Највисоката научна институција во Македонија крева раце од проблемот со името
Соња Крамарска
Не помина долго време откако претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Георги Старделов, на неколку чекори од тронот во највисоката научна институција во интервју цинично забележа дека „МАНУ е болна од автономија“. Интервјуто се случи во декември 2007 откако по неколку рунди гласања македонските академици го добија новиот претседател, а во државата драматично почнаа да се одбројуваат деновите до Самитот на НАТО во Букурешт и трескавичните лицитации дали Грција ќе ја оствари заканата за вето.
Поентата на академик Старделов е дека државната политика не ги користи доволно ресурсите на МАНУ и не ги консултира за важни прашања, па оттука Академијата се чувствува неполезна во разрешувањето на конфликтите во македонското општество. Прашан, во истото интервју, што треба да прави Македонија во пресрет на самитот на НАТО и грчките закани, советот на претседателот на МАНУ тогаш беше дека треба да се чека.
„Нам, во нашата епска борба за одбраната на своето име, не ни останува ништо друго туку да бидеме трпеливи, конзистентни и доследни. Мислам дека тоа прашање ќе се реши еден ден речиси самото од себе, дотолку повеќе што историјата и историската географија се на наша страна. Голема работа е да ја имате историјата за свој сојузник, бидејќи тогаш на ваша страна е вистината“, порача тогаш Старделов.
Премиерот Никола Груевски, сепак, во драматичните мигови пред НАТО-самитот во 2008 година реши да се консултира со МАНУ. Во настаните што се редеа три дена пред собирот во Букурешт, Владата таму замина носејќи им скапоцен подарок на претседателот Џорџ Буш и на медијаторот Метју Нимиц-согласноста за името „Република Македонија (Скопје)“. МАНУ тогаш одржа седница од која не чекаше, туку издаде соопштение со кое го поддржа името „��епублика Македонија (Скопје)“ како „прифатлива основа за компромис со Грција“.
МАНУ ги преживеа сите атрибути - дека е конзервативна, затворена или, пак, националистичка институција, но никој никогаш не ја оспори потребата на македонското општество од наука. Проблемот со името ги одбележа последните две децении од постоењето на националната високонаучна институција.
Но, ако внимателно се анализираат ставовите на МАНУ за тоа прашање, се гледа дека тие држеа паралела со политичките ставови, или дури беа и плод на недоволна информираност на академиците за брзите смени на ветриштата во политиката. Познато е и дека за цело време додека македонските државни раководства во смена одбиваа какви било разговори со Грција околу името (со исклучок на Љупчо Георгиевски како премиер), и броеја држави што не' признале под уставното име, МАНУ го следеше истиот став. Или обратно: политиката можеби го држеше курсот трасиран од страна на МАНУ.
Сегашниот претседател, академик Георги Старделов, набргу по стапувањето на функцијата, во друго интервју упати смирувачки пораки до јавноста дека Грција не бара промена на уставното име за вкупна употреба, туку дека се бара компромисно име само за надворешна употреба. „Во разговорите што течат не се менува уставното име, туку се бара решение со едно име за надворешна употреба“, рече тој своевремено во интервју за „Дневник“. Оваа негова изјава набргу беше демантирана низ натамошниот тек на преговорите.
Судејќи според неколку телефонски разговори што ги имавме со други членови на МАНУ за најновата изјава на Старделов дека спорот треба да го решат политичарите, овој негов настап многумина од нив го примиле со олеснување. „Ставот на претседателот е коректен, бидејќи моментно не можеме ништо друго да кажеме се' додека не пристигне нов предлог од медијаторот Нимиц“, гласи реакцијата на еден од врвните академици кој сака да остане анонимен.
Зошто сега во оваа, според многумина, критична фаза од решавањето на спорот МАНУ се дистанцира од овој најважен проблем за државата? Тоа е прашање што бездруго заслужува одговор.
Највисоката научна институција во Македонија досега има издадено две документи-книги за односите со Грција и спорот околу името. Во нив доминира ставот дека Македонија треба да го зачува уставното име, односно да не попушта на барањата што доаѓаат од Атина.
Најновиот став што го слушнавме завчера е дека е бесмислено МАНУ да предлага решенија за името и дека тоа им го препушта на политичарите. Но, сепак, Старделов упати предупредување дека кое име и да биде договорено во него, треба да стои „Република Македонија“. „Науката знае само за едно, дека ние сме тоа што веќе со милениуми сме и е наполно бесмислено од гледна точка на науката да предлагаме измени или некои додавки или не знам какви решенија кои би биле логични во политиката, бидејќи политиката е сфера на компромисот, а во науката компромисот нема значење“, вели сега академик Георги Старделов.
