Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хрон��ка
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Свет

Егзекутиран пред камера

Снимка како доказ дека смртоносната инјекција предизвикува страдање

Судијата од американската држава Џорџија дозволи егзекуцијата на осуден убиец да биде снимена на барање на друг затвореник осуден на смрт. Ендрју де Јонг, осуден за убиство на родителите и сестрата, во четвртокот вечерта беше егзекутиран со смртоносна инјекција. Адвокатите на вториот осуденик наведоа дека снимањето на егзекуцијата на Де Јонг ќе покаже дека хемикалијата што се користи во смртоносниот коктел предизвикува непотребно страдање. Тие наведоа дека наркотикот недоволно го смирува затвореникот и може да предизвика болка. Хемикалијата за која станува збор, пентобарбитал, вообичаено се користи за смирување на животните. Неколку американски држави се префрлија на употреба на пентобарбитал поради недостигот од потрадиционално употребуваниот смртоносен наркотик, содиум тиопентал.

Де Јонг (37) беше осуден затоа што ги избол до смрт своите родители и 14-годишната сестра во 1993 година поради наследство. Негова последна желба за храна било пица, сок од грозје, сладолед од ванила и конзервирано овошје. На барањето да каже нешто за последен пат, Де Јонг рече: „Им се извинувам на сите што ги повредив“. Тој ја одби понудата за последна молитва.

Кога почна ставањето на инјекцијата од три наркотици, Де Јонг продолжи да трепка и подголтнува околу две минути, потоа неговите очи се затворија и беше мирен, известува новинската агенција Асошиетед прес. Тој беше прогласен за мртов во петокот, четири минути по полноќ.

Во понеделникот судијата од Фултон Каунти во Џорџија донесе одлука адвокатите на затвореникот осуден на смрт, Грегори Волкер, да може да ја снимат егзекуцијата на Де Јонг. Обвинителството се спротивстави на предлогот за снимање. Волкер ја обжали својата смртна казна врз основа на тоа дека наркотиците во смртоносната инјекција предизвикуваат болка и страдање. Тој во 2005 година беше осуден на смрт за убиство на 23-годишна собарка, која му украла дрога и готовина, додека тој спиел во хотелската соба. Дописникот на Би-Би-Си во Лос Анџелес јави дека единствениот друг пример за слично снимање на егзекуција се случи во Калифорнија во 1992 година како дел од оспорувањето на употребата на гасната комора. Калифорнија подоцна го напушти тој метод на егзекуција. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 1900 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Грција ќе се опари
Хаџиќ одлета во Хаг
Нема веќе аџилак на гробот на Рудолф Хес
Нова снимка од Неси
Ослободен воен злосторник

"""