Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хрони��а
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Скопје

Нов тип шахти во Центар

Шахтите на улиците низ центар наскоро нема да предизвикуваат проблеми во сообраќајот. Новиот тип шахти што почнаа да се поставуваат по сообраќајниците гарантираат дека тие нема да пропаѓаат во асфалтот, што значи дека нема да се оштетуваат ниту шахтите ниту коловозот, а побезбедно ќе биде и за возачите.

Општинарите од Центар објаснуваат дека станува збор за технички систем што обезбедува товарот од возилата да се пренесува на носечкиот слој на улицата, што во досегашната практика не беше случај затоа што товарот директно се пренесуваше на ѕидот на шахтата што била причина за нивно оштетување.

„Се работи за сува технологија на реконструкцијата и кратко време за нејзина реализација. Имено, ваквата реконструкција на шахта временски трае 30 минути. Поради тоа што на територија на Општина Центар постојат многу улични шахти што се видно оштетени и пропаднати, во наредниот период ќе преземеме активности за нивна реконструкција по овој технички систем, кој обезбедува брзи и сигурни решенија. Станува збор за промоција, прва од ваков вид во Скопје“, информираат од Центар, кои промотивно со акцијата за замена на шахтите со новите современи започнаа од улицата „Партениј Зографски“.


#
Статијата е прочитана 663 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Коњите од скопскиот асфалт ќе пасат во Јасен
Грчка и турска фирма во трка за изградба на автобуските постојки

"""