Ако ги прашате од денешна дистанца врвните македонски политичари кои играа ролји во преговорите или во спорот околу името - дали за нив беа корисни ставовите на МАНУ, веројатно одговорот би бил двосмислен. Исто како и најновата изјава на Старделов за името. „Академиците не знаат секогаш најдобро“- е можниот одговор по сите амплитуди со кои МАНУ реагираше на текот на преговорите за името. Од одбивање компромис до поддршка на ново име и најпосле до дистанцираноста што ја објави завчера Старделов.
Kakvi nonsensi! Ima li vo MANU katedri, oddeli, za pravnata nauka? Mozebi ne se konsultirani dovolno od politicarite ama treba da dadat mislenja, stavovi, preporaki, ukazuvanja ! Ako za poslednite decenii ne izgradile stav, koga ke go izgradat?Ne sum pobornik da se prejudicira stav so ogled na nebuloznosta na politickite predlozi ( kompromis, razumen, nesteten, prifatliv...) , no stav nemaat nitu Univerzitetot, nitu MANU nitu Politicarite ! Sto sakaat ? Jas da im kovertiram potez?
Од: Миле - Охрид
Датум: 03.07.2010 01:14:37
Изненадувачки добар текст за стандардите на „Утрински“. Без сугестии, етикети, заплашувања или закани.
МАНУ треба да изгради свој инегритет. Без оглед што мислиме за таа институција (за некои од нејзините членови) треба да ја уважуваме и штитиме. Нејзини членови , поединачно, имаат дадено (и даваат) доволно голем придонес во аргументирањето на нашите позиции во однос на името. Колективна одбрана од страна на МАНУ не е пожелна. МАНУ не смее да ја превземе улогата на политичарите. Во овој миг, доволно е да се артикулираат поединечни аргументи и академиците да се произнесуваат со поединечни оценки. Пример: некој од академиците треба да излезе во јавност и да даде стручно толкување на поимот „шовинизам“ и да го спореди со барањата на Грција. (Макр и ја препишал дефиницијата од некој лексикон.) Таков вид настапи ќе биде вистински придонес во одбрана на името.
Од: perica
Датум: 03.07.2010 02:16:18
Ovaa nepotrebna,neproduktivna, zastarena, nedefinirana,paralizirana,dezorjentirana,mentalno korumpirana,samoziva,sebedovolna ,izgubena vo site dimenzii institucija pod hitno treba da se zatvori.
Ne reformi ,ova e metastazirano, prvo rasturi.
Pa pozle ke vidime ako ima potreba ke praime nesto.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.07.2010 04:23:20
Akademijava sto ptavi i sto raboti osven sto postojano pravi gafovi.Smesni analizi za enetgetikata - kako za mali deca, enciklopedija - frli par pa op ne;inela,...zaradi privilegii postoi...Tipicno za mnogu institucii kaj nas.Poveke ja brukaat naukata odo[to ja afirmiraat.A i sekoj se pikna vo nea.Uste da primat nrkoj fudbaler.....
Од: pameten
Датум: 03.07.2010 05:58:38
„Науката знае само за едно, дека ние сме тоа што веќе со милениуми сме .... Ako naukata ovo go "znaeshe" nemashe da ima spor. Nauchnici od cel svet kje se objaveja vo zashtita na Makedonskiot narod. No svetskata nauka (od Larouse i Britanica do Wikipedia) za nas veli drugo. Bez navredi i oceni ni kazhuva deka sme mlad narod, koj shto ima svoeto pravo na postoenje, no nema kontinuitet os Antichkata helenezirana Makedonija, toku so Bugarskata kultura shto postoela na ovie prostori za vreme na Sredniot vek i prerodbata. Tragichnoto e deka ovo MANU dobro go znae, no nema hrabrost da go objavi!
Од: Maja
Датум: 03.07.2010 08:43:01
Bravo za tekstot! Odlicen e. A sega kakva glupa izjava dal Stardelov: Nie sme toa sto so mileniumi sme??? Pa jasno li mu e na nego kako intelektualec deka nacionalni drzavi i so toa nacionalnoto cuvstvo se produkt na 19 vek??? Koi mileniumi crn Stradelov? Pa posle dokazete deka ne propagirame deka sme direktni potomci na Aleksandar. E od vakvi gluposti ce go zagubime slucajot vo Hag i od vakvi "intelektualci" sto smetaat deka treba da se ceka i vremeto raboti za nas! Bravo be batka, kolku da cekame??? Uste kolku generacii Makedonci treba da sedat vo siromastija i besparica i zatvoreni kako vo crna dupka?
Од: Трпе
Датум: 03.07.2010 09:09:09
Народот бегајки од едноумие,сакаше да гради повекеумие но успеа да пронајде еден самобендисан лидер кој успеа да направи безумие.Со неговите трудови од МАНУ сега се очекува да му даде докторат.И МАНУ задоволен и лидерот задоволен и народот задоволен.Од ова задоволство поголемо здравје.А ако многу му се угодува на народот ке се разбуди па треба некој да го смирува.Многу арно не е за арно.Затоа најдобро е кога народот спие.
