Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
29.07.2013, 17:13

Мислења

Седум години потоа – времето на Никола Груевски (1)

Слободан Најдовски

Седум години се доволен период да се заокружи еден концепт од кој ќе се видат резултатите. Тука е и главниот проблем и на Владата - нивниот концепт досега не даде позитивен резултат

Речиси во ист период пред три години пишував за првите четири години на Никола Груевски како премиер на Македонија. Деновиве во медиумите се навестуваат првите анализи за работата на премиерот и владата избрана по негов предлог. Институтот „Димитрија Чуповски“, направил анкета за оценка на граѓаните за главните активности на Владата како и за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери. Не се сомневам во резултатите, иако наменски формираните институти знаат да направат големи промашувања токму заради партиското оптоварување.

Анализите главно се насочени на двегодишнината од неговиот последен избор за прв човек на кабинетот сместен во „Илинденска“ број 2, од 28 јули 2011 година до денес. Тука се прави првата грешка или пак намера за да се покријат трагите. Правењето на анализа само на последните две години е обид да се заборави се' што ветила владата на ВМРО - ДПМНЕ пред изборите во 2006 година. Се повторува истата слика од 2010 година кога во (про)владините медиуми се правеше анализа како оваа иста влада да била од 2008 кога за првпат во Македонија беа одржани вонредни парламентарни избори.

За еден месец, на 26 август, ќе се навршат седум години како лидерот на владејачката партија е на чело на македонската влада. Од тој ден нема поголеми промени на првите луѓе на клучните ресори. Се менуваа главно коалициските партнери. Од главните партиски лица, во годините кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, се сменети министрите за финансии и за надворешни работи, Трајко Славески и Антонио Милошоски. Замените кои дојдоа место нив се уште повеќе доверливи и поблиски луѓе на премиерот. Како и во најтесното раководство на партијата тие што го управуваат бродот остануваат постојано, а веслачите се менуваат за да се покаже свежа сила. Многу партиски лица како ненадејно стануваа значајни владини и партиски луѓе уште побрзо сами се повлекуваа или ротираа за набрзо да бидат заборавени.

Главниот акцент во анализата би требало да се насочи во оценката за работата и резултатите на премиерот Никола Груевски во економијата. Таа оценка треба да произлезе од фактот дека тој беше дочекан како голем економски реформатор од времето на своето министерување во владата на Љупчо Георгиевски. Ако се земе предвид и неговото четиригодишно ангажирање како главен економски министер во владата на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година и сегашново, тој е човекот кој по воведувањето на плурализмот имал најдолг период на одлучувачка улога за дизајнирање на економската политика на државата. Затоа и може да се даде релевантна оценка за резултатите.

Период од единаесет години за одлучување во кој правец ќе се движи економијата на една земја ретко кој го имал пошироко во светски размери а камоли во регионот. Исклучоци се Кол или Блер, а во потесниот регион Мило Ѓукановиќ и, се разбира, Слободан Милошевиќ. Тие личности одиграа клучни улоги во своите држави. Кол успеа да ја обедини Германија и да ја зајакне нејзината улога како една од водечките економиии во светски размери. Блер е запаметен по неколку реформски потфати кои донесоа перспектива на жителите на Велика Британија.

Политичките партии ќе дадат оценка за успешноста на Груевски, но тие ќе одат во дијаметрално спротивни оценки. ВМРО-ДПМНЕ со своите компањони ќе ја глорифицираат улогата и достигнувањата на нивниот лидер. Разбирливо, опозициските партии ќе одат во минимизирање на постигнатото.

Во Македонија не постојат релевантни организации, како институти или државни тела, кои неутрално и независно би дале мислење за економската состојба во државата. Кај нас не постои институција која би дала оценка за одразот на мерките кои ги презела владата како и за секој нов предлог на државните институции поврзан со екомонијата како истиот би се одразил врз финансиите во државата. Во земјите со развиена демократија, како САД, постојат специјализирани институции финансирани од државата, за оценка на секој предлог од државните органи. Тие ги анализираат предлозите, особено оние поврзани со буџетот на државата, и го изнесуваат своето мислење до конгресот и нивниот став е респектиран од страна на конгресмените. На Македонија и' е неопхпдна неутрална, независна анализа за економските достигања на оваа влада. Тоа е потребно од една страна да се согледаат резултатите од досегашното работење, а од друга да се трасира патот за во иднина. Кога веќе други нема тоа треба да го направат во МАНУ.

Во ситуација на недостаток на анализи бегла слика може да се добие од информациите од одредени надлежни државни институции. Но, за жал тие не даваат подробни коментари и за причините и последиците од одредена сосотојба и многу ретко предлагаат мерки за правец во кој треба да се движи одредена политика. Кога станува збор за основните економски показатели најверодостојни се податоците на Народна банка. Е токму тие не одат во прилог на работата на Владата предводена од Груевски во изминативе седум години.

