Откриен стан со брендирана облека
Поголема количина брендирана стока е откриена во стан на булевар „Партизански одреди“ во Скопје. При претрес на инспектори од Царината, во станот на З.Л. се пронајдени фармерки, блузи, кошули, јакни, костуми од најразлични марки, како што се „армани“, „гучи“, „версаче“, „прада“ и многу други. Покрај брендирани парчиња облека, при претресот се пронајдени рачни часовници, очила за сонце, парфеми, паричници, машки и женски ремени, женски чанти, чевли и патики од најпознати светски марки. „Станот функционирал подолго време како нелегален бутик. Брендираната стока се продавала по цени од 30 евра за една маичка, 100-150 евра за еден пар фармерки, до 500 евра за една јакна“, информираат од Царината. Против сопственикот на нелегалниот бутик ќе биде поднесена пријава, а експерти во наредниот период ќе ја утврдуваат оригиналноста на облеката. (Д.Т.) |