Инаку ретроактивноста на законите претставува кршење на човековите права, ама терај ова е Македонија А да, називот на законот не е „Закон за лустрација“, туку е поинаку. Со овој закон не се спроведува лустрација, туку се о��ределува дополнителен услов за кандидати и носители на јавни функции.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.09.2010 12:31:15
Види богати дури сега се открива и фрла сомнеж врз просветлената одлука визави лустрацијата на Уставниот суд.Можам нескромно да извикам БРАВО БЕ ФЕЛИКС,колку малку треба да очигледните факти ги опсервирааме.Повторно апел до Феличита и останатите,дајте малку кураж и искоментирајте барем еднаш реално.
Од: Малку логика
Датум: 23.09.2010 13:37:36
Од толку ммногу просветлување, Феликс изгледда си го осветли филмот во главата па сега е скаран со разумни толкувања. каква врска има укинувањето на четирите одредби со личното "скривање" на некојси уставен судија. Укината е одредба за после 1990 год. што очигледно не го скрила. Инаку доколку се продолжи со времето и после 1990 година тогаш треба да се врши лустрација и во иднива бидејќи и денес има соработници на тајните служби а ќе има и се додека постои тајна служба.
Од: Феличита
Датум: 23.09.2010 14:16:19
Среќко,пиши нешто за газдата на Мартин Протугер,собери малку кураж!Заборави ли како се палеше на Војводата?

Најди! во Утрински
На прво место
Зошто ги штитите кодошите
Судијата бара јавно да проговори дали бил кодош
Кадровски резови и во ДУИ



"""



Kosovo president resigns after constitutional court ruling
Romanian government and police at loggerheads
Sandzak is not Kosovo, EU diplomats insist