Од: sirma vojvoda
Датум: 03.07.2010 09:15:09
koi bea ovie od many,onie sto imaat po dvajca soferi i q7 dzipovi i sto se vozat jadat i pijat po kafani so nivnite familii na smetka na narodot??????????
Од: Stojko
Датум: 03.07.2010 09:29:06
Ili MANU treba da izgradi zadenicki stav, ili akademicite treba, spored svoeto znaenje i ubeduvanje da si kazat sto mislat.
@perica: ovakvi bezvezni komentari ne se potebni, Ti verojatno bi formiral nova akademija spored tvoite kriteriumi?
Од: Младост-лудост, старост-?
Датум: 03.07.2010 09:42:53
Тоа ти е, кога од стари луѓе, очекуваш да мислат на иднината. Неколку години се ќар. А, младите, па, сами нека му ја мислат. Барем нека молчат, нека не ни` ја комплицираат иднината.
Од: pogled
Датум: 03.07.2010 11:42:28
Да се плука и омаловажува МАНУ од страна на некои коментатори е за секоја осуда. Таквиот чин е испод секое ниво на љубов кој својата татковина. Засрамете се! Покриете се! Во која друга држава тоа се прави? МАНУ нема катедри, ниту институти за решавање на ирационални (т.е.нерешливи) спорови за имиња на држави, ниту има право да биде КУМ за ново име на својата држава и народ, но има право и ДОЛЖНОСТ, секогаш да ја истакнува својата вистина пред јавноста и пред светот, како што имаат право и ДОЛЖНОСТ тоа да го чинат и другите научни институции и авторитети. На тој начин, тие би биле противтежа на политичарите, новинарите, колумнистите и другите граѓани кои што имаат свое мислење и гледање на наметнатиот проблем со името на нашата држава.
Од: Aleksandar Makedonski
Датум: 03.07.2010 14:43:42
Pogovorkata veli "Slika e vredna 1000 zborovi". Taka i slikata vo prilog na novinarskiot napis kade sto pokazuva eden od starcite "naucninci" od Manu(-al ili pak -el). Eden pogled i se gleda deka covekot pripagja na edno damnesno vreme, odamna zaminato. Negovoto tlo veke go izdade, nema potreba poveke toj da zborni.
No sepak da ne se zalazuvame taka lesno zatoa sto kako sto procitavme, tie uste predat i tresat sekakvi gluposti.
Ako vrvnoto naucno-akademsko telo na nasata drzava ne mozi i ne saka, ili pak odbegnuva , da sploti edna zastitna odbrana, togas koj e vo podobra pozicija toa da go stori?
Dozvolete mi dragi moi da vi naglasam deka site slicni akademii okolu nas dosta dobro i dosta jako si gi pretstavuvaat i zastituvaat svoite interesi, bez razlika dali se vistinioti ili vazni, dali imaat osnova ili ne, i dali ke predizvikaat reakcii kaj nekoj ili ne. Pristapi koi sto tie samo gi kopiraat od drugi pojaki i "podemokratski" zemji.
MANU treba da se obnovi.
Од: bezanec
Датум: 03.07.2010 15:53:22
МАНУ-во наможен краток рок да се распушти,џабе да не трошат народни пари. Таква организација која ја сметаме како собир на најголемите умови,за дваесет години научно да немат изградено став околу името не ни треба,поедичечните изјави се лоши како она поговорката кога „„таткото врзел еден сноп прачки и му ги дал на синовите да ги скршат„„Се мачеле еден по еден но никој не можел да го скрши снопот од прачки.Тогаш таткото го земал снопот од прачки го одврзал и ги искршил. Е тоа е нашата МАНУ.
Од: Zborovite-Stavovite na Akad. Igor Janev
Датум: 03.07.2010 22:40:22
Сметам дека поранешниот претседател Црвенковски не е лице кое е неморално или е предавник. Се работи само за човек без какви било стручни квалификации за материјата од меѓународните односи и, пошироко, за државните работи. Во таа смисла ги разбирам и неговите несериозни и лаички настапи во врска со името. Едно сепак стои. Тој човек, со такви познати квалификации и нестручност, ја водеше Македонија доволно години да ниту еден битен суштински проблем не можеше ефективно и успешно да се разреши.
Од: dedo dimo
Датум: 04.07.2010 09:19:46
Ni.MANU ni vamo ni tamo,Nikoj nema pravo za promena na imeto na Republika Makledonija ,pa duri ni samite Makedonci vo drzavata ,tuku opshto siot Makedonski natod od cel svet ,bez razlika kade i da se po beliot svet .Referendum,za narodot da se izjasni .Ova ne e igrachka ,i prema toa site slozno vo odbrana na edno najvazno nesto shto Makedonskiot narod en smee da izgubi.Ako go izgubime imeto -znaci nie kako narod poveke ne postojme.