Гувернерот на НБМ анализирајќи ги податоците од институцијата која ја раководи знае што не' чека па затоа честопати по малку срамежливо укажува на опасностите кои ни претстојат во економијата. Пред дваесетина дена предупреди за опасноста по државниот буџет доколку се продолжи со зголемено ниво на дефицитот. Пред некој ден, според медиумите, изјави дека Македонија живее од парите кои ги трансферира македонската дијаспора, односно нашите иселеници. Не знам дали тоа беше додворување на иселениците или пак, да бидам малку ироничен, порака до младите да ја напуштат земјата и со пари од странство да и' помогнат на државата.

Пред да се проанализираат показателите за економската состојба во државава кои ги презентира Народната банка и други државни институции би кажал дека се согласувам со мислењето искажано од владини претставници дека резултатите во економијата не доаѓаат веднаш. Некогаш е потребно една две или три години како што често милуваат да кажат од Владата. Но, тие имаа на располагање седум години. Седум години се доволен период да се заокружи еден концепт од кого ќе се видат резултатите. Тука е и главниот проблем и на Владата и на Македонија - нивниот концепт досега не даде позитивен резултат.

(Авторот е поранешен пратеник)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 2064 пати.


Испрати коментар



Место на маса за Палестина
Кој уште мисли на празниот буџет
Моќ
Воздржани лица во Ќустендил
„Изгуби се кретену“



