Управните служби на СВР Скопје лоцирани во „Беко“ денеска ќе работат во две смени од 8 до 20 часот. На ред за вадење нови лични карти се средношколците од четири скопски училишта: „Зеф Љуш Марку“, „Димитар Влахов“, „Илија Николовски-Луј“ и „Марија Кири-Склодовска“. Од МВР апелираат учениците претходно да ги обезбедат сите неопходни документи за аплицирање за лична карта.
СВР - Скопје информира дека од понеделник (26 април) ќе деташира по еден свој службеник што ќе ги опслужува граѓаните на петте новоотворени станици за технички преглед на подрачјето на главниот град.