Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Скопје

Коњите од скопскиот асфалт ќе пасат во Јасен

Екипа на ЈП „Комунална хигиена“ почна со фаќање на коњите-скитници што слободно пасат низ населбите

Бојан Шашевски


Градот реши да тргне во офанзива за фаќање на коњите-скитници, па набави приколка за превоз на крупен добиток. Од скопскиот асфалт коњите ќе се преселат директно во Зоолошката градина или во Националниот парк „Јасен“ доколку во меѓувреме не се појави нивниот газда. Ќе бидат фаќани со приколка што има носивост до 800 килограми од стручна екипа на ЈП „Комунална хигиена“, која ќе кружи низ улиците и ќе ги собира коњите што слободно трчаат и пасат во населбите, парковите, улиците... Приколката треба да го реши долгогодишниот градски проблем со коњите, кои не само што безгрижно пасат од жардиниерите, расфрлаат измет на детските игралишта и ја нагрдуваат сликата на урбаните локации, туку го отежнуваат сообраќајот, и тоа најчесто во шпицот, при што претставуваат голема опасност за безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Како ќе се фаќаат коњите и каква ќе биде нивната судбина, вчера лично објасни градоначалникот Коце Трајановски. Симболично, кај поликлиниката „Мајчин дом“ во Аеродром, која е една од омилените локации на коњите, Трајановски официјално го претстави новото транспортно средство за добитокот. Потоа несебично и' помогна на стручната служба да фати еден коњ, кој специјално беше донесен во зеленилото за вчерашниот промотивен настан.

„Приколката е обезбедена по иницијатива на месните заедници, но и самите граѓани што наидуваа на проблеми со пуштените коњи. Сега и тие ќе можат да помогнат во фаќањето со тоа што ќе имаат можност да ги пријавуваат слободните коњи на екипите на ЈП ‘Комунална хигиена‘, кои потоа ќе ги носат до посебен дел на стационарот ‘Вардариште‘. Доколку во период од 15 до 30 дена не се јави сопственикот на фатениот коњ, добитокот ќе се изнесе оттаму и ќе биде сопственост на Зоолошката градина или на Националниот парк ‘Јасен‘“, објасни вчера Трајановски. Тој додаде дека со приколката исклучиво ќе се третира и ќе се пренесува пуштениот добиток, односно нема да се третираат коњите од запрежните коли, кои, според Трајановски, се во надлежност на сообраќајната полиција. Градоначалникот смета дека приколката ќе помогне конечно да се реши проблемот со уличните коњи, односно ќе се олесни фаќањето и транспортот на добитокот до соодветната локација.

Директорот на „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, дообјасни дека екипата што ќе биде задолжена за фаќање на коњите ќе ја сочинуваат четири обучени лица. „Коњите од улиците ќе ги собираат луѓе што цел живот се занимаваат со добиток. Во стационарот ’Вардариште’ за коњите веќе има обезбедено соодветен простор. За нив ќе вршат надзор работници на ’Комунална хигиена‘“, кажа Дочи, додавајќи дека доколку сопствениците побараат да ги повратат своите коњи ќе мора да платат надомест за нивната грижа и чувањето во стационарот се' до моментот додека не ги подигнат.

Инаку, набавената приколка за превоз на крупниот добиток е двоосовинска, надградено затворена и со две врати. Задната е товарна, со платформа што се спушта и се крева по товарењето, а помошната, странична врата ќе се употребува за влегување и за излегување од приколката. Добиточното превозно средство е долго четири мети, а широко два и пол метри. Шасијата е изработена од топло поцинкувана ламарина, а горниот дел од полиестер. За приколката, која има мало прозорче и апликација со коњче, Градот потроши околу 5.000 евра.

Дежурен телефон за пријава на улични коњи

Граѓаните можат да побараат интервенција од службата за фаќање на уличните коњи и друг крупен добиток. Пријава може да се врши телефонски на бројот 3216-644, секој работен ден од 8 до 20 часот. Во меѓувреме, обучената екипа ќе работи на терен по пријава од градските или, пак, општински комунални инспектори.


#
Статијата е прочитана 765 пати.

Испрати коментар

Од: м и л ч о
Датум: 23.07.2011 00:30:02
ne e loso sepak ke ima hrana za divite zverovi ,, za konite idejata e super ,jas bi predlozil i kucinjata da gi nosat na pasenje vo jasen ,, duri bi se angaziral bez pari da gi sobiram ,,,,,so amnaet od vlasta ,,,cekam odgovor
Од: Konji i voini na konji...
Датум: 23.07.2011 01:37:44
Skopje e edinstven grad vo svetot kade [to slobodno po ulicite se setaat KONJI ! Ima i po nekoj voin na konj, no zivi konji ima samo kaj nas! Dodusa ovie konji moze da si baraat voini? Eve se blizi Ilinden...
Од: Slavko Lazovski
Датум: 23.07.2011 15:29:52
Ovaa sluzba moze da posluzi i za odzemanje na dobitok od nesovesnite odgleduvci, koga ke imame sudsko resenie za utvrdeno nesovesno odnesuvanje i kazna-odzemanje, po prijava od nevladinite zdruzenija za zastita na zivotnitete.
Од: Vesna
Датум: 23.07.2011 20:04:18
Bi bilo dobro i kucinjata skitnici da se zemat od ulicite.

Најди! во Утрински
Скопје
Нов тип шахти во Центар
Грчка и турска фирма во трка за изградба на автобуските постојки

"""