germanija, 30.07.2013 01:16:09
vo 2014 so presedatelskite izbori ke ima parlamentarni i na ednite i drug. ke pobedi opozicijata vladenjeto na Nikola zavrsuva kako ponataka ,vo se ima pocetok i kraj ,samo nadvoresen faktor ke go srusi Nikola ,otsega ke rabotit kako Sloba,posto instuciite mu go svrteja grbot .
jana, 30.07.2013 02:16:03
Ako se napravi realna analiza od vladeenjeto na Gruevski, ke se dojde do katastrofalni rezultati: bezrabotica, opagjanje na zhivotniot standard, siromashtija i beda nevidena, korumpiranost vo site institucii, lagi i izmami, velichenje na likot i deloto na premierot, blokirano slobodnoto izrazuvanje, cenzurirano novinarstvo, menuvanje na istorijata i nashiot identitet, izolacija od EU i NATO.... i ne mozham veke da nabrojuvam. Go zaboraviv najgolemiot proekt na Vladata, Skopje 2014, koj na site ni zagorchi....Samo koj da ja pravi taa analiza? Sekako, najglasni za uspesite na Vladata se: Latas, Milenko, Mirka, Janko, MTV, Sitel i Kanal 5 TV......Super analitichari!
melbourne, 30.07.2013 02:23:45
Go vidovme(nekoi od nas) pravecot vo koj se dvizi ekonomijata na Makedonija na 24/12/2012,koga bea ISFRLENI pratenici od parlamentot,zaradi toa sto se pobunija da ne trosi tolku pari vlasta i drugiot del od pratenicite.
miki, 30.07.2013 07:03:45
Седум години потоа???? ПУСТОШ и весела ВМРО-вска математика.................
bitola, 30.07.2013 07:38:39
od den na den se poveke napreduvas[lud,zbunet i sto ne]dobro br citas sto pisuvas;;za 7g nemalo pogolemi promeni vo clenovite vo vladata,pa vie ste opozicija pa ostanavte tamu kade sto ste i ist poznati faci ja vodat opozicijata.Zosto losiot dpmne ne mozi da ja izgubi vlasta,pa denesnata opozicija 2002g..se vrati na vlas so silni vetuvanja koi se pokazaa kako golemi lagi,togas narodot po ftor pat na golemo e izlagan sto se smeta na granicata na uste razumno,ama sega sds i kako opozicija laze,bojkotirame izbori,bucko e nevin-bucko e vinoven i,i...a koga ke vidis i istite luge koj bea na vlast vo vreme na privatizacija,stedilnici,atentati,pravenje kapitalisti na smetka na osiromasuvanje na narodot i sl,narodot e isplasen deka so pogovorkata deka ako dozvolis isti da te izlazat i tret pat ti si budala,a vie opozicijata ste istite luge,koj izlagavte i poveke od tri pati,e zatoa dpmne si pravi sto saka so drzavata,oti stariot kadar na sds mu e gromobran.
Koga se nema koncept, 30.07.2013 08:09:13
Vladiniot koncept ne daval rezultati? Opoziciskiot koncept sigurno ke dade odlicni rezultati. Samo treba da go napravat nekogas.
Vchudoneviden, 30.07.2013 09:36:21
Od kaj sedum godini, crni Slobodane? Pa Branko do vchera rakovodeshe so ovaa drzava. A i od vchera (odkako se vrati od odmor), prodolzuva da rakovodi, samo sega kako *Senishte*. Nemozam da se nachudam, kako im uspevaat ovakvi gluposti i lagi? Pa matematikata e tolku prosta, a i sekoj gradjanin na ovaa drzava znae barem kolku se 2 i 2, odnosno vo sluchajot 4 i 7. Za 11 godini da imash ovakvi katastrofalni rezultati, posebno poslednite *dolgi* 7 godini i da komotno pretish so vonredni izbori, mora so ovoj narod (ili sistemot) da e neshto defekt, pa makar i voopshto da nema opozicija t.e. da e ednopartiski sistem. Navistina, shto narod sme? Hrabri na Aceta i pametni na Aristotel. Idi begaj, bre!
vlatko, 30.07.2013 11:24:44
Slobo, fakt e deka DPMNE ubedlivo gi dobiva izborite i ako ima novi izbori pak kje pobedi. Isto fakt e deka seushte imaat podrshka i od SAD i od EU. Zoshto? Ako soberesh sila o napishesh odgovor na ova Zoshto, kje bide pointeresna kolumna nego li ova verglanje vo prazno
Коста Стоименовски, 30.07.2013 11:51:29
Досегашното искуство на многу демократски земји покажува дека смената на власта е гарант за развој на демократијата и за просперитет на државата. Кога СДСМ го реинкарнира едноумието и владееше неконтролирано, настојував добронамерно да им укажувам на грешките и на глупостите што ги правеа и ги предупредував дека тоа ќе им се врати како бумеранг. Сите предупредувања за жал беа залудни, а цената за тоа оваа партија ја плаќа дури сега. Се обидувам на ист начин да ги предупредам и сегашните властодршци дека водат катастрофална економска и надворешнаполитика, но и нив „мува не ги лази“! ДПМНЕ владее како КП, а „гранитниот“ тим на премиерот дејствува како Политбироата на КП! Дачиќ и Вучиќ ја „проветруваат“ српската влада по само една година од нејзиното владеење, а во МК важни се само лојалноста и послушноста, а не успехот во работата на министрите! Впачаток е дека и во МК завршува ерата на „сеењето магла“ преку медиумите и хиперактивните апологети и мегафони на власта и нејзиниот челник!
MKD, 30.07.2013 12:42:51
Jana,vo koj svet ti zivees?A sto bese poarno do 2006?Ruinirana drzava,skoli,bolnici,vozen park,aerodromi,stadioni,bulevari...nemase edno zname pred niedna institucija...prodadeni ime,smeneto zname,privatizacija katastrofa...? Ama toa e za zal,i ti i avtorot i negovite,ista mentalna matrica....takvi i ke si ostanete
ufo, 30.07.2013 16:17:38
Nikoj ne moze da ja spasi R.M od ziviot pesok vo koj sto propaga , vo izminative 20 godini se sozdade takva antidrzava nedrzava bez idnina. Nekompetentni luge se na nekompetentni pozicii ne znaeme od denes za utre , ne znaeme kako da se dogovorime so sosedite , se zamisluvame kako da sme SAD pa pokazuvame rogovi kon site . Cesni obrazovani pravedni luge ne mozat da dojdat do pozicija posto nema kako , sve e so vrski korupcija sve e namesteno, koga ke se resi ova sleduva prosperitet i nova R.Makedonija.
JAS, 30.07.2013 18:10:52
Naskoro ke go menuvame i kalendarot. Ke bide pred Grujo i posle Grujo
Незабеган, 30.07.2013 18:14:21
Нека направи независна анализа онаа владина труба Слободан Томиќ, со неговите нарачани гости во неговата емисија ‘Порта‘ (‘Гласот на народот‘) на владината ТВ - ТВ Сонце, заедно со платеникот на ДПМНЕ - Џејсон Мико (според отчетот на ДПМНЕ за изборите од 2006 година, има добиено некаде околу 60 000 УСА долари како изборен експерт за односи со јавноста).
do Slobodan i germanija, 30.07.2013 19:12:28
Namenski sozdaden institut so golemo promashuvanje vo anketite e sdsmovskiot Progres.Nikakvi starnci ne resavaat koj ke bide na vlast vo Makedonija.Samo kolabrocionisti se nadevaat deka strancite ke im obrabotat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 19°C

Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Понеделник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 17°C

Вторник
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
И современите фотографии се вреден подарок
Македонскиот центар за фотографија доби вредни колекции од Петернек и Велтерс, а во САД прв пат изложи стари македонски ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |