Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Поглед

Цените и аголот

Нина Нинеска-Фиданоска

Откако ќе ги изгледа сите вести на телевизија и ќе се изнаслуша за проблемот со името, за нашите засега неуспешни НАТО и ЕУ-аспирации, за опасноста да се нарушат меѓунационалните односи... и за што ли уште не, македонскиот човек секако мора да појде во маркет и да ги пазари основните производи. И што го чека таму? Секако нови, повисоки цени, и тоа ако не на сите, тогаш на најмалку пет-шест продукти. И така се повторува секое наредно пазарење. Поскапел лебот, поскапело млекото, средствата за хигиена... Некако тивко и без никаква транспарентност, упорно се лепат повисоки цени на речиси сите продукти. Само колку за утеха служат неколкуте акции што ќе ги сретнете во секој маркет, а со кои одделни производители „пуштаат срце“ за дел од артиклите, па ги продаваат по пониска вредност.

Веќе и домашните статистичари не одолеаја на искушението, па за минатиот месец, јуни, објавија годишна стапка на инфлација од 1,8 отсто. Ништо страшно, ќе ви речат експертите, па дури и стручно ќе ви објаснат дека таква мала и контролирана инфлација била многу подобра и попожелна за економијата отколку пад на цените или дефлација. Но, тоа можеби и не е толку лошо гледано од експертски агол.

Ама кога се гледа од перспектива на празен џеб или на плата за која нејзиниот сопственик заборавил пред колку години последен пат мрднала нагоре за некоја скромна илјадарка, што секако е аголот на обичниот граѓанин од почетокот на текстов, е тогаш некако многу пострашно изгледаат брзорастечките цени. Од нив можеби не се плашат само оние пет-десет проценти во земјава кои се полни со пари, сите други имаат уплав да појдат во продавница. Ама во време на големи искушенија и реформи, кој да се занимава со високите цени?


#
Статијата е прочитана 716 пати.

Испрати коментар

Од: ivo
Датум: 03.07.2010 00:38:16
Politickata stoka ( Politicka stoka se nus -proizvodite od ona sto bi trebalo da bide kvalitetna politika :Nekvalitetni komisii, sednici, raspravii, nateganja , podmetnuvanja, inaetenja) e uste postrasna od inflacijta, i od ekonomskata recesija. Za "iskusenijata" se soglasuvam , ama na koi reformi mislite?
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.07.2010 10:12:17
Денес ,во сред лето цените на пазарот се како во најскапите месеци во годината.Замислете патлиџани по 60 денари,праски 50 денари,дињи 40, лубеници 15 и 20.Па во ова време - цените биле прифатливи за секого, дури и за почнување на зимници правење.Да не зборувам во продавниците.Видете цени на топените сирења,и преработките од млеко а млекото се откупува по најниски цени досега.Тежок арамилак кон потрошувачите.
Од: Крт
Датум: 03.07.2010 15:04:24
Оваа влада на ДПМНЕ работи на тоа да имаме уште помалку од она што сме го немале од кога тие дојдоа на власт.Ме разбирате нели.Мене не ме засега инфлацијата, јас секој ден трошам ист износ на пари, а тоа што се помалку носам дома крива ми е ,, кошничката,,.Тие за среќа немаат кошнички, тие пазарат со ТОРБИ и ВРЕЌИ.Сега му е мајката! СРАМОТА!
Од: bezanec
Датум: 03.07.2010 16:52:11
Владата прикажа дека има инфлација од 1,8%, а рачунај дека е дупла.Во нормална држава одма покачуваат л.д.,пензии,без разлика дали се државни и приватни фирми,но затоа ова влада на вмро-дпмне нема пари бидејки ги истроши на коњита на делчев и даме,кои во животот никој не ги знае како јават коњи а со тоа вршат деградација на нашите борци за самостална МАКЕДОНИЈА.

Најди! во Утрински
Втора страница
МАНУ и името: политичарите знаат најдобро
Вербатим
Хелсиншки
Во прва година само 112 ученици