Број 3266  сабота, 24 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника
Се' повеќе деца жртви на трговија со луѓе

Расте бројот на малолетни жртви на трговија со луѓе во земјава. Ваквата тенденција се забележува особено во последните две години, покажуваат резултатите од истражувањето на коалицијата „Сите за правично судење“, во рамките на нивниот проект за следење на предметите од областа на трговија со луѓе во минатата година.

„Полицијата лани открила осум случаи на трговија со луѓе, при што се идентификувани девет жртви, од кои седум се малолетни лица. Пред Основниот суд се идентификувани само два предмета за трговија со луѓе, кои се' уште траат, нема започнато ниту еден предмет за трговија со малолетно лице во периодот на истражувањето, иако МВР идентификувало седум малолетни лица, жртви на трговија со луѓе“, објаснуваат од коалицијата.

Во 2009 година МВР открило 31 случај на шверцување мигранти, со инволвирани 70 сторители. Во судска постапка за периодот на спроведувањето на проектот, со првостепена пресуда во 12 предмети се осудени 51 лице. Обвинетите за трговија со луѓе се најчесто сопственици на ноќни барови или угостители, додека обвинетите за шверцување мигранти се најчесто превозници или невработени лица.

Лани пред судовите во земјава се идентификувани три предмети, против три лица за простутиција, и тоа во Скопје, Прилеп и во Тетово. (Д.Т.)




#
Статијата е прочитана 794 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 24.04.2010 14:47:26
Vo osnova treba da se definira sto e toa trgovija so luge.??...Trgovija kade samite luge sakaat da odat ilegalno..vo stranstvo i plakaat..potoa mladite zeni zalazani deka ke imaat podobar zivot vo stranstvo..i zavrsuvaat vo EU bordeli i nakraj trgovija so deca kade roditelite od siromastija samite si gi davaat za pari.. ili ona najstrasnoto koga ke ti go kidnapiraat ..za pedofilstvo ili trgovija na organi....Kako i da e ..rak rana na naseto opstestvo stana drogerastvo i gore navedenite trite formi na trgovija so luge...dali nasata drzava ke ima sili da se spravi so toa ..vremeto ke pokaze....!!!

Најди! во Утрински
Хроника
Откриен стан со брендирана облека
Стани наутро и ограби банка
Лични карти за ученици во „Беко“
Ексдиректорот на Фондот за здравство ќе одговара за несовесно работење