Број 3323  сабота, 03 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Хелсиншки: Македонија назадува во човековите права

Со извештајот за 2008 година го достигнавме дното, но годинешниот е полош од лани, оценуваат од ХК

Изминатата година е година во која власта на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер вршат концентрација на моќта преку земањето во раце на сите конци - на законодавната, извршната и на судската власт и ја маргинализираат правната држава и владеењето на правото, а со тоа и човековите права и слободи. Ова се заклучоците од годишниот извештај на Хелсиншкиот комитет за состојбата со човековите права за 2009 година. „Иако мислевме дека со извештајот за 2008 година го достигнавме дното, годинешниот е полош“, истакна Христо Ивановски од ХК.

Генералната оцена е дека Македонија назадува на полето на човекови права, а главна причина за тоа е концентрацијата на моќта во рацете на само еден човек - лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, што особено се забележува по вонредните избори во 2008 година.

Главни аргументи за ваквите оцени на ХК се катастрофалната состојба на судството, кое треба да биде главен столб на демократијата. По преземањето на контролата врз Врховниот суд, цел стана Уставниот суд, на кого му се упатуваа јасни предупредувања. Во мозаикот на правосудството најинтересна е фигурата на министерот за правда, Михајло Маневски, како министер, кој по низата афери целосно го загубил политичкиот кредибилитет. Истовремено се забележува и враќање на политички мотивираните судења.

Оценка е дека МВР и натаму останува најнереформираниот сегмент и од самиот почеток беше и остана ефикасна алатка во рацете на владејачката партија. Меѓунационалните односи, дефинитивно, стануваат најилустративен пример дека во континуитет чекориме наназад. Влијанието на НВО-секторот слабее и тие не само што се маргинализирани туку нивната позиција се поткопува до граница на опстанок. Медиумите во континуитет се соочуваат со напади и поделби на патриоти и на предавници, а постојат и сведоштва за директни мешања во уредувачката политика. Хелсиншки забележува дека во текот на минатата година е особено забележливо отстапување од секуларноста на државава.

„Не се без основа тврдењата дека инцидентот на скопскиот плоштад е дел од подлабок внатрешен конфликт меѓу граѓаните поттикнуван од власта. Сеењето страв како метод во последниве години го видовме во многу области од јавниот и од приватниот живот“, се наведува, меѓу другото, во последниот извештај на Хелсиншкиот комитет. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 416 пати.

Испрати коментар

Од: prijatel
Датум: 03.07.2010 00:25:49
можам да замислам како му било на граѓаните на р.м. во 45-та г. кога комунистите не бирале средства за да ги заштитат своите интереси пред се лични, кое ние сите денес го доживуваме во овој режим на тортури и притисоци во секој сегмент од животот. или просто: илии си со мене или си против мене!
Од: ...
Датум: 03.07.2010 07:45:36
Хаха, па да се само човековите права што назадуваат. Не знам од кај да почнам и кај да завршам со списокот...
Од: Mite
Датум: 03.07.2010 09:11:46
каква концентрација на моќ, какви будалаштини; па во Македонија државата воопшто нема некоја моќ; еве неколку примери : пред многу години имаше изборни пукања во Охрид: полицијата го приведе рекетарот на сдсм, постапката премина во судските лавиринти и таму се заглави, а него мува не го лазе. Нов пример од Охрид е усмртувањето на Скопјанката во глисерот од страна на локален моќник, и тоа ќе се заглави во локлниот суд. И сега каде е моќта на државата ? А овакви и слични примери има на иљадници. Кај нас може истражен судија да појде и од затвор да пушти најголем криминалец, имавме дури 2 случаја кога се пуштени мафијаши од други држави, дури имаше и дипломатски протестни Ноти... но кучињата лајат, карванот врви, судиите НЕ одговараат за ништо... Значи дали имаме тотално владеење на државата или башибозлук на судската власт ??? Капак на се е случајот Сопот кого опозицијата (Бучковски) почна да го злоупотребува иако тоа е стар случај, па имаа време кога беа на власт да го решат.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.07.2010 10:34:54
Мислите дека оваа власт се разбира што се тоа човечки права и дека и со изјавата ( кој го е*е Уставниот Суд) за Уставниот Суд всушност го нарушува и правото на граѓаните на јавна расправа а дуго е и поттикнуванје на беззаконие и воведување на мала врата на ДИКТАТУРА.А каде има ДИКТАТУРА сте чуле за човекови права.Големо Уво - дали ти си чуло за такво нешто?Ако не си прашај го Големиот Брат.
Од: bezanec
Датум: 03.07.2010 16:00:16
До пријател! Споредуваш баби и жаби господине. Тогаш се стварало држава,се бранела од разноразни влијанија,срби,грци,албанци и најголемите непријатели на оваа земја болгарите.Додека сега треба да се развива и оди напред ,лугето ќе одат на месечината да живеат,ние се вракаме во камено време,како што ги изградија наколното живеалиште во охрид.

Најди! во Утрински
Втора страница
МАНУ и името: политичарите знаат најдобро
Вербатим
Цените и аголот
Во прва година само 112